Немој да се плашиш , и мене така хематомот ми испадна како грутка кафеава колку дланкава. Сепак оди на лекар да се осигураш дека се е во ред. Со среќа
Само што се вратив од доктор. Бебето е супер Хематомот сеуште е тука, малку е намален. Позитивно е што се намалува. Рече најверојатно таа грутка е стара крв што се собирала , што не можела да истече од кринонот ,па се насобрала на едно место и сега паднала. Битно бебуш е супер.
Женски бевте ли по малку активни со хематомот, како поминавте? На прегледот гинекологот ми кажа дека имам хематом. Немам никакво крварење, наутро имав само светло кафеав исцедок. Од тогаш до сега нема ништо. Примив прогестерон и добростан да пијам 2х1. 7ма недела сум. Бебето е супер, напредува како што треба, се е во ред. Е сега имам патување задутре, не би било активно и блиску е. Гинекологот ми кажа можам да патувам, но само благи прошетки. Сега не знам што да правам, се мислам.
Одмарај дури не исчезне скроз. И јас бев со светло кафен исцедок, две недели лежев цело време.Останав месец и пол на боледување потоа се вратив на работа Исто 7ма недела бев
Јас две недели не станав од кревет само за вц, и кога отидов на контрола го немаше хематомот само уште кафен исцедок имав се дочистуваше уште некое време. Мене во 6 та недела ми беше хематомот, подобро одмарај колку можеш зошто како што ми кажаа само одмарање му е мајката и прогестеронска поддршка ❤️
Јас сум 9та сега и пред една недела кога бев си имам хематом, претходно крварење, за среќа плодот е во ред, имам по малку кафен исцедок. И докторот ми рече дека со тек на време ќе де апсорбира и строго мирување. До сегс мирувам 2 ипол недели, обично вие што сте го имале колку време мирувавте
Јас не мирував ич, само тешко не кревав. Ама јас немав никакво крварење. Од 11 недела го имав до кај 18. На втор скрининг во 20 го немаше веќе. Не се плаши не е опасно. Само слушај ги препораките на матичниот
Јас хематом имам од 11та недела. Сега сум 20та, сеуште е тука. Т.е пред 2 недели беше тука, за неколку дена сум на контрола да видиме до каде е. Лежев 6 недели, кревет вц релација После докторот ми дозволи по малку да се движам, и од тогаш ,се движам по малку, низ дома,низ двор, ја чувам ќерка ми..движење без претерување. Не кревам тешко. До пред 2 недели имав кафеаво на бришење,веќе немам. Терпија сеуште примам. Од тоа што ми кажа докторот, секој хематом е своја приказна.Кај некои брзо го снемува, кај некои го снемува кога ќе се породат. Слушај го докторот и немој да се грижиш Мојот хематом е огромен, па еве си тераме сеуште.
Мојот за две недели го снема и тогаш само до вц ставав, а кафеното после крварењето си го имаше добри 2-3 недели
Женички цел месец мирувам, веќе секаква сафра ме фаќа. На контрола сум дури на 7ми јуни. Последниот преглед имаше малку од хематомот и докторот ми рече пак строго мирување и конечно деновиве го снема и кафениот исцедок. Дали вие продолживте да мирувате што правевте, ве молам за искуства. Јас овие денови така се размрдав по малку. Да преместам облека, да си направам некој оброк набрзина.
Здраво на сите,втора бременост ми е ова и ми е скроз различна од првата Денес бев на преглед,си слушнав срценце и бебуш супер напредува,меѓутоа ми кажа дека имам мал хематом не ми препиша никаква терапија и тоа ме буни малку дали е во ред да не ми препише ништо или немало потреба? незнам што да мислам цело време некои глупости минсе вртат низ глава ,само ми кажа повеќе одмор и да не кревам тешко,инаку сум 7+1,на контрола пак за две недели сум..
Мешиња хелп Бремена сум со близначиња со ивф, вчера од памет се извадив. Почна крв да ми тече дури низ нозе надолу. Бргу во Систина, докторот рече сум имала хематом. Ме стави на строго мирување. Крварењето ми поднамали, но сеуште го имам. Колку дена трае крварењето? Инаку сум 15+
Здраво девојки. Бремена сум 7+ недели со близнаци, пред една недела имав крварење, не обилно, но чиста крв, после тоа ми продолжи само со кафеаво. Во понеделникот бевме на преглед слушнавме срцева реакција, но имаше и хематом 12×10. Со ивф сум и примам прогестерон депо и кринон гел. Дополнително ми даде од понеделникот таблети алметекс. Овие два дена веќе немам ништо, па ме интересира искуства дали од терапијата е сопрено или има шанси да се намалил или во најдобар случај повлекол хематомот?
Јас прокрварев исто 7+ правец Систина и докторката ми виде хематом под плодот кој порасна до 4см.Прогестерон инекции на 3 дена и добростон 3×1,строго мирување тоалет кревет па фала Бога еве сме 17+ .Сеуште сум со кафеаво хематомот скоро и да го нема но веќе може да се движам по дома и да седам и намалена терапија.Само слушај доктор и мирувај така побрзо ке го снема.