Како ми тргнало денес се негативно зборувам... Јас лично хеланките воопшто не ги сакам....имам два пара и двата пара се шарени и често се случува да ги носам како хулахопки. Многу ми е невкусно кога ќе видам некој слон од 300 кила со хеланки црни и блуза обична кратка ! Самоубиство ! Многу неубаво ! Ги прифаќам само со чизми и со туника...на друг начин не
Ги сакам, ама само ако ми е покриен газот Имам два пара, едни памучни и едни имаат мал сјај како за искачање. Двете се црни, така да ми се неутрален додаток на туники и фустанчиња. Минатата зима повеќе ги носев под фармерките отколку да се гледаат пошо ми беше ладно
го носам сега поретко бидејќи ослабев мн и ги изгубив облините , и не сакам толку да се приметува, па додека не се средам ги избегнувам во јавност и секако со маичка -долга.
Зимава ги утепав од носење 2-3 пара купени од Бит-пазар со зимски мотиви. Ептен ми се допаѓаат и со се ги комбинирам. Сега сакам да си купам цветни, вакви
Не носам мн често ама сакам хеланки. Секогаш носам туника, кога некој ќе облече хеланки и некоја кратка блуза ич не ми изгледа убаво
Зимава се утепав од носење подебелки со интересни шари и волнени греачи..ем штосно ем модерно! а и преку пролет и лето носам во секоја можна боја,убо искомбинирани и многу комотно ми е!
Каде можам да купам подебели хеланки (да не се од оние тенкине,прозирни се да се гледа,него малце подебел материјал) ?
Ги обожавам.. имам само црни и 2 пара сиви и денес мајка ми ми купила кафеави само такви имало е стварно незнам како ќе ги искомбинирам
Мислам дека нема нешто поудобно од нив. И лесно се облекуваат, не стегаат, па може дури и како пижамки да се носат. Мислам дека ми станаа втора љубов, после штиклите. I guess so. Дезенираните хеланки се најголеми виновници за тоа. Сега ги обожавам и во план сум да си купам уште едно 10-ина пара за сигурно. Знам дека ќе ги утепам од носење и ќе можам со билошто да ги искомбинирам. Во Суит Бланко има прекрасни, морам од таму некој пар да си земам, и од Елит неколку пара, а да и од Фиори...... Се заљубив во нив, факт. Награда за тој што ги измислил.
Ауф..ги обожавам..Нема ден да не облечам хеланки, а сега баш кога е топло се сум во хеланки...Ги носам со туники, обични маички, ги носам на штикли (дури и кога излегувам), на патики, балетанки..Абе што да кажам втора љубов Ги имам многу, црни, темно сини, кафеави, зелени, розеви, сиви и имам еден пар шарени со леопардов принт..многу сакам шарени и ако можете да ми кажете каде да најдам во Струмица ??