Цветни или било кој други дизајнирани нормално дека ќе идат само со нешто еднобојно маичка, рамбовка, кошулка зависи на што боја ти се можеш такво нешто. Јас имам цветни панталони и најмногу ги носам со бела или рамбовка или една на кратки ракави подолга и поширочка и тексас кратко палтенце. На нозе или штикли за излегување или крем балетанчиња за преку ден
Теранова има баш видов пред некој ден, по други бутици не верувам да најдиш, знаеш каснат со трендовите
Имам видено вакви во Њујоркер али пред 2-3 месеци незнам дали има уште, инаку многу ми се допаѓаат и беа некаде докај 700 денари мислам
да имам 13 пара хеланки 5 ми се во боја а 6 со шари.Обожавам кога ѓи носам само во нив се чуствувам опуштено и секси
и во лето и во зима,зимно време со подолга туника,а лето со подолга маицка,кратка тексас сукна или кратко тексас фустанце,многу ми се удобни за носенје и цесто ги носам
Ги обожувам, и зимно време и летно , се чуствувам како да не носам ништо тие зебрестите не ги сакам ич
Обожавам хеланки, во секакви бои и шари имам. Е сега имам проблем. Во зима уживам да ги носам со чизми, ама сега летово незнам како да ги искомбинирам. Абе сто пати облечи соблечи правам. Значи имам пробано со различни балетанки. Кога ќе погледнам на друг ми изгледа супер, кога јас ке се погледнам во огледало ко некоја сељанка Инаку од невнимание погрешка купив хеланки за трудница смотана, па си ги пробав во гардероба и тој горниот дел за стомакот си го превиткав. Кога читам дома H&M mama. Ај викам нека ми стојат и за тогаш кога ќе бидам трудна да имам едни.
Премногу ги сакам ги носам постојано Спојлер ама само дома, не надвор бидејќи пусти страм,премногу сум слаба ,ехх да можев да качам уште некое килце
Девојки да не знаете во Охрид каде да најдам хеланки по можност со некаков дезен, ама да има големи броеви како XL или XXL?
Хеланките не се панталони но искомбинирани со добра туника или некое фустанче знаат да изгледаат прилично добро на секоја девојка