Носев хеланки како дете, али ми помина меракот. По кеиф ми се у моментот фармерки, макси суќнички и панталони понекогаш.
Каде можам да си најдам убави хеланки, што не стегаат премногу ама сепак нема да ти паѓаат надоле? Имам од superstacy, aма многу ме стискаат и доста крути се.
Мене ми требаат да ме стегаат. Какви имаш? Како ти е погоден квалитетот? Сите ми се спуштаат ме нервираат некако
Искрено овие од суперстејси некако ептен стегаат и горе кај стомакот и доле кај нозете ептен ми стануваат неугодни, да стегаат да ама овие некако неудобно стегаат бар моиве
Да, имам неколку пара различни модели и супер се. На попуст се исплаќа да земеш, искрено 3000 денари не би дала за хеланки.
Има со ластик на стомакот и стегаат доволно за да не ти е непријатно, имам обични тесни и ѕвонасти. Овие најдобро стојат според мене, стегаат во стомакот и под задникот имаат како ластик за “пуш ап” и не се лизгаат надолу ич. Многу ми се пријатни дека се ѕвонасти. https://www.oysho.com/mk/mk/c0p203648788.html?colorId=800 Темно сини имам јас, мислам и зелени имаше летото.
И Сара Фешн имаат убави хеланки за поефтино од овие Ојшо. Ама некад ако се начека добар попуст, може да се купи и од Ојшо, иначе не.
Fili Style на фејсбук имаат многу убави хеланки, убав е материјалот и не се прозираат. Нивно производство се, а и не се скапи. ( Не е реклама ова само споделувам искуство).