Го има во било која аптека само мора да им се потенцира дека го барате гелот, а не капките. Околу 12 лева е
Мајки ве молам за искуство. Дали ова е хемангиом? Не е постојано, некогаш е поинтензивно некогаш избледува. Само на рачето го има до подлактица, педијатарот пишал хемангиом и треба да одиме на контрола кај дерматолог. Не сме во Мк па ве молам за искуство да бидеме спремни.
Мојата имаше вакви на ноџињата, доктор рече дека е хемангиом. Бевме и на дерматолог ама баш во тој момент не се познаваа, и рече ако пак се вцрват да дојдеме да ги ѕирне со дермаскоп. Кај нас се изгубија после 3тиот месец.
Значи тоа е, јас ги сликав баш затоа за да може да ги покажам. Еве како расте се поретко и се појавуваат ама ќе отидеме да сме мирни. Инаку 2 и пол месеци е. Мачкавте нешто вие или некоја терапија да ви дадоа?
Ништо не ни дадоа, јас мачкав само лосион Биодерма зошто бебе имаше плус атопична кожа. Можеби и тоа помогна не знам
Прв пат слушам, до сега 11 месеци направи мојата никој не ни кажал за сируп. Само гелот и терапијата...
Мене ни гел ни терапија не ми кажуваат Имам една ќерка 10 год и она има на лице хемангиом никогаш никој не ми посочил ништо. Сега за малово во Букурешт на вакцина ко бевме ми спомнаа за пропранолол и почнав да истражувам. Кога ја прашав докторкава сега на контрола само ми рече јас не сум за тоа И сега сум цела во прашалници! Штетно е? Не е штетно? Помага? Не помага? Каков гел мачкате? Од каде купувате? Има ли кај нас или од надвор? Секој одговор многу ќе ми значи
Има, мене во диспанзер ми го кажаа, од Турција го земале. @Цаци. Ќе се повторам, немој на своја рака терапија за хемангиом. Исклучиво со педијатар, посета на дерматолог, па после, сирупи, креми, што ти ја знам. Сирупот е хемангиол мислам. Немам искуство.
Па да, реално не е она за тоа. Доктор хематолог одредува дали има потреба и колку се дозира. Нас педијатарот не прати на детска за испитување затоа што имаше повеќе од 2 хемангиоми ( според тоа мислеа дека има некое внатрешно крварење колку што разбрав, може сум грешка ) па после тоа добивме терапија. Гелот се вика тимолол, се купува од Грција или Бугарија. Пропранолол се таблетки што пак ќе кажам се дозираат според килажа, ништо на своја рака.
Ко што ти вика @LiquidLuna ако оценат дека е ризичен хемангиом или оценат дека може да има и на внатрешни органи, пошто тоа се преплет крвни садови ќе дадат терапија. И сите гелови, сирупи кои се спомнуваат овде се пропанолол по состав, што е пропанолол прочитајте на гоогле. Прерпоставувам нејзе и ги дале затоа што се појавувале повеќе. Нашето беше испакнато и само добивме насоки што да правиме ако се чепне и раскрвари, не мачкав ништо.
Точно. Со 1 поголем беше родена, 2 и се појавија одпосле. Тогаш веќе ми кажаа дека е ризично, да ја носам на ехо и си добивме терапија. Кога беше само едниот ставот на педијатарот беше дека ќе исчезнат сами од себе.
И ние имаме на две места, на мешето и на челото, во штип ни рекоа да мачкаме од гелот, ама нема никакво подобрување. На детска на кој одел треба да идеме. Вие на кој бевте и кај која докторка. Сега како сте?
Пропранолол таблети препишани од хематолог на детска Кај др. Гордица Бежовска ама педијатарот ни даде упат. А докторката е префрлена на друг оддел сега, така да не би знаела да ви кажам подетално кој доктор хематолог е моментално таму. Сега и се доста намалени ама не се исчезнати и не се испакнати како што беа.