Еј и јас то го помислив , место да чекам уште месец дена, да му отидам за недела две ама па после си викам коагулатот го исфрлив откако се вратив ос контролата, тогаш почна многу пообилно и страв ми е сега да се друцкам пак по коли.Ке си седам дома)
Jaс со хематом и крварење патував ( додуша 2 недели обилно крварев и ко тебе мирував цело време) откако ми се смири крварењето сама си отидов на контрола, ама мене матичниот ме гледаше еднаш месечно, а приватната докторка кај што се породив ме бараше секоја недела и башка ми се јавуваше да види како е. Мирувај, чим ти се сопре крварењето, а со прогестерон ќе се намали и сопре, оди на една контрола.
Девојки можеби тука не е вистинското место да се обратам ама тука сте ми поактивни па ќе прашам.Сестра ми е трудничка 5 недела и плус некој ден.Беше на преглед има срцева реакција ама и хематом.Крварење нема.Нормално доби совет да одмара ама ве читам вас само релација кревет вц и толку.Кога прашала дали со кола смее да патува еден саат и дозволила,е сега незнам дали тоа значи дека не е толку страшно?!И дала да пие мислам добростон(ако грешам поправете ме мислам така се викаа апчињата по едно на 12 ч) упат за на трансфузиологија само незнам таму какво испитување ќе и прават и спомнала само крв од вена и толку.И и рекла да оди на второ мислење.Совет препорака доктор Систина или Ремедика кој би бил компетентен и добар за овој проблем и кое е тоа испитување на трансфузиологија? Фала ви и извинете на долгиот пост она била целата збунета и исплашена па и се не разбрала
Нека и е лесна бременоста , јас со прво имав 4 хематоми со различни големини ,патував со кола по саат и половина по 2-3 пати во месецот , со второ имав 4 хематоми и различни големини пак исто патував по саат и половина ама користев вагиналети утрогестан два пати на ден , едно сабајле и едно навечер ставав и гледав што повеќе да одмарам , сега со трето пак имам хематоми два и само еден месец користев утрогестан вака стопираат со растење хематомите и престанав со утрогестан , кај некои самиот организам ги уништува онака исчезнуваат по терапијата без да искрвари жената , а кај некои ги исфрла организмот така што искрварува жената и не дај Боже така е по лошо се зависи каде бил сместен хематомот .. Нека не се плаши , нека зима терапија редовно како и кажале и нека одмара повеќе
Девојки здраво гледам дека подолго време не е отворена оваа тема па сакам да прашам дали има некоја од вас хематом во рана бременост со близнаци за повеќе инфо..
Здраво, со близнаци не. Но јас имав хематом во 6недела го видовме и бев со обилно крварење.. Го имав до 13-14 недела потоа немав
Lola jas sum so bliznaci i imav hematom.uste nemav otiedno na eho za potvrda na bremenost koga vidov kapka krv i vednas otidov na dr.i mi kazaa deka kapkata krv bila od hematomot sum bila togas 5+3.mi kazaa miruvanje pa jas dobri 3 nedeli strogo miruvav stanuvav samo za vo wc.koga bev na kontrola za tri nedeli hematomkt bese veke povlecen.od terapija primav prolutex i krinon gel.
Докажано ли е од што настануваат хематоми на матката во бременост? Кои можат да бидат причините за нивното настанување? Можеме ли некако да го спречиме нивното настанување? И дали терапијата со клексани и аспирин може да ги створи хематомите?
Малку чуден е преводот, но сепак се разбира.. http://ma.ungurury.ru/bremenost-i-poroduvaњe/43362-hematom-vo-bremenosta.html http://ma.gurusbaby.ru/bremenost-i-...tom-na-rana-bremenost-kolku-opasno-e-toa.html И да, Аспирин, Клексан, всушност антикоагулантна терапија, само може да помогне во случај каде има хематом, но не и одмогне.
Хематом е згрутчена крв, Аспиринот може да спречи да се зголемува или да го разбие хематомот. Пиеш Аспирин, имаш хематом и крвариш, не можете да го сопрете крварењето?? Трансфузиолошки резултати како се??
Јас имав спонтан во 7 недела од бременоста. Имав крварење, ми рекоа хематом. Примав аспирин и клексани заради вродена тромбофилија. Затоа прашувам, можеби не требаше да ги примам и двете уште од почеток. Не знам што уште би испитала, во случај на нова бременост, да не ми се случи истото. Ова ми е веке втор спонтан абортус. Пред тоа имав три неуспешни ин витра.
Јас во последнава инф постапка, па и цела бременост не пиев Аспирин, бидејќи претходните инф, а поизразено претпоследното многу крварев и секогаш добивав многу пред терминот за добивање, што кај мене не се дешава тоа. Примав и Клексани. На 5тово инф кое беше со кратка постапка за време на стимулации не примав ништо, од пункција до трансвер се боцкав по еден Клексан, потоа по два Клексани. Околу 10та недела имав многу високи ддимери не ми уклучија Аспирин, туку плус Клексан, значи него уредно го избегнувавме поради минатото. Можно е да ти било многу терапија тоа, обично кога веќе има крварење Аспирин не се пие, само се дава Клексан, може да се зголеми таа доза или да остане иста, во зависност од состојбата и резултатите. Инаку да од Аспирин се зголемува крварењето, не секогаш, но најчесто, особено ако си го пиела и многу пред тоа.. Јас пиев Аспирин некои 3год и повеќе, за време на циклус го прекинував бидејќи многу крварев и ако циклусот ми траеше 5-7дена, со него 10-14дена. Ова не се случуваше веднаш, туку по некои 6месеци пиење. За испитувања верувам дека се имаш испитано, па само во наредна бременост сменете шема на антикоагулант. Можеби не било до Аспиринот, ама бидете попретпазливи.
Ти благодарам на одговорот, и јас аспирин пијам подолго време, сега прекинав поради спонтаниот. И мене докторот ми рече да прекинувам за време на циклусот, за да не ми биде обилен. А има ли некое испитување, каде што може да се докаже дали е потребно да се зема аспирин или не? И на колку време ги проверуваше д-димери во бременост? И проверуваше ли нешто друго освен нив ? Мене д-димери ми се во ред, примав клексани заради вродена тромбофилија.
Ајде со ред. Вродена тромбофилија знаеш ли што е? Просто кажано имаш склоност кон згрутчување на крвта, создавање на тромбови, прв показател се високи димери и ниски времиња. И јас имам вродена тромбофилија 85% ми покажа на тестот во Ману, па затоа и ми го дадоа Аспиринот како терапија, секако и поради лошо минато, имав белодробна емболија, но ми рекоа да го пијам до остварување на бременост, значи повеќе не пијам. Димери и на мене ми се супер, во бременост нормално е да се качуваат, секако до некои вредности, самата бременост е коагулантна состојба. Мене освен тој резултат во 10та недела кој остана како знак прашалник и дали и беше точен, отидов на пораѓај со 1850, цела бременост 2×1 боцкав Клексан, престанав 