Јас хеланки носам и зиме и лете, ги обожавам. Додуша ги заборавив фармерките. Најудобни ми се и најлесни, башка во зимо не ми е ич ладно,додека со фармерки ми студеше.
Хеланки само за вежбање евентуално за низ дома.За во град не ги сакам се осекјам како гола да сум.Особено мразам кога девојка со несоодветна тежина ке се натегне во хеланки и се и се оцртува
На хеланките треба да има како во лифтови: НОСИВОСТ ДО __ Кг. Битно во хеланки те собрало,а на врата не мора. Свинско се мота во фолија,а не во хеланки. ептен ме нервира кога ке видам некоја елегантно пополнета во хеланки..она 100 кила земала хеланки јас што имам 50 па ми е незгодно некогаш да носам хеланки, мислам се ми виси некако,не е стегнато. Наместо да земат да се покријат такви,они намерно се истакнуваат Ајде не се криви што се дебели,ама никој не ги тера да носат хеланки.. па уште animal print инаку јас си носам хеланки, за дома, ама и кога одам да пешачам/трчам.Ги обожавам.
Имам 2 пара само до тие што се како фармерки со џепчиња и патент и си ги носам. А обични хеланки НЕ. Само зима под фармерки кога е многу ладно. Инаку сум малку така пополничка не сум дебела ама не сум ни баш најслаба затоа не облекувам.
Имам црвени, бели, темно сини и цветен принт. Белите ги носам за спиење кога ми се перат сите пижами, цветните порано ги носев на школо некогаш (сега воопшто не ги носам), а црвените и сините за вежбање (дома). За испаѓање, не.
Mи се допаѓаат,се си е океј само да се носат со нешто што го покрива задникот бидејќи така со непокриен задник многу ми е непристојно незнам зошто така одсекогаш сум размислувала и така мислам дека ќе остане.A инаку праубаво стојат на пример чизмички некое туниче или подолга блуска и шалче некое слатко мхмхм.. мераци
Комбинирани со подолга блуза ми се океј. Изгледаат супер. Ама кога ќе видам некои што ги носат како панталони, е Хеланките не се панталони Па кога ќе се гледа и тангата
Имам неколку пара, но почесто ги носам во зимо со долга туника. И ако сум слаба, не би ги носела никогаш со кратка маица, ни зимо ни лето, бидејки е сепак хеланка. Стварно незнам како можат да ги носат така, мене искрено ми е несватливо.
Обожавам хеланки, ги носам со туника или подолга маичка и кога вежбам дома.Даваат чуство на комфорт, баш се удобни но имам една школска која што заедно ули со мене 2 години и сеуште не облекла фармерки за на школо а најтажно од се е што таа е малце пополничка и ги носи хеланките со кратки маички, буквално се се оцртува и изгледа многу невкусно
Обожавам хеланки, најудобни ми се за носење, ги носам сите 4 сезони, од лето во штикли па дури во зима со чизми.
Имам 3-4 пара црни кои најчесто ги носам под дома или зимото под фармерки, а имам и едни со анимал принт кои ги облеков само еднаш и сфатив дека се изглупирав што ги купив.
Обожавам хеланки скоро цело време сум со нив, сегдека ги носам, во школо, за шетање, по дома, за вежбање е сега зависи некогаш ги носам на кратки маичи а некогаш на подолги
Обожавам хеланки а имам доста пара...Баш се удобни и пријатни за носење некад ги носам на кратки а некад на долки маички .