1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хедодинамика

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 23 декември 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Сметам дека генерално сите знаеме да го дефинираме Хедонизмот како идејата која тврди дека задоволството и среќата се примарни или најважни суштествени добра и цел на човечкиот живот. Така, Хедонситот главно се стреми да го максимизира нето задоволството (задоволство минус болка), но кога конечно ќе го стекне тоа задоволство, или преку внатрешни или надворешни добра, среќата останува стационарна.

    Меѓутоа неодамна читав една литература напишана од Рускиот физичар и филозоф Виктор Аргонов кој тврди дека хедонизмот не е само филозофска туку и научна хипотеза која може да се провери.
    Имено, Аргонов предложил конфирмација за "потврдување на принципот на задоволство" која ќе доведе до нова научна дисциплина, Хедодинамика.

    Хедодинамиката ќе може да го предвиди далечниот иден развој на човечката цивилизација, па дури и можната структура и психологија на други рационални суштества во универзумот.
    За да се изгради таква теорија, науката мора да го открие нервниот корелат на задоволството - неврофизиолошки параметар кој недвосмислено одговара на чувството на задоволство (хедонски тон).
    Според Аргонов, постхуманите ќе можат да ги репрограмираат своите мотивации на произволен начин (да се задоволат од било која програмирана активност).
    И ако постулатите за задоволство се вистинити, тогаш општата насока на развојот на цивилизацијата е очигледна: максимизација на интегралната среќа во постхуманиот живот (производ на животниот век и просечната среќа).

    Постхуманите ќе избегнуваат постојано стимулирање на задоволството, бидејќи тоа е некомпатибилно со рационално однесување кое е потребно за да се продолжи животот.
    Меѓутоа, во просек, тие можат да станат многу посреќни од современите луѓе.
    Многу други аспекти на постхуманото општество може да се предвидат со хедодинамика, ако се откријат нервните корели на задоволство.
    На пример, оптимален број на поединци, нивната оптимална големина на телото (без разлика дали е важна за среќа или не) и степенот на агресија.


    Дали Хедонимзот може да послужи како научна основа за долгорочно прогнозирање на иднината?
     
    На SV1911, sjdgo, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Бриар, со најдобрите теми. :D

    Филозофското разбирање за хедонизамот, го става фокусот на среќата, особено затоа што животот е временски ограничен. Хедонизмот, за многумина е синоним за неограничени задоволства. Можеби е истиов заснован на наивен утопизам. Секој треба да се насочува кон својата среќа и да цели да ја достигнува се повеќе. Но во реалноста, тоа тешко се постигнува. Страдањето е основно човечко искуство, кое никогаш нема да пропадне. Освен тоа, постигнување среќа по секоја цена, се граничи, ако не и поистоветува со егоцентризам. Хедонизмот како филозофски тренд оди дури и подалеку од тоа. Станува збор за потрага по пријатна состојба на среќа. Старите филозофи ја опишуваат како совршен мир на умот.

    Имаше еден филозоф, не ми текнува кој беше, а кој има направено една т.н хедонистичка анализа, по што личното задоволство и причините за акција, треба да се мерат во однос на можните последици. И ова служи како мерка, односно основа, дали една индивидуа би имала право на акција. Ова, вклучува и прашања на интензитет т.е времетраењето и веројатноста на предвиденото задоволство и понатамошните позитивни или негативни последици што може да се очекуваат од страна на истото, а со цел постигнување задоволство. Така да, што знам. Ако од филозофијата се диференцирале одреден број дисциплини, зошто хедонизмот не би служел за истово? Иако, морам да признаам дека имам контрадикторни ставови по ова прашање.
     
    На SV1911, blonde_supergirl, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna :f: Ти благодарам многу за твојот одговор на оваа тема.

    Генерално се согласувам со твоето размислување за хедонизмот и кога сакам да направам одредена споредба, секогаш доаѓам до заклучокот дека во овој случај целосно е исклучено духовното задоволство, односно дека кај хедонистот тоа нема никаква вредност.

    Оваа карактеристика кај луѓето, а воедно и филозофска школа, е присутна уште кај најраните човекови цивилизации и би рекла дека сум се препознала кога го читав Епот за Гилгамеш каде пишуваше: "Fill your belly. Day and night make merry. Let days be full of joy. Dance and make music day and night [...] These things alone are the concern of men"

    Но исто така сметам дека во познатата класика ,, The Picture of Dorian Gray ,, - Oscar Wilde ( 1890) се среќаваме, првично со ликот на Лорд Хенри - материјалист кого парите и уметноста, па и луѓето му се само алати со кои тој се задоволува и кој притоа го проповеда хедонизмот, но со неговата филозофија успева да го зарази младиот и наивен Доријан да го живее истиот тој расипнички живот откако ќе го измамипулира да мисли дека младоста и убавината се единствените квалитети и вредности кои ги поседува.

    Со една ваква споредба преку класичната литература, може да се дојде до заклучок дека хедонизмот и хедодинамиката се секако поврзани ама од различни аспекти зависно од тоа што во случајот на хедодинамиката се перципира како вредност, односно квалитет кој треба да се поседува.

    Бидејќи, како што споменав претходно, хедодинамиката би требало да да го предвиди далечниот иден развој на човечката цивилизација, па дури и можната структура и психологија на други рационални суштества во универзумот. Но за да го дознаеме ова, ќе треба и да претпоставиме кој вид на задоволство ќе биде приоритет во иднината.

    А задоволствата, главно, можам да ги поделам на интелектуални, физички и спиритуални. Исто така мислам дека во денешно време владее копнежот по физичкото задоволство, секако кај повеќето просечни луѓе.

    Но да се има копнеж само по физичкото задоволство го споредувам со карактеристиките на животните бидејќи додека за човекот е неопходно и физичкото задоволство, сепак тој има потреба и од другите две вида на задоволства кое всушност го одделува од останатите нецивилизирани суштества.
     
    На SV1911, Afrodite¥, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.