Многу сакам хеланки, носам од обичните црни, зимно време со некоја туника и чизми, а имам и многу во боја , и си ги носам за разни пригоди
Носам еднобојни дома,а од оние пошарените,омилени ми се овие Само уште малце да подослабам и ќе ги носам почесто
Јас хеланките си ги носам под фармерки, наместо хулахопки, бидејќи ме нервираат хулахопките и ми студи уште повеќе кога ги носам. Не се случило хеланки да искомбинирам со туника..
Во зима носите хеланки со туника? ...уу секоја чест мене многу ми студи само со хеланки па јас си ги носам под фармерки,пантолони-зависи.
Секако , и јас ги носам со хулахопки одоздола, иначе во овие ладни зимски денови јака и душа на таа што ќе искочи само по хеланки
Хеланки имам над 10 пара, и како ми се кинат, одма уште 2-3 пара си купувам, и за мене би било крај на светот ако немам хеланки макар само еден пар! Абе поудобно нешто во животот не сум носела - освен пижами, број еден на удобноста. Значи имам 2 пара хеланки од Афродита, оние демек за слабеење со масла, во нив почнав да вежбам искрено, но откако видов дека се мижи асам да ти баам, врска немаат, пошо имаат некој интересен дезен, кој ги стега и тонира нозете, почнав за излевање да си ги носам, со кратки здолништа. :geek: Имам темно плави со нитни од Грција купини пред едно добри 3 години, и немааааат рок на траење, не не, секое лето им ја вадам масата, исто имам и црни со циклама шари, кафени, бели за по дома или за вежбање, портокалови неонски, кои ги носам со некоја туника кога сум во добра физичка состојба , и црни за излевање, и за по дома. А им видам дупче некаде, ми се иде да се расплачам, тоа е крајот едноставно...и се знае што следува. Одма трк по нови. Бар се ефтини, што е доста битно.
Обожавам хеланки. Откако почнав да ги носам, ги носам почесто и од фармерки, за кои порано ми немаше замена. Обични црни имам неколку пара и ги носам строго за вежбање или за низ дома. А за излегување имам други, со различен дезен, цветни, војнички принт, повторно цветни, со нитни...и така натаму. Планирам да си ја зголемам колекцијата, затоа што преубаво се чувствувам во нив, преудобни ми се...
поудобно нешто од хелаки нема дефинитивно, јас сум во нив, а имам неколку пара и тоа сите се црни. не би ги менувала хехехех
По дома си носам обични црни хеланки. Инаку имам за надвор повеќе видови и различни бои. Ги сакам повеќе од фармерки. И мразам кога некој ќе каже „хеланките не се панталони“. И да дополнам.. Толку ми е грда слика кога ќе видам некоја „елегантно пополнета“ (читај дебела) личност што носи хеланки. Без навреда до некои, ама грдо изгледа.
Јас многу ретко носам хеланки за излегување. Најчесто носам по дома и понекогаш низ маало или ако одам на гости кај поблиска другарка или дечко (каде ќе останам со саати, па сакам да се чувствувам удобно). Кога ги носам, секогаш ги носам со подолг џемпер и долго палто. Да се надоврзам на мислењето погоре, и мене ми смета кога некоја елегантно пополнета девојка носи хеланки со кратка маичка или блуза, но ми смета и кога некоја слаба носи хеланки (како двете послаби девојки на сликата погоре), а газот не и` е покриен. Кој сака нека носи, но мене ми изгледа непримерно и јас не можам да се замислам да носам хеланки со кратка маица на факултет или за излегување, едноставно нема да се чувствувам пријатно (не зборувам за со долга блуза/џемпер/туника). Разбирам и удобност и се`, но има граници. Мене и гола ми е многу удобно, но не можам да си дозволам да излезам таква надвор
Ги сакам и носам отсекогаш. Но, дајте девојки, стварно е претерано кога се носат секогаш и секаде во секаква комбинација, без осет. Некогаш, ти доаѓа да кога ќе видиш како некоја девојка ги облекла. Пикнати в пич, оцртани, прозирни, со бели гаќи, растресени, во комбинации каде навистина не одговараат.. Нема излегување, а да не приметам некоја со хеланки каде ќе направиш ваква фаца:
Сакам хеланки и ги носам. Но обично сакам оние што се сличен материјал како панталони, доста дебели па и кога ги носам со пократка блуза воопшто не ми е непријатно. Но оние обичните памучни обично со туника или со џемпер, или ми се премногу оцртани или чудно стојат и ако не сум со нешто долго воопшто не ми е пријатно.
Се согласувам со Oxymoron.Навистина им треба на сите три малце подолга блуза или џемпер.И јас носам хеланки,но со подолга блуза.Не е поентата само облечи хеланки и испрчи се.
обожавам хеланки иако почесто одам во фармерки хихи Со што би носела хеланки со кожен раб? (значи само надворешниот раб да е со кожа)