Многу ми се и мене удобни за по дома и за вежбање, ама сепак не се осудувам по физичко да носам хеланки, срам ми е од машките од клас. Сакам да носам хеланки со туника, а најмногу од се мразам кога ќе видам девојче со оптегнати хеланки со кратка блузичка. Ај Спојлер газот пак... али расцепот напред....
И, јас мразам хеланки со кратка маичка особено кај подебелките ( без навреда) Мене ми се многу удобни и дома секогаш по хеланки сум си, сега сакам да си купам од цветните преслатки ми се.
Многу сакам да носам хеланки ама само по дома. Ретко носам по надвор ама секогаш ги комбинирам со подолга кошулка или маичка. Незгодно ми е така газот да ми се гледа Инаку мислам дека гледав хеланки убави во Магија по 150 денари ама не се сеќавам баш дали беа таа цена.
Ги сакам и хеланкиве и ајпадот, можеее ? Носам хеланки најчесто за по дома, до продавница, кај другарка...во главно кратки реалации... Удобни ми се многу, и најчесто по дома сум со машка широка маица и хеланки, а за надвор со некое подолго маиче како туниче. Многу ретко, скоро никогаш не се шетам по хеланки и кратка маичка...
Имам само црни, многу ми се удобни за низ дома и за на вежбање кога одам, но во град до сега немам носено, како за излегување дневно/вечерно. Имам и кожни, ма да не е кожа тоа, и би ги облекла за навечер, кога ќе имам соодветен топ, со високи црни штикли. Ич не ја сакам али убава ми е тука. Со маичка обична ко за потење ги носам. Со туника ми е прегрдо, општо туника ич не поштувам. И онакви искасапени исто не ми се убави ама ич.
обожавам хеланки носам и во зима и во лето но повеќе ги сакам тие што се до колена,посебно во летниот период не се од мене сибнати и носам само црни и едни црвени имам
Порано многу ги одбегнував, не знам ни сама зошто, или пак ги носев со некоја подолга блуза или туника. Сега почнав почесто да ги носам и не само со долги блузи, сега може да помине и со некоја пократка, не ептен кратка .. средна п.с моментално носам хеланки на мене
јас кога бев како две чачкалки за заби (и сега не сум поарна, ама ајде) кога ќе облечев хеланки на ништо си мислам дека не личев...амаа сега нонстоп да не речам сум во хеланки...практични и удобни ми се за носење
Порано немаше шанси да облечам хеланки,а сега дај натерај ме да ги соблечам многу ги сакам најудобни се
Ќе ископам сега некои хеланки од деЦвото, да видите вие која психоделија сум ја носела на нозеве. Инаку порано носев, сега многу поретко. Си ги сакам голи ноџињата.