Значи јас не сум излезена од хеланики... по дома за излегување,,,, за трчање... убаво се чуствувам во нив...туку сакав да прашам каде да купам хеланки со дезен ама не многу шарени...туку како од самиот материјал нешто изведено...леле кој ме разбра... нека ми каже
и јас обожавам хеланки несакам со некои дезени сакам да се обични сакам сеа да си купам онакви се ко хулахопки ама не се проѕирни каде да најдам ако некој воопшто ме разбра за какви зборам
Да ги обожавам...не излегвам од нив..а иначе ги носам секако..со кратка блуза со подолга..сеедно..битно најубо се осеќам ко ќе сум во нивв..а најмногу обожавам ко ќе ги носам со чизми до над колена и кратко блузе е тогаш се осеќам најјубо
Хеланки за на фитнес, за по дома, за трчање, ролери.........ДА. Ама, хеланки наместо пантолони за други секојдневни активности- НЕ! Значи не треба да се заборави каква примена имаат пантолоните и хеланките . А и не му стојат убаво на секого, реално гледано. Не е работата само облечи хеланки, треба тоа да биде и пријатно и пристојно за око Како и да е, јас сум сигурна дека за на утрешниот маскенбал ќе има изобилство од хеланки. Мачкици, зајачици, ангели.........све е тоа хеланка систем хахах
Обожавам хеланки ама никогаш ама баш НИКОГАШ нема носено хеланки со кратко блузе, не ми е пријатно , ама со подолги (до под г*з) секако многу ми е комотно, лесно
Еее, девојкиве со мене што учат си идат со хеланки у школо. И кратка маичка. И штикли. Со кој памет, не знам.
И јас познавам неколку такви...ако не се истите. Боже сачувај.. Инаку уште сум со тоа мислење, дека се чувствувам гола кога сум по хеланки. И хеланки носам само со туника, или под некои кратки панталончиња, или сукњичка, зависи за каде. На тренинг не носам, зошто сум единствена џенцка личност во мојата група, и ќе ми биде многу ама многу непријатно. U know.. И за спиење преку ден, одмарање понекогаш.
кога ќе видам хеланки во боја (црвени на пример такви видов во комбинацијата) со кратка рамбовка,сандали на штикла и каиш бе врз хеланки некој кожен или од оние најобичните што ги носевме во 5 одд ааааууу неможам да ги гледам, носам хеланки со туники само или со некој долг џемпер, за спиење, за по дома или само за на фитнес друго место гол газ само на хеланка НЕ! многу ми е ефтино и невкусно!
Полошо од хеланка со кратка маичка е хеланка со кратка маичка и растресен газ. Уф, грдо....а гледам низ град многу од девојчињава се преценуваат со изгледот, па си шетаат така, се распуштиле, се тресе се по нив. Е оние пак стегнатите се рај за очи (посебно машки) во хеланка и кратка маичка, мада според мене и кај нив оваа комбинација не е океј, ефтино ми делува....али како што велат, ќе им простиме на убавината
Обожавам хеланки, ама само по дома си ги носам бидејки имам тртлес газ и некако срам ми е, а и нозете ми се пополни.... ама дечко ми обожава кога ги носам
Еххх Лина, сега остави ти таа работа, ние бре ништо не знаеме! хаха Треба да се носи каиш врз хеланка, плус да се стегне мнооогу. Нели газот изгледа поголем така хаха. Каишот ти е направа која служи за оптичко затегнување на газот, на кој му треба денес теретана пфффф Ништо не знаеме ние, не сме тренди! хахахах Спојлер Можеби е малку иронично мислењево, ама морав........
Обожавам хеланки! Тие се модно парче кое секогаш се носи! Сепак сакам само црни и сиви, најглупави ми се оние со цветови,циркони, накинџурени што да ти кажам Хулахопките супер изгледаат ама не сум нешто по нив Инаку ги носам исклучително СО ТУНИКА најмногу ме нервира кога ќе видат некоја комбинација со хеланки,туника и плус ремен тоа ми е тотална утка!!! Не сфаќам како им се убави на некои.
Зашто утка? Ременот е акцесорис, ако е широка е туниката да се стегне со каиш, посебно со тенко каивче ептен ми се допаѓа. Утка е рамбовка и хеланка сеедно дал стегнат газ или растресен е утка. Неубаво. Освен за вежбање во фитнес сала секако. Еве мои истомисленици http://www.facebook.com/Krstevski.Stefa ... 1416466763 396,402 people like this Не се малце. Јас ќе отворам нова група дека ги поистоветувам хеланките и хулахопките Па сериозно сличен материјал, едните со чорапа а другите без! Ај у хулахопка и рамбовка да шетаме ако не
А да ги стрелате тие што носат хеланки со кратки блузи.....??????????????????? Оф топик, па можеме чорапчиња да носиме, зашто купуваме балетанки моето мислење за балетанките на пример Мислам кажете дека на вас не ви се допаѓа и толку, по цела тема истите по 100 пати трубат, не ова, па она, па вакви, па такви, па слики од некои безврска рандом особи, кои не утнале само хеланка бтв.... ДА, МИ СТОЈАТ И НОСАМ!.........а мразам опинчиња, упс балетанчиња, и кондурчиња како од пред 3 века со машнички сатенски, па не трубам нон стоп на форумов.... Не дека нешто ме навредивте, али претеравте... Браво, имаме личности тука што разбираат пише од холивудските ѕвезди и нивните креатори...цццц Секоја втора од нив, е облечена во хеланки, со кратки јакнички и маички, ама тоа дека не ве прашале вас... И да....во модата нема правила....кој како разбира...каков му е стилот и вкусот....толку... Мене лично не ми се допаѓа така, е сосема доволен коментар...
За ова и те како си во право, секоја втора денеска во хеланки, штикла, маица некоја и уши и опашки ставиле.Ама хеланка и штикла неизбежен детал се! извинете за офф