Ние сме за тоа дека на ништо не личи растресен г*з, поточно желе во хеланки и секако сето тоа сите да можеме да го видиме. Многу е невкусно! И што ги мешаш холивудските ѕвезди и нивните КРЕАТОРИ? Си се помешала со стилисти. Повеќето селебрити ги носат хеланките во теретана, а ако си толку плитка и веруваш дека они се безгрешни, алал да ти е.
Плитка сум...ти благодарам што ме просветли а ти си многу длабока, штом за ваква тема, вака строго се зафаќаш со некој што баш никогаш не ти се обратил Со тоа што ги потенцирав укажав на тоа дека многу звучни имиња во светот на модата, сметаат дека хеланки на одголен, стегнат гз, убаво стојат, и многу од нив дека не сметаат така, со што дојдовме до заклучокот дека тоа може на некој да му се допаѓа, а на некој не...вкус е во прашање како и за се....и доволен е коментарот дека не ти се допаѓа, не е вкусно СПОРЕД ТЕБЕ и толку...а не трубење до онесвестување..... За желе и растресен газ не верувам дека има некој што ќе одобри хеланка....па дискусија длабока и опсежна е непотребна..... Да креатори и стилисти ми е смешано... забелешката ти е на место... И не ги носат само во теретани !!!...факт...
Не е потребно да ми се обратиш за да го дадам своето мислење. Просветли ме, кои се тие толку познати светски дизајнери кои одобруваат хеланки и кратка маичка? Впрочем, што е и тоа важно, тие не се безгрешни. Да беа без грешка, немаше да постојат модни критичари. Не рековме дека не стојат хеланки и добар задник, туку не е пристојно. Мене ми наликуваат такви, барем оние кои сум ги видела, како да бараат внимание и некој коментар од страна. И што е важно каде они ги носат? По познатите ама ич не треба да имаме ориентација. Во однос на коментарот, секој може да си пише колкав коментар сака, опширен или краток, не е важно. Јас зборувам многу и сакам да објаснам на широко и долго, тоа е мое како ќе напишам.
Па да сум дебела и да имам шифоњер а не газ фала богу дека нема хеланки да носам . Ама кој како си ја наредил , не ? Носам хеланки и кратка маица да , кога ќе се погледнам во огледало и кога ќе си се допаднам сама на себе си облакам хеланки . Росонерка нема ништо лошо во хеланки , туника и каиш ама секоја втора тоа го носи , веќе видено е , досадно . Јас лично кога имам добиено не можам да смислам фармерки . Сите ми се тесни и немам кај да ја сместам улошката за да ми е удобно . Во тие моменти хеланките ми се спас . Енца , во врска со хеланкиве , со секој твој збор се сложувам . На секое тело има нешто што најубаво му стои , ама секое тело е различно .
За Сефора.... Добро ти ме читаш воопшто, разбираш што зборувам или само пишуваш?????чисто онака... Да истото го кажав, дека не се безгрешни, самиот факт што луѓе од иста област, на исто ниво, имаат свои различни ставови и мислења за иста работа, значи дека се работи за вкус...а не дали некој е безгрешен или не...јас само напишав дека и од големите модни имиња (незнам да ти набројам конкретно кој, ама тие што се оклу Бекамовица, Лопез и сл) подржуваат хеланки на одголен г*, а други критикуваат.... Значи на темава немже да се каже, така и така е невкусно и нечини, туку, според мене, или за мене, хеланки на непокриен задник не изгледаат вкусно...коментар кој е сосема на место, бидејќи се работи за личен вкус... А кога реков не сум ти се обратила, мислев на начин на кој што ти го направи тоа.... п.с. Се што напиша ти во твоите постови, во мојот кој што го цитираше, истото е напишано.... Како што можеш да прочиташ последната реченица ми е, дека коментар дека на некој не му се допаѓа е сосема ок....ама да се дрзнеш ти или било кој да каже дека тоа воопшто не оди и нечини, а 50% од луѓето носат така, мислам дека е малку дрско... И се си пишува јасно во мојот пост, не одам веќе оф, да им создавам само работа на модераторките, тој што сака ќе свати, тој што несака и да му нацрташ истото ќе го повторува... И никаде ти немам искоментирано за должината, или било што во врска со постот....тоа е твое форумско право... Поздрав
Аааа во тој поглед утка, па добро ние се облекуваме униформирано, монотоно, ако тргаме од таа страна пола од луѓево се облекуваат униформирано Енца нема да ги коментирам твоите ставови за хеланки, зашто тотално не се согласуваме, но секој си има право на вкус и избор и никој нема право да забрани нешто. Иначе за балетанчињата многу јасно на многу не им се допаѓаат, опинчиња Мене ми се ужасно удобни, на мојата висина нема потреба да скапувам во штикла посебно преку ден, така да обожавам балетанки. Можеби да сум била нискичка немало да ги носам, што знам. Вака уживам во нив. Ама затоа си има избор на 100 видови чевли, кој не ги сака, не ги носи A баш денес гледав низ продавнициве добиле од дебелите хеланки што се меѓу во хеланки и панталони, зашто горе се на ластик, а надоле се дебели памучни, не тенки. Дури некаде се водат како хеланки, а некаде како панталони. Интересни ми се тие модели за овој пролетен период, посебно ми се допаѓаат кога се од 2 материјали А пример овој модел на Бурбери се води како панталона а не хеланка
Неколку пати сум облекла црни памучни хеланки, со блуза до пола газ и тренерка горе. Немам многу ќејф по тренерки долни да излегувам,а не сакав и по фармерки, па што? Не мора да ги носиме само со фустани или долги туники хеланките. Мене ми е невкусно кога ќе видам пренападни хеланки да речиме со леопард принт и многу,многу кратка блуза со длабоко деклоте и високи штикли. Но, хеланки да облечам за пешачење или со каква била спортска комбинација, не гледам што е тука лошо. Нормално јас да имам 95 кг си ја знам границата на мое нормално облекување.
