Jas primav utrogestan 3x1, clexane 1x1, eden den prolutex pa eden nisto, pa eden den depo pa nisto. Otkako iskrvarev mi dade 3dena prolutex po edna i posle na dva dena po edna, clexane prekinav se dodeka mi se iscisti krvarenjeto i utrogestan piev. Po edna nedela bev na kontrola, hematomite se povlekle i si go prodolziv clexanot 1x1, depo ednas nedelno i utrogestan edna sabajle i dve navecer. Ne mi kaza do koga no ke mi kaze na slednata kontrola.
Мила незнам кај кој доктор си ама така наеднаш терапија не се прекинува особено не толку рано Тие што се со ивф се покриени со поголема доза прогестерон некаде до 12-13 недела а утрогестан претежно се користи до крај Консултирај се пак со ивф докторот може ќе ти ја зголеми терапијата
@januari19 што ти прекинаа од терапијата? Мене само аспиринот но кога се смири го почнав пак. Примав и клексани цело време. Плус вит Ц, дабростон 3 x1, прогестерон.
Јас имав аспирин сабајле, пролутекс, естрофен и крионгел. Од почетокот на наделата веќе не ставам крионгел, естрофенот ги завршив во вторникот последната пролутекс ја примив во петокот и во средата прокрварев докторот ми рече аспиринот повеќе да не го пијам. Сега терапијата ми е утрогестан 2Х200 и витамините.. Дента ме боцнаа со прогестерон депо и толку. И докторката на дежурно што ме прими, и матичната и ивф докторот исто ми кажаа. Само утрогестан ништо плус терапија. Е сега мене ми падна чудно ама ваљда процениле дека тоа е доволно. Ддимери испитав 460 ми се во нормала се.
Да на извештајот што го добив си пишуваше секој ден пополека да ги намалувам естрофенот, крионгелот повеќе не го ставам и пролутекс да ги завршам крајот на неделата. Сега освен утрогестан друга терапија немам добро витамини што пијам.
8+3 сум бремена, втора бременост (првата сосема нормална). Искрварив обилно пред 10 дена, се смири со пролутекс но пред 3 дена искрварив обилно пак. Открија голем хематом над плодот. Сега сум со малку кафеав исцедок, примам прогестерон депо еднаш на 7 дена и Дабростон 2 по 1 на ден и лежење. Не ми е јасно дали обилното крварење откако ми го видоа хематомот значи дека хематомот се исцедува? Тоа беа 5-6 часа постојано црвена крв и не разбирам дали крварењето е исцедување на хематомот, а ако не, што е?
Истиот случај потполно го имав и ја сега сум 14+5. Како што ми објасни докторката хематомот е уствари како модрица на раката пример што се прави и доколку го имаш има 2 опции да истече или да се повлече. Кога веќе ќе почне да тече се изцедува и додека не се испразни целосно ќе има по некој исцедок, кај мене од последното крварење имав некој кафеав исцедок уште 3 4 недели. Прогестероснската терапија и многу лежење го смирува, после може пак да се гледа на ехо ама да не тече и да се намалува.
Фала многу за одговорот. Ме чуди тоа смирување и течење пак, но има логика. Понеделник сум пак на контрола па да видиме, ќе пишам.
И мене така ми беше и тоа првото прокрварување беше смирено и на контрола и објаснувам среќна на докторката дека нема ското ништо седнувам на боксот за да ме види на ехо вика жено крвариш гледам река тече и тогаш не се виде хематотмот. на контролата се виде 25мм на 19мм беше кај мене над плодот
9 недела, за жал иако крварењето ми престана, хематомот пораснал и сега е поголем од плодот и постилката заедно - хематомот речиси го обвиткува одозгоре. Некако изгубив надеж, а бебето е супер. Ама докторката ми вика многу е лошо, може се да повлече надолу. Наместо за една недела ми кажа да примам Прогестерон Депо за 3 дена пак. Дали некој имал иксуство со огромен хематом над плодот, а сепак да се повлече?
