Обожавам хеланки ама не носам мислам дека не ми стојат убаво ... почнувам да собирам храброст па можеби ке облечам
Носам.Секогаш.И сега сум во хеланки. Највеќе ги носам со дукс подолг и со туники и зимски фустанчиња. А за во лето тие 3/4 под шорцеви. И за вежбање секако. Без нив никаде не одам !
Носам, ама со подолга блуза или џемпер. Не ми смета ако некој си ги носи со кратка, се додека стојат убаво. Под ова не подразбирам убаво стоење. Спојлер Исто така мразам хеланки за во школо, не е пристојно, факт е. И деца машки бољаат и не ми е бе убаво да гледам растресени г'зови во школо. И без навреда.
Не носам многу често хеланки..меѓутоа кога ги носам..тоа е најчесто со туника..поретко со здолниште.. и морам да напоменам дека се во црна боја, никако не носам во други бои..
Многу, многу ретко носам хеланки. Имам само темно кафени сега, бидејќи црните ми се скинаа. Ги носам со долг џемпер, а еднаш и со школската униформа и чизми. И така униформата ми е до под задникот, не стоеше лошо. Исто така, со некое фустанче или туника кога излегувам. Инаку, често ги носам и под фармерки. Милина се, ме топлат многу во ладново.
Ахх, обожавам хеланки. Можам да ги носам и во лето и во зима. Најчесто ги носам со туника, дукс, а може и онака со обична блузичка. Имам неколку пара со различни дезени.
Строго шарени за под некоја огромна туника или "лабаво" фустанче, може и црни во исклучителни случаеви. Никогаш не би облекла хеланки со кратка маица, се чувствувам непријатно исто као да сум гола и многу ружичасто изгледа
Да ви кажам право, поседувам четири пара на хеланки а што е најиронично ниеднаш ги немам облечено. Ама ми текнува тогаш многу беше модерно да се носат, па си викам ај и јас да купам. Незнам, ама кога ќе облечам хеланки се осеќам ко да сум гола, а посебно со некој пократок дуксер или маичка. Иако сега мајка ми ми купила едни дебели црни хеланки, за зима и тие ги носам постојано низ дома со тренерки одозгора. Нив би можела да ги носам и со пократко нешто зашто се темни и не се гледа ни отцртува нешто. Во последно време ептен ми се актуелни хеланките од Ејсид, Спрингфилд и незнам ти од кај таму, ептен интересни дезени имаат.. ама незнам уште дали да се појавам јас со хеланка, сеуште не можам да си го избијам комплексот дека имам грди нозе со хеланки и дека сите недостатоци ми се гледаат така.. и плус тоа што се осеќам ко гола со нив, ама ќе видиме.
хаха исто како да се читам, али јас си го избив комплексот, мора да се експериментира. земи некоја широка долга туника до коленици, нека има ластик долу, на врат и на ракавите, било која боја да ја одбереш нема да згрешиш за со хеланки од спрингфилд, па и ејсид, али секоја втора ги носи
Хеланки носам секогаш кога ќе носам туника,обично купувам црни (љубител сум на црната боја). Имам неколку пара дома имам и за на лето и за во зима
Најудобното нешто за носење и моментално носам имам 4 пара хеланки од кои 3 ми се поклон од дечко ми Абе на се се враќа модата, паметам јас како мала мајка ми секогаш не облекуваше во хеланки за на училиште.
Обожавам да носам хеланки.. посебно сега во зимата со некоја убава туника или подолга блуза (или некој долг џемпер ) и високи чизми.. или пак со некое кратко фустаче.. одлично..
Кога бев во Бугарија си купив многу интересни чорапчиња ,новогодишни и мерак ми е по дома да ги носам со хеланки Пусти мерак,иако ми е ладно,ама си најдов јас чаре -одоздола хулахопки а врз нив хеланките :lol Значи си обожавам јас хеланки,баш вчера купив едни од Елит 450 ден лупнав, со раб се напред,убави се,дебелки ама за на работа нема да можам да ги носам,така да сигурно по дома или зана кафе. А 450ден е навистина многу за хеланки,ама женско-прво ќе купи после ќе размисли
Абе хеланки си се хеланки за да се носат со подолга блуза, не како што видов една преѓе ми се крена косата хеланки прозирни ееееј со кратка блуза и и излегле спојлерите ааа
Поодвратно нешто од женска облечена во хеланки и кратка маичка немам видено.. Како за на настап.. уште кожени ако се хеланките..