Здраво на сите, пишувам еден текст кој можеби сега можеби понатаму ќе даде храброст и сила на некоја мајка во најтешките моменти. Најтешките моменти што и јас ги поминував тука барајќи барем мала утеха дека ќе биде се во ред на крај. Останав бремена со инвитро. После позитивната бета хцг и големата среќа следуваше шок огромно крварење. Мислев дека е крај. Бев во Систина на дежурен бета хцг беше уште поголема..Бев на ехо, бебето се уште беше тука. После неколку дена повторно огромно крварење, бета хцг уште поголема. На ехо срцева акција плус огромен хематом. Разочарување и среќа во исто време. Следуваа 3-4 месеци крварење, секој втор ден ехо, во 7ма недела хоспитализирана со контракции на 2 минути и ризик од спонтан абортус. Немаа што да ми прават ме пуштија дома и ми рекоа дека се е до тоа дали ќе издржи бебето вакво крварење. Крварев 3 месеци некогаш и парчиња, не можев до тоалет да одам. Депресија, страв, неизвесност. Милион инекции пак. Милион пати на пат кон болница мислев дека е крај. Еднаш му се укочи ехото на докторот и не се вклучуваше срцева акција, шок. Кога влегов во втор триместар крварењето помина.....Така бев малку мирна некој период кога повторно шок. Бебето касни во развојот на стомакот 2 недели. Иугр заостанување на развојот. Па така секојдневни цтгиња, високи ддимери.....за во 37ма недела да останам со една точка плодова вода само. Ме породија со царски рез и сепак на крај родив едно здраво и убаво девојче што сите кажаа дека е огромен борец........ Многу пати помислив дека е крај, но длабоко во себе уште од моментот кога ми го ставија ембрионот знаев дека тој ембрион ќе се роди. Тоа чувство ми ја даваше најголемата сила. Верувајте во своите бебиња и кога е скроз невозможно тие се најголеми борци и покрај се. ❤️