Некоја со хематом да сподели искуство. Денес на преглед ми кажаа дека имам, ми рече докторот дека не е опасно. Но ми остана на мисла.
Јас имав, исто ми рекоа не е опасен треба да се повлече (мал беше)и да на следната контрола навистина не се гледаше повеќе
Јас веќе бев на боледување тој период, поради кафеав исцедок, сеа не ми текнува точно која недела 5-6, и ми беше препорачано да одмарам и да не кревам тешко, примав поради исцедокот прогестерон депо инекции и дабростон. Конкретно за хематомот ништо не ми рекоа посебно, баш ни малку не му дадоа значење двајца доктори, ваљда зависи колкав е, каде се наоѓа итн.
Ми открија хематом во 7 недела откако искрварев многу. До 9 недела растеше, огромен над бебето, и шансите беа големи да повлече се. Но, во 10 недела на преглед беше скроз намален, и еве денес во 11 недела го нема. Цело време помеѓу имав крварење - 2 пати обилно и црвено, останатото многу малку и кафеаво. Сега сум само многу ретко со кафеави точки. Штом мојот огромен се повлече, има надеж и генерално се решва. Примав 5 пролутекс секој ден, после тоа Прогестерон Депо на 4 дена- вкупно 5 и Дабростон 2 на ден. Сега ми рече матичната само Дабростон. Лежење цело време, а од денес по 20 мин пешачење ми е дозволено. Се надевам дека после 12 недела се враќам во нормала.
На последниов преглед докторот ми кажа дека е намален хематомот дека уште само малку има останато. 15 недела сум. И ми рече да ги прекинам веќе утрогестанот. Дали може да се има односи додека има хематом?
Сега се враќам од кај матичната, разочарана сум и исплашена и не знам што да мислам.. Од крварењето ми се направил хематом. Ретроплацентарен пишува. Хематом е на постелката и како што ми објасни зафаќа 2 ѕида од матката. 57мм е. Бебето е супер ,си напредува. Ми рече строго лежење, со перница под газ, освен стандард терапија прогестерон депо и утрогестан ми препиша и кринон гел. Специјалистот кај што бев вчера ,не крена многу паника, рече ќе се повлечел,можам по малку да се движам.. а матичнава ми вели ако се движам можно е да се одлепи плацентата и да нема проток бебето да се храни. Ептен убаво се ми објасни. Женски имал некој случај со вака голем хематом? Ептен сум загрижена
Е многу се измачи бе кате многу Јас сепак мислам да не стануваш. Претешко е знам. Софи е помала од Ева и не разбира толку. Не знам навистина што да ти кажам освен да си ја примаш терапијата да лежиш колку можеш повеќе, а останатото да оставиш на Господ. Како треба така ќе биде.
Лежи, ќе се повлече со тек на време. Јас имав на почеток ама само на едниот зид, не беше мн. голем, една недела лежев па бев на контрола се намали малку , ама за секој случај си земав боледување еден месец. Примај терапија и одмарај
Кате, со второто имав голем хематом и цели два ипол месеци ми рекоа строго мирување (релација тоалет-кревет). Од терапија утрогестан пиев и два пати неделно ме носеше маж ми кај матичниот да примам прогестерон депо. Два пати преобилно искрварив, инаку дур лежев постојано крварев, кога помалку, кога повеќе. Истече хематомот и имав супер бременост до крај. Јуначето ќе полни 6 години. Сега со третото имав монструм хематом, значи огромен и премногу крварев цело време без престан ( не исцедок, туку баш чешма ко да тече). Бидна што бидна, ама никој не кажа дека тоа се случило баш од хематомот. Твое е само строго да мируваш и да не мислиш на лошо (баш строго, и јадење во кревет да ти носат). Значи, тоалет-кревет, без стрес и страв. Секоја бременост е различна, секој хематом е различен. Повеќето бремености со хематом се успешни, верувам дека и твојата ќе биде таква. Пуштам тон среќичка, до наредна контрола се да биде ок и да кркаме мекици кога ќе дојде време