kako si dali ti zapra krvarenjeto za kolku dena i sto terapija ti dadoa i jassum iso sega vcera mi padna edno parce kolku golemo jajce krvarenje posle epten mnogu sega leza terapija imam no krvarenje uste tuka e pomalku no tuka e
Дали за секој хематом треба мирување? Моја блиска во рана бременост е, има кафеав исцедок, и кажаа хематом. Докторката и дала апчиња и кажала мирување и напоменав и јас колку што сум запознаена, ама гледам пак си шета. Дали има разлика во големината на хематом за строго мирување, или јас сум премногу паничар после се .
Imav hematom pogolem od plodot prokrvarev vo 9ta I 13 ta nedela ( 13ta bese obilno) Doktorkata mi dade terapija no mi potencirase DO VECER AKO IZLAGAAT PARTALI VEDNAS VO BOLNICA, SANSITE DA GO ZADRZAS PLODOT SE MN MALI…. Na pat nakaj doma si rekov TI MI GO PRODOLZI MENE ZIVOTOT JAS KE GO PRODOLZAM TVOJOT!!!! Od 13 ta nedela legnuvanje vo krevet so nozete krenati na sto povisoko stanav da popesacam vo 25/26 nedela, no prodolziv so miruvanje. Na svet donesov zdravo pravo bebule koe me raduva sekoja sekunda. Muabetot mi e, slusajte si se samite sebesi i veruvajte vredi i cela bremenost da ja izlezete.
Здраво, еве јас за жал и во оваа тема да прашам . На сестра ми кога беше 7+1 и направија сабајлето преглед и се беше во ред, за да после 2 до 3 саати почне да крвари чиста крв. Веднаш кај докторот ама друг не тој од сабајлето да и каже дека има на горната страна два хематома од кој едниот 3 см. Можно е да се направат за толку кратко време или тој сабајлето не ги видел? Фала богу сега е добра, мирува, не крвари 7+4 е денес, ама многу сме исплашени. Од терапија само прогестерон ништо друго не и дал .Инаку да напоменам дека е ивф.
Толку големи хематоми нема шанси да се направат за толку кратко. Ги нема видено претходниот доктор.. Нека мирува, нека си прима терапија и дај Боже да си биде сѐ во ред.
Заврши и мојата бременост со спонтан абортус на двата плода со преголем хематом кој ги повлече и двете бебчиња во 9+2 иако мирував буквално само до тоалет станував.Последните 3 дена лежев на оделение за да се прати состојбата и синоќа се деси најлошото.поради мало крварење ми беше прекинат клексанот од првиот ден на оделение значи 3 дена без клексан.Можно ли е поради прекин на клексанот да се случи тоа што се случи ве молам ако некој има некое искуство да сподели.Со бога напред до следното инвитро
Здраво, пред 2 недели имав крварење и на преглед др ми рече дека имам голем хематом, плодот е во ред да мирувам и ми даде соодветна терапија. Сега сум 9+, некни бев на контрола бебе е супер но хематомот стои. Во меѓувреме строго лежев. Откако искрварив само ден, два после тоа имав кафеав исцедок, но вчера повторно ми се јави кафен исцедок и на два пати парчина топчести паднаа сивкасти лигави. Се надевам дека така се празни хематомот, и др ми рече ако е кафено да не е крв, но сакам да слушнам ваше искуство. Иначе една успешна бременост и три спонтани и премногу стрес имам доживеано. Никако да уживам во бременоста
Какво уживање, бременоста е состојба кога се нема раат, за сè нешто се секираме. Инаку, продолжи со лежење и мирување, следи ги советите што ти ги дале. Нема друго, тоа може да направиш. Би требало да се среди. Ми рекоа дека до второ тримесечие би се средило и така беше. Е, има случаи и кога останува, но најчесто се повлекува. Примаш некаква терапија?
Да, примам утро, вечер утрогестан, на 3 дена прогестерон депо, мн витамини, поради тромбофилија аспирин кој после крварењево ми рекоја преку еден ден и клексан седој ден. Се правиме само Господ нека ни помогни
Каков магнезиум пиете, оној во кесички со Б-комплекс? Кај мене не е утврден хематом иако преку ден ми се јавува само минимално на бришење крв, докторот рече се е во ред и на 16-ти да одам на контрола. Кога му реков дека кога се раздвижувам тогаш прокрварувам ми рече па земи си магнезиум, а каков, колку, што и како не ми објасни. Па се мислам дали да земам и каков.
Која недела си? Јас од петокот имам розево на бришење, еднаш имам еднаш немам, док вчера на болница рече нема хематом, што ако не видел убаво, утре кај матичен сум па ќе види поубаво, 11+6 денес. Иначе бебе беше супер вчера се во ред. Сабајлево имав само малку како една линија влакно да речам на тоалетна. Вчера поќе лежев и денес ќе пробам да излежам, со дете 4 год дома нз како да лежиш Добростон пијам 2 пати по 2 апчиња и магнезиум директ кесички од 375 може и од 400 да си земиш. Па и аспирин пијам преку 1ден по 1 апче, вчера скокнав и денес сњ напив матичнот гин ми рече ако немало хематом да продолжам да пијам.
Јас сум 8+2, на 6-ти февруари имав на бришење крв, матичниот ме виде на ехо и рече нема ништо, нема хематом, срцето чука, не знам од каде си крварела. Пијам естрофем 3х1, еутирокс 0.25 1х1, прогестерон депо на секои 4 дена, пролутекс на секои 4 дена и утрогестан вагинално 2х2 секој ден. Ми рече покриена си со терапија немам што друго да ти дадам. Значи освен оваа терапија не ми се дадени витамини и ништо друго, кога прашав треба ли да пијам рече малку ли ти се овие.
Магнетранс наутро од 375, а навечер од 400. Слична терапија имав и јас. Може и витамин Ц да земеш од 1000. Јас пиев од 500, ми рекоа да зголемам и да земам од 1000.
Здраво, имав крварење само еднаш во 15 нед, од тогаш мирувам дома, пијам дабростон и магнезиум , сега сум 18+5 , после колку време се имате вратено на работа или да почнете да се движите, веќе дома не се доседува