Девојки мора јас да се урочам сама. Таман мислев ми се смири, сега бев во вц и што да видам, пак крв и испаднаа парчиња од мене, кои не личеа ма засирена крв, буквално свежа крв. Преплашена сум, го чекам мм и одиме на дежурен, матичниот не ми е во Мк. Не знам што да мислам, премногу се плашам за бебињата. Зар е можно да ги изгубам...
Не сум од Ск, бев на дежурен. Ме виде докторката, од хематомот е крварењето, фала богу се намалил, а бебињата се добри, се е во ред со нив. Ми рече само плус магнезиум да земам, ме боцнаа прогестерон депо и дома на строго мирување, не дека до сега нешто друго правев. Во кревет легната почнав да крварам, не сум мрдната од кога прв пат ми се појави крв. Овие денови ми запре, значи ништо немаше и денес од никаде крв колку сакаш, од памет се извадив.
Ете и јас не можам да се израдувам ни на оваа бременост вчера точно 9та недела бебето големо расте убаво се ама се појавил хематом мал сеа за сеа и треба строго мирување и да не дигам тешко, ке полудам сеа на 40 степени во кревет само ем досадно ем не сум научена да лежам не знам што да правам веќе
Ќе мораш, да лежиш и стануваш само до вц. Терапија сигурно ти дале. Значи, многу ретко некоја да поминала без хематом. Гледам секоја втора од нас го имала
сега се формирал овие 10тина дена, на претходната контрола го немаше затоа и уште е мал наредни 3 недели ке се знае што ке биде уште да му направи нешто на бебето и во вардар да се фрлам
Не се плаши и јас имав хематом , па ене го 5 ипол години, прваче ќе биде. Знам низ што поминуваш, ама мораш строго вц - кревет, прогестерон ако рекле да те боцкаат и утрогестан и ќе се сузбие. Се ќе биде во ред.
Јас со втората бременост исто ко тебе...ми најдоа хематом на заден ѕид од матка па лежев на патолошка нон стоп примав магнезиум и на цтг бев постојано приклучена и на крај ми се смири крварењето но почнав да добивам болки и примив инекции за зреење и се породив спонтано во 32 недела, мора да мируваш многуу крв ќе ти тече од хематомот некогаш повеќе некогаш помалку....
Фала ти на советот, ама кај мене за среќа се повлече и крварењето веќе одамна ми се сопре. Сега сум 14+ недела и фала богу во тој дел сум мирна сега за сега.
Здраво јас сум 10та недела уште од 5та недела имам кафеав исцедок со понекогаш крвав исцедок уште на почетокот докторот не виде хематом а и не знаеше од што е крварењето бев и на второ мислење ни таму незнаеа од што е а вака видлив хематом нема. Во 7ма недела ми падна едно парце беше така цврсто но крваво одма бев на лекар се беше ок со бебушот пак објаснување докторот немаше.Крварењето се подсмири имам само како жолтеникав исцедок овие два дена денес осеќам дека ми паѓа некое парче одам во тоалет коа парченце бело сиво некоја измеѓу боја а внатре крваво да напоменам болки немам крварење немам само жолтеникав исцедок. Некој со слично искуство докторов ми е на одмор дури во среда е на работа ама како и да е утре ќе одам негде барем на ехо да ме видат.
Zemisi i magnezium I strogo miruvanje dodeka ne izlezes od 3 ti mesec, mene mi bese taka kazano, no jas cela bremenost si miruvav ne poslusav doktor bidejki doktor ko doktor da edna prosla druga dosla mn mu e gajle. Cuvaj se
Здраво имав крварење во 6 недела и ми дадоа боледување поради хематом и дијагноза заканувачки абортус кај матичната не бев јас и не им кажала колку трае боледувањето и дали е само 10 работни дена, ме интересира процедурата понатаму бидејќи бев на специјалист се уште е истата дијагноза дали треба да одам на комисија или може таа да ми го продолжи бидејќи мачно ми е да стојам таму во редици или може некој друг да оди
Со извештајот од специјалист ќе ти продужи матичната, т.е комисијата од 15 до 30 дена. Однеси го кај неа са поднесе за продолжување, а од кај неа треба да е две недели боледувањето
Боледување од матичен ти е 15 дена. После тоа штом имаш мислење од специјалист, матичната треба да ти даде предлог за продолжување на боледување со кое мора да се оди на комисија. Не мора и препорачливо е да не одиш сама, туку било кој друг во твое име.
15 dena od maticnata e boleduvanjeto i nema rabotni ne rabotni denovi se brojat i praznici i saboti nedeli posle toa maticnata treba da ti dade predlog za na komisija i oni ti odobruvaat od 15 do 30 dena boleduvanje i taka mozes samo dva oati da prodolzis posle toa ti treba kozilijarno mislenje i so toa mislenje pak odis na komisija da ti prodolzat i taka sekoj mesec.
mene mi najdoa hematom vo 9ta nedela sega sum 16+5 uste go imam no znacitelno e namalen pa ke probam na patoloska no kako stojat rabotite tesko davale pa ne znam kako mislat da idam na rabota teska fizicka e ne ti davaat tamu da odmaras cim si se pojavil na rabota a treba da odmaram povekje baska imam predhodno mised abortus ne znam sto ke se pravi i kako da zemam bolovanje podolgo od 2 nedeli