babylove кашички

Хемангиом

Дискусија во 'Бебе' започната од Gossip-B, 18 јуни 2014.

  1. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Мамички не најдов ваква тема,а сакам да слушнам ваши мислења или ситуации за хемангиомите.
    Мојата малечка се роди со хемангиом на десната рака(целата црвена ко со точки) бевме на консултација со неколку лекари и сите различно ни кажуваат и незнам на кој да му верувам.Едни викаат дека исчезнувало само од себе,а други не ... Бебенцето ми е 2месеци и 2недли,Дали сте имале вие некое ваше искуство или на некој близок и дали навистина исчезнуваат...Незнам каде да се обратам за помош??!!!
     
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    159
    Јас од раѓање имав хемангиом на грбот и во текот на годините се изгуби. Имав негде до кај 9-10 години.
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.226
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали е тоа тоа ама двете мои деца се родија со изразени црвени точки на главчињата, над вратот веднаш каде што почнува косичката. На син ми му се изгубија отприлика до 6 недели а ќерка ми сега има 3 месеци и неколку дена ама уште ги има. Бледеат ама се уште се тука
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски

    I nie imame na istoto mesto, ama mene mi gi rekoa kako " beleg od raganje" narodski najverojatno i ni pominuva, ama mislam deka toa ne e hemangiom.
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Sin mi imase na levoto oce, cel ocen kapak mu bese crven. Mu iscezna do kaj 5 ili 6 mesec.
    Imam edno vnuce koe ima izmegu vegite, eve veke godina i pol e ne mu ima isceznato, na majkKata i rekoja da mu dava vitamin C, ama neznam dali imase podobruvanje
     
  6. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    130
    И ќерка ми се роди со "црвена флека" на очниот капак и позади на вратчето каде што почнува косата. Тоа на капакот исчезна скроз после неколку месеци, а тоа на вратот сеуште го носи и уште тогаш ни препорачаа да го мачкам со еозин раствор. Меѓутоа тоа не е хемангиом. Кога лежевме на детска клиника донесоа едно бебе со хемангиоми по целиот грб, но што се случи незнам да ти кажам...бевте ли на детска клиника да побарате мислење? Искрено јас појма немав за такво нешто се додека не го донесоа бебчето во болница...мајка немој да се нервираш ќе се среди се
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    22.355
    GossipGirl, јас имам хемангиом од самото раѓање. Не секоја црвена флека е хемангиом :!: Како што ми објаснуваат цело време, тоа се крвни садови испреплетени, се наоѓаат под кожата и затоа тој дел од телото има друга боја. Мојот хемангиом беше повеќе како нешто модро, не баш црвен :?: Како помала, многу повеќе се познаваше, од одредена возраст како поминуваа годините стануваше се поблед. Инаку, се наоѓа на место кое воопшто не е видливо и е постојано покриено, така што од таа страна немав проблем. Немој да се грижиш, не е апсолутно ништо сериозно, тоа и е некој вид белег, а медицинската позадина која ја има не е воопшто опасна ни по развојот на детето, ниту пак воопшто по здравјето. Ако нешто те интересира, слободно прашај :)
     
    На LadyC и joy1 им се допаѓа ова.
  8. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Хемангиомите се васкуларни тумори, кои најчесто се со бенигна етологија, карактеристични ce за детскиот период, изградени од еднотелни клетки на крвните садови. Почесто настануваат кај девојчиња, недоносени деца и деца со ниска родилна тежина. Причините за нивното настанување не се познати.
    Обично се појавуваат непосредно по раѓањето или настануваат јасно видливи во текот на првиот месец од раѓањето. Најчесто се локализирани во пределот на главата и трупот, различни се по големина, од мала точка до големи кожни ареали, а можно е истовремено да бидат присутни и повеќе хемангиоми.

    Во својот развоен тек хемангиомите најчесто поминуваат низ неколку фази: фаза на раст (пролиферација), фаза на мирување (стагнација) и фаза на повлекување (инволуција).

    Мал број хемангиоми од своето настанување не ја менуваат големината и склони се на спонтано повлекување и исчезнување. Повеќето хемангиоми, кога ќе се појават, продолжуваат да растат, и тоа се зголемуваат во волумен и зафаќаат поголема површина на кожата, растејќи над површината на кожата или во длабочината, во зависност од типот на хемангиомот. Оваа фаза на развој вообичаено трае од шест до девет месеци од животот на детето. Потоа најчесто поминува во фаза на мирување, која временски не е определена и може да трае до десеттата година.

