Обожувам хеланки ... Ги носам буквално со се и имам секоја боја дома Истот така сега си земав од бершка како кожнени се црни и плава боја ... прекрасни се Незнам дали се гледаат убаво плавите, но не најдов поубава слика
И мене истот ми смета. Ги сакам хеланките но со туники а вака, па и на школо неми личи воопшто. Се сложувам со неверна18 дека ептен вајано изгледаат а и наставници има и глупо ми е е па и постари луѓе пред пензија. Не, не! Се знае хеланка на туника, но сепак секој најдобро си знае
Во последно време сум заљубена во флорал хеланки . Ги мразам тие новите хеланки, што се како фармерки.
Не чесно но носам и јас, не ги баш обожавам но многу угодно се чувствувам кога ги носам, лесни се и како гола да си шеткам
Сакам хеланки и за по дома често практикувам како и кога одам на играорна, спортување ова она.. а сега што си купив едни шарени црно бели ептеен по мерак и си ги носам за гости..излегување...
Мнооогу ги сакам ги носам со туника и само така со мајчка ,кога спортувам , по дома .. на кафе ,..ми го истакнуваат задникот ,и мајками ми кажа дека и уште како мала сум сакала да ги носам...
Многу ефтина варијанта ми се ако не се носат со подолга блуза. Кај мене во градот многу женски што мислат дека имаат што да покажат ги носат со обични маички и мн се познава целулитот и стриите. Не сум голем обожавател ги носам на зима под пантолони и многу ретко со некоја подолга туника.
могу ми се "фенси" и многу си ги сакам обично ги носам со туника и со чизмички а убаво одговараат и со тагви UGG чизмички
Јас носам само во зима и тоа со туника (по можност плетена), со чизми. А под панталони??- не благодарам 21 век сме постојат и дебели хулахопки бре...
^ А-у 21 век сме, како можеш да носиш хелканки под панталони? така носеле само во 19-20 век, дај луѓе не бидете заостанати
^^^ Абе луѓе, зошто така викате? Кој како си е навикнат така ќе си носи, иако сме 21век. не се носат волнени чорапи или пак ѕиври? На кому како што му е убаво така ќе си носи.
Има ли нешто поубаво од згодна девојка со хеланки качена на ролери? Инаку стварно ми е одбивно кога ќе видам девојче со хеланки и туника или долга блуза. Аутфит што дефинитивно не ми се допаѓа, на ниедна девојка.
Зборувам чисто за естетиката, верувам јасен бев. Инаку првичната намена им била за спорт и рекреација-"yoga pants", така да ако ме прашуваш мене се доста невкусен избор за било која друга пригода.
^^ Тоа е точно. Хеланките се прилепени на телото и не им стојат на многу девојки со кратки маички, па често се комбинираат со туники и долги маичка, за да сокријат некои работи. А често со хеланките се оцртуваат некои работи, задник, преден дел, па многу девојки не го сакаат тоа и ги кријат. За со ролерки хеланки се носат од оние како за вежбање што се, не се многу залепени, по широчки се некако. Кога ми е ладно, носам хеланки под пантолони. Зашто да не, ми ги прават ножињата по дебелки и по секси. Како парче хеланките ми се многу добри, имам повеќе пара, со различни апликации и дезени. Ги носам НАЈчесто со долги маички, освен некои што не се баш како хеланки, стојат убаво и на кратки маички. Многу ми е добро со висока патика или висока чизма, туника и хеланки, секако до комбинацијата е се. Зимно време најмногу ги носам, мајка ми многу туники ми купува и најдобро стојат со хеланки. Омилена фирма на хеланки е Black Milk, иако немам ниту еден пар, голема желба ми е да си купам.
Ги обожавам хеланките со се може да се искомбинираат,јас најчесто ги носам со туника,или пак некогаш и со кратка блуза зависи какви се хеланките