Носам често. Имам црни и бели (по 2 - 3 пара) + црвени, розеви (циклама), сиви, сини... Сега сакам да си купам некои анимал принт
ДА..да..да..Никогаш доста од нив.Ги обожавам и често ги носам, ама секогаш со нешто под задникот. Нешто слично на овие комбинации. Мене страшно грдо ми е кога ги носат со нешто кратко, макар и на фитнес. Неретко целиот задник а и предник го имам на видик на таквите И да нема машко кое не се врти по девојка во хеланки..се придружувам во тврдењето :
Curki znaete li kade mozam da najdam helanki crni kao lakovani onaka bas za sexy vecerno izlaganje?? [mod-kirilica:2xmzmlcs][/mod-kirilica:2xmzmlcs]
ги обожава дури и по дома најубаво се осеќам во нив,имам секакви и долги и трочетврт,и чипкани и во сите бои
Сакам хеланки и навистина убаво стојат но немам навика да носам. Немам туники или кратки фустанчиња за хеланки. (зашто баш и не носам) И ем тапа сум за комбинирање ствари. А хеланки да носам со кратка маица, да ми се гледа цела предница и задница, тоа не. Така да, не сакам многу експериментирање и така си се носам basic, фурај фармерчиња и старки и то.
Колку се кул Јас ги сакам за по дома и за вежбање, најудобни се. Ко да не носам ништо. Ама знам и да ги комбинирам за надвор, со долги маички, обично пролет, пошо тенки се. Зимно време никако....
Сакам хеланки ама не ги носам многу често. Еве ви едно видео сами да си направите хеланки планирам да пробам ми изгледа едноставно само да најдам соодветен материјал па ќе пишам како испаднале http://www.youtube.com/user/GiannyL#p/u/48/Ud34uT2zTEo
Имам видено такви во Sixx.pm...продавницава ја има во Рамстор, ГТЦ и Бисер. Носам хеланки и како замена за пантолони, и под сукња, но и на тренинг. Супер ми се и со долги туники и џемпери, но ми се свиѓа и варијантата со некоја пократка и штосна маица....баш во 80тите фазон Но ......за носење кратки маици треба стварно да имаш и добра нога и добар газ, а не да видам некоја дебељача ем се утегнала ем опнала кратко да и се видат поубаво "облините".
Девојчиња, ајде помош! Добив на подарок од странство хеланки до глужд од некоја си шпанска чипка. И врска немам со што би ги носела? Имате идеја? И срамота ли е на мои години да носам? Мислам, имајте во предвид дека на пр. факултет завршив пред 15 години . Инаку, немам проблем со килажа (не би била како салама во чипка ), би сакала барем еднаш да ги облечам (секако не за на работа или за по продавници) ама врска немам со што...
Lioness еве неколку слики па може ќе ти дојде некоја идеа и не е срамота доколку е сето тоа вкусно искомбинирано.
Хеланките ги носам не многу често, само со туника и тоа кога некогаш излегувам за некоја посвечена пригода да речам, затоа што и да сакам повеќе немам можност да ги носам. Мислам, не изгледа убаво на училиште така дотерана со хеланки, а многу, многу не излегуваме, па така да ги носам почесто. Само со туника или топло време кратки хеланки со некое фустанче (ама поретко). А блуска кратка, обична со хеланки не ми изгледа вкусно и така пак воопшто не носам. Сепак убаво искомбинирано изгледаат прекрасно.
Ги обожавам и ги имам во повеќе дезени и бои, секогаш ги носам или со долга кошулка или туника, џемперче, за излегување со многу кратки фустанчиња.. Ги мразам тие кожните, лаковани и светлуцави што се, ефтини и кич За вежбање ги носам со кратка маичка или дукс, исто и за низ маало или до продавница, со оглед на малата ми задница ми стојат убаво, а и на комшииве не им пречи
Ги носам претежно често. Дома седам со хеланки, бидејќи најпрепорачливо кога се става антицелулитен крем е да имаш хеланки. На физичко вежбам по хеланки исто така, но мора секогаш задниот дел да ми е покриен. Нема потреба да ме гледаат сите во задник. Надвор, скоро никогаш. Единствено ако ме мрзи да се спремам за кафе кај мене во околина, или пак ако одам кај другарка, облекувам хеланки, UGG чизми, долг џемпер со копчиња и маичка одоздола, меѓутоа повторно покриена да сум.
обожавам хеланки скоро секој ден ги носам и најлесни ми се облечи соблечи за овој период се топ. имам црни, сиви, модел како панталони црни и нешто сиви дизајнирани, најнови си купив прекрасни лила со ластик одоздоле мислам баш убава спортска хеланка
сакам да си купам со цветен дезен со што ги комбинирате? розево со лила и нешто бело со сиво на нив такви бои се?? на нозете балетанки или??