    КЛИНИЧКА СЛИКА

    Со својот изглед хемангиомите може да бидат површни (капиларни), длабоки (кавернозни) или мешани (капиларно-кавернозни). Ако лезијата е во близината на површината на кожата, се нарекува површински хемангиом. Ако расте во ниските слоеви на кожата или во мускулите, се нарекува длабинска лезија. Кога има елементи на површинска и длабинска лезија се нарекува комбинирана лезија. Освен во кожата и во поткожното ткиво, може да се наоѓа и во внатрешните органи или слузницата (бели дробови, мозок, црн дроб, јазик...).

    Површинските хемангиоми најчесто се јако црвени или светлоцрвени дамки, кои можат да бидат на нивото на кожата или над неа, мазни или со површина слично на малина, понекогаш и со видлив венски цртеж.
    Длабоките хемангиоми некогаш стануваат видливи дури по неколку месеци од раѓањето, често кога ќе порасне поткожното ткиво се забележуваат сиво-синкасти пребоени промени, кои се послабо осетливи на надворешна компресија.

    Мешан тип на хемангиоми има клиничка слика со комбинација на површен и длабок хемангиом. Доколку поминат во фаза на повлекување, која трае долго, најчесто омекнуваат и стануваат бледи, се надоместуваат со масно ткиво, а кожата е бледа и потенка отколку околната кожа.

    Компликации кај хемангиомите не се чести. При оштетување на површината на лезијата може да доведе до појако крвавење или, пак, со својот раст може да загрози функција на некои од органите за слух, вид, дишење, хранење итн.

    ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ, ЛЕКУВАЊЕ И ТЕРАПИЈА

    Во најголем број случаи дијагноза се поставува од земена темелна анамнеза и клиничка слика. Кај нејасните случаи се користи ултразвук на крвните садови. Други дијагностички процедури и радиолошки испитувања (CT, MRI + ангиографија) можат да се користат за процена на проширеност на лезијата, зафатеноста на длабоките структури и васкуларизација.


    Многу е важно редовно да се следи хемангиомот и сите негови развојни фази од страна на педијатар, дерматолог и детски хирург. Најважно е да се спомне дека најголем број хемангиоми спонтано се повлекуваат без никаква терапија во период по десеттата година од животот на детето.

    Хируршка терапија се прави кај кавернозен и капиларно-кавернозен хемангиом, кој продолжува да расте и по деветтиот месец од животот на детето и кога со растот влијае на некоја животна функција, кога крвави, улцерира и не зараснува. Хируршка терапија може да се изврши на два начина, и тоа со подврзување на главните крвни садови и намалување на волуменот со метод на електрохирургија или оперативно отстранување на хемангиомот.

    Терапија со различни типови ласер (Nd YAg - ласер со површинско и длабинско, ласер Pulsed-dye, V-Beam, IPL..) може да даде одлични резултати, особено кај капиларни хемангиоми и површинска резидуа.

    Во медикаментозното лекување се користат кортикостероиди, интерферон, бета-блокатор пропранол.


    Мојата малечка има хемангиом па би сакала да споделиме искуства со родители кои имаат дечиња со хемангиом. Дали го отстранивте оперативно? Дали користите креми? Искрено многу се плашам.
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.926
    Допаѓања:
    260.093
    Пол:
    Женски
    Мојата има на грбот.Големо е отприлика 3-4 мили метри.Ниту го мачкам ни ништо.Неколку лекари кога ги прашав што е ми рекоа белег од рагање,тек во систина ми кажаа дека е хемангиом за кој не треба да се грижам.Откако е родена(11 месеци е) ниту расте ниту се шири.Ако забележам недај боже промена би правела понатамошни прегледи до тогаш не.
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    И син ми има хемангиоми, ми рекоа дека може да се од провокацијата.
    Се роди со хемангиоми на двата очни капаци, помеѓу веѓите, на тилот и позади како капки на грбот. Сите му се повлекоа освен тие на грбот, сега лицето и тилот му се скроз чисти. Во Систина ништо не даваат за хемангиомите, само ми рекоа да се следат, па кога одиме на педијатар обавезно го покажувам грбчето и никој до сега не ме испаничил, сите викаат ќе се повлечат.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    6.340
    Допаѓања:
    148.532
    Син ми има на тестисот. Ние правеме ехо на глава,мозокот кога не беше сеуште затворено главчето. Не е страшно воопшто.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.234
    Допаѓања:
    65.632
    Пол:
    Женски
    i bebus moj ima na tri mesta, nagolemo mu e na kolenceto i gledam kako sto raste se pogolemko e, ima isto na sredniot prst na rakata i na pozadi na vratceto.. doktorot rece so tek na vreme kje isceznele pa kje vidime... Inaku rece da pazime da ne gi grebneme samo..
     