На пример мене не ме боли г*з за тоа што ке кажат другите. Јас лично без хеланки неможам да прижевеам. Бидејки сум слаба убаво ми стојат и со долги и со кратки блузи па си ги носам, и тие што ке кажат поинаку може да се сликат Со еден збор за мене хеланките се најудобното нешто што е измислено! п.с. Сите хеланки што ги имам се црни и од подебел материјал и немам проблем со нив, А бели не носам!
Така де Роси...еве како лесно се разбираме...СЕ Е ВКУС и одма кажувај кај ги виде хеланките и имаше ли црни????
Видов денес во Креативо. Оноа до Божиновски во ГТЦ значи карши Шатце е, ама имаше крем, зелени, али провери за црни не знам. Мислам имаше и во продавницата до Зегин аптеката што е, на почеток на ГТЦ. Таму видов кремасти 100%. Може и во ВИП да имаше, карши Змија. Провери си убаво низ продавнициве, али видов слични модели, сега немој да мислиш дека се исти Иначе пример оние од првата слика крем со црно на колениците се H&M.
Обожавам хеланки. Ги носам уште од 2006 . Мислам тука некаде беше кога почнаа да се носат Најкомотното нешто што фала му на бога излегло, и за вежбање комотно, и за излегување... милина. Ги носам на подолги маички до под газ, али немам ништо против ако некоја ги носи над гз. Само убава да е комбинацијата. А и битно ми е мене убаво да ми стојат, не ме интересира за други. Секоја со својот стил, ако јас мислам дека нешто убаво ми стои и според мене е убава комбинација, не ме интересира дали е модерно или не.
си купив од тие хеланките што се подебели, сиви се, и изгледаат како фармерки.. иначе хеланки(обични, црни) со кратка маичка имам носено само на одмор, за прошетки на плажа.. преудобни се
Mислам дека хеланките се нешто најубавото и најкомотното што го измислиле досега.Значи зависник сум од хеланки, може да се искомбинираат со се и сепак да изгледате привлечно и секси.Си купувам во најразлични бои ама најмногу си ги носам тие што ми се како кожени....топ се
Еее обожавам хеланки. Плус во последно време се навикнав ништо да не фрлам, а имав едни поткинати на коленото и еве што биднаа
јас лично не нешто премногу ги сакам, зосто се чуствувам како гола. ги носам но само ако имам блуза која ке ми го покрие газот зошто имам поголемо газе кое другите го обозаваат, но јас не
Многу сакам хеланки зашто навистина се осеќам многу пријатно и удобно во нив. Најчесто ги носам со туника или ќе направам некоја спортска варијанта.
Многу сакам хеланки, можам да кажам дека ми се едни од омилените парчиња облека. Ми се допаѓа тоа што може да се искомбинираат со се, а за тоа дека се удобни па немам зборови, дефинитивно најудобно се чувствувам во хеланки. Имам во најразлични бои, ама најмногу носам црни и сиви. Ги носам и со пократки и со подолги маички. И мислам дека супер ми стојат, никогаш не би се откажала од нив.
porano nosev mn helanki so kratki maici ama veke ne sram mi e [mod-kirilica:1y8hoerj][/mod-kirilica:1y8hoerj]
лакримоса,а од кае ги купи тие сто изгледаат налик на фармерки, знам за кои ми зборис ама никадене успевам да најдам такви..