Не може да имаат должина како XL, ми нема логика знам пошто носам. Е сега зависи и од материјалот, хеланки колку што знам имаат ликра па се тегнат па поради тоа може изгледаат како XL
Откако почна пандемијава, да ускрстам на контакт со љуѓе, купив неколку пара хеланки од Basic, фејсбук страница имаст, за Инста не знам пошто не користам. Одлични ми се погодија. Земав два пара шарени, неколку црни, плави и бордо. Цените се пристојни. Има и табела со димензии за најпрецизно да одберете бројче.
Не ги сакам ич, ги носев во првата бременост од што морав, бев многу поправена и само тоа ми беше така комотно, инаку ни по дома не сакам да носам, не се чувствувам убаво, некако како во пижами да сум, а јас пижами само за спиење носам.
Си го читам мислењето погоре, ич не ги сакав, се додека лани маж ми од странство не ми донесе едни, во бојата се вљубив исто така и материјалот кој не е лит и да оцртува се. Тука таков материјал никаде не најдов дури ни продавниците за спортска оригинална облека немаат баш материјали. Ич не сакам нешто тенко проѕирно. Овие ги отепав носејки не мрдаат. Ми се допага што имаат дебел ластик над половина и ги носам со кратка маичка или краток дуксер. Наредна недела ако одиме ќе се помачам да најдам барем нешто слично.
Има некој нарачувано хеланки од superstacy.mk? Имаат попуст денес, само ме интересира како се со величините и дали вршат замена?
јас имам нарачано и вистина многу се квалитетни. Јас сум 56 кг околу172/3 висока и земав С. за Замена не знам бидејќи не ми требало да менувам.
Јас имам неколку пара. Ги земав според шемите за бројки и таман биле некогаш. Не сум правела замена, сма декоја препорака. Стварно се многу квалитетни. Со години ги носам не мрднале
Ги имам во разни бои и со разни дезени. Постојано носам особено за низ дома и секако кога вежбам пешачам или трчам.
Неодамна да сте купиле хеланки од спортскиве продавници и да сте задоволни? Пуштете слика или линк, во потрага сум