  13. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    И мојата има хемангиом на грбчето и многу ми е страф да не го раскрвари па да не се инфицира и сл. Кога бевме на хирург на преглед тој ни рече дека после 3 години ќе треба да се оперира за да се отстрани, а и јас читав дека сами се повлекуваат и истото му го кажав на докторот и тој рече дека никој не може со сигурност да каже дали ќе се повлече или не.
    На малечката забележувам дека и се шири хемангиомот. Нејзиниот е мешан тип и ми е страф како расти да не почне да притиска на рбетот, на нерви недај Боже. ;(
    За креми не ни препорачуваат бидејќи било близу до рбетот.
    Дали може да ми кажете кај кој доктор имате одено и дали сте задоволни?
     
  14. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    214
    На моево бебе му излезе хемангиом на тестисите една недела по раѓање. Површински, јарко црвен околу 1цмм во пречник. Матичната кога го виде рече не е ништо страшно, може ќе расте а со тек на време најверојатно ќе се изгуби, но можеби и ќе остане. Него не му растеше, остана истиот а пред неколку месеци (на 8 - 9 месеци) почна да се шара, т.е. делови од него избледуваат, така да мислам дека мислам дека ќе му се повлече.. Инаку јас не му се секирам многу, навикната сум да го има па не го ни приметувам..
     
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Мајки моето бебе има белег под задникот. Не знам дали ќе ми верувате но тоа е од што украдов овошје од една куќа, во бременост. Свесно се фатив под задник као на шала украдов па ако искочи белек нека искочи под задник да не се гледа. Не е поврзано со темата но сакав да го споделам ова за мене слатко случување :) Се надевам кога ќе порасне нема да и смета на малата :)
     
    На TIGARCE86, mariz и victoria им се допаѓа ова.
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Jaс имам таков белег на истото место од десна страна,од бебе го имам исто и мајка ми украла некое овошје,ама не се сеќаваше кое...така да ти верувам ;)
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    i moeto bebce ima na glavceto nad vratceto vednas. ne e malo no nekogas se gubi skroz a koga e toplo ili koga nesto se napnuva se vcrvenuva epten. mi kaza pedijatarot hamangiom. edna rodnina mi rece deka i nejzinoto vnuce imalo no se iscistilo i deka bilo od stisok na lekarot pri poragajot. prasav i kozen lekar mi rece me se zamaraj so toa sekako i e vo kosickata ne se gleda. jas ne go ispituvav detalno ne znam dali treba
     
  18. dachevaa

    dachevaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    zdravo merida, mojata malceka se rodi so hemangiom na grbceto, koj pocna postepeno da se zgolemuva, duri pocna i da se razranuva,inficira, bevme i na hirurg i usste kaj li ne, resenieto za neego go najdovme na neonatologija na detskata klinka, potocno kaj doktorka Palcevska. Znaci od 4 mesec ja stavija na terapija so dekortin,, a posle od 7 mesec piese propranol, hemangiomot pocna da se namaluva i da ja gubi bojata od violetov crven, sega e mn svetla boja, veke ne gi pieeme apcinjata, a sme 10 i pol meseci, vo sreda imame kontrola. Za operacija mi rekoa deka od estetska pricina, ke ima, deka porasna skoro 7cm, ama toa podocna.Inaku od 4 mesec ja mackam so krema Bio clin a topic, i so timolol kapki.
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    @joy1 ај те молам пп
     
  20. Babyboom988

    Babyboom988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мамички моето синче е 15 месеци, има хемангиомче на рачето и на ногата, веќе се во стагнација, но сега гледам една црвена точка и на грбчето, дали е можно и тоа да е хемангиом, дали е можно да се појави и на оваа возраст, бидејки тие му излегоа неколку недели по раѓање? ????