Здраво Минатата недела го добив истиов одговор од Систина за внатрешен хемангиом, ми спомнаа исто сируп кој бил скап и апчиња што се раствараат според нивни инструкции, па сакав да те замолам да споделиш како постапи и дали имаше резултат.
Dobro utro! Dali vo makedonija nekade moze da se najde kremot propranolol? Se raboti za bebence so hemangiom . Vi blagodaram !
Не Барем пред 2- 3 години најблиску во Грција и Бугарија го имаше. А немам слушнато дека во меѓувреме го донеле и тука
Се среди ли? Мојата има на грбот мало, ни рекоа само ќе помине. И се појави после месец од раѓање. Еве 5 месеци поминаа, уште е исто, дури мислам малку поголемо е.
Да бе, ништо нема Јас ги баталив дури после некој месец оти и се на незгодни места и не можев никако да ја намачкам. Како се растега кожата кога расте нели, така се чистат Сега останаа само точки, ама не и е рапаво како што беше, ептен дека јас си ги знам па ги гледам. И меѓу веѓи има, не знам дали ја имаш приметено Со 3 се роди, а еден накнадно и излезе
Не Нас ни рекоа до 10 години можат да стојат, а може и цел живот да си ги носи. Ама преглед нишо нема да ти помогне, тоа е неправилно спојување на црвени крвни зрнца, не знам како ќе ги раздвоиш освен ласерски ама тоа па ептен нејзе ако и смета од естетика. Нас не праќаа на преглед затоа што повеќе од 2 хемангиома се сметаат за веќе проблем. Плус и накнадно што и се појавија, се уклучи алармот. Ама ептен бебе беше, ехо на мозок и внатрешни органи и срце и праевме на 3 месеци
Памтам сега баш нешто ко да ми рекоа после 2 години пак да дојдеме… ама матно ми е. Сите брливи деца изгледа имаат.
И мојата има два, еден на препон поголем и еден многу мал на меше. Денес ќе ја носам на дерматолог, шубе ми е. Тој на препон беше мал ама порасна поголем.
Е тоа знам ни рекоа да следиме, ако порасне. Бевме и ние, ја гледаа со дермаскоп и рекоа дека не изгледа нешто страшно, баш сподели што совети ќе ви дадат. Еднаш така лошо падна, за милиметар не го закачи хемангиомот, кај ребрата од страна, цееела беше изгребана, од памет се извадив… ама и тогаш чинам рекоа може да крвари во случај на повреда, да не се плашам.
Кај кој ќе одите? Мене педијатаров и патронажната ми рекоа не страшно, ама и мене ми е шубе. Мојата како модрица има, таков и е.
Не знам, мене ми кажаа да не доаѓам веќе. А терапијата на своја рака ја баталив зашо не сакав да и давам апчиња кога внатрешно и во мозок се и е ок, нема крварења. На нас матичната ни го следеше. Поточно она го мереше и сликаше на секој преглед. Мене се ми беше исто, она викаше дека се шири. Исто и за крварење, еден на пеленска регија имаше леле колку тешко се местеше пелената без да го закачам. Ама тој брзо исчезна Спојлер: Хемангиоми Вакви беа, сега нема баш ништо. Ако сакаш ќе ти ги сликам после, точки само
Кај Андреј Петров во систина. На мојава и е жар црвено. Педијатар следи редовно ама од шубе сакам дерматолог да ѕирне, не е штета. Исто како на Луна е нашето.
Јас ја носев во систина, не ми понуди докторот никаков сируп. Само пропранолол да најдам од странство.
Vi blagodaram! Ke odime vikendov vo Grcija pa se nadevam ke go najdam gelot.Dali da go baram pod istoto ime propranolol?