T ri pari na den so gelot i ostavi malku da se upie a so kremata dva pari mackam . Imam 4 paketcinja gel ako sakate , jas veke nema da mackam .morto prestana da raste.
Мила како се вика кремата, и ќе те замолам слика да ми пратиш ... На интернет најдов некој гел на база на тимолол али нас педијатарот ни рече некоја крема да побараме во Бугарија, но не можам да најдам за која се работи... исто ми рече кремата да е со поголема концентрација на тимолол... и уште нешто на твоето бебе кога му исчезна, колку имаше од нив и каде , и што терапија примаше ако моежш да ми помогнеш, моето има на повеќе места од кои на едното е многу големо па искрено се плашам да не се поткачи и да не остане вака..
кај мојата околу првата година се изгуби.На грб имаше.Нас не ни дадоа никаква терапија.Во Систина педијатарот само не советуваше да правиме контрола на секои три месеци.
Нашеѕжто не е исчезнато ама веќе не расте и е многу бледо, ние веќе некако и престанав е да го мачкаме а имам и гел и крема . Ако ти треба можам да ти излезам во пресрет
а ќе можеш ли да ми кажеш како се викаат Кремата и Гелот , за да знам да се консултирам со педијатар и да ги купам.. ако имаш слика прати ми, ако не само името нивно пиши ми го..
Здраво. Мојата ќеркичка се роди цела црвена на некои места има бела кожа во детска клиника ни рекоа дека е Хемангиом и дека имало сируп го порачувале од Германија бил многу ефикасен.
Посетете го доктор Сајковски во систина, ќе ви даде терапија со пропранолол, мн ефикасна кај мали деца, а чини 5 пари. Ако сакаш повеќе инфо пиши ми порака. Поздрав
Ке ве молам дали може да ми помогнете како да дојдам до гелот и кремата што сте ја порачувале во Бугарија
Здраво мајки, и ние имаме хемангиомче. Лекарите ни го препорачаа гелот Тимолол. Дали некому му има останато, а не му треба, да си го купиме, бидејќи тешко се набавува?Ви благодарам
Здраво Костарика! Да те замолам, дали се уште имаш гелчиња за хемагимче или ако немаш, те молам да ме информираш од каде ги набави, итно ни треба ! Ти благодарам
Нема,само Бугарија Ние нашето и во Бугарија го носиме на контроли и мачкаме крема Претходно мачкавме со гелчиња Тимолол,па 12 м.пиевме таблети Пропранолол,сега мачкаме локално со кррмата од Бугарија одиме месец за месец на контрола
Денеска во систина ми препорачаа капки тимолол . Моето бебе има на носето ама е плаво , ми рекоа за гел кој се нарачува од Србија .. Имало и сируп кој бил многу скап и дека во Систина го прават од апчиња и има истата содржина Споделете искуства доколку некој имал ваков третман .
Здраво, ако некој има искуство со хемангиоми кои не реагираат на терапијата ( гелот тимолол ) и се појавуваат нови хемангиоми, ве замолувам да ми пишете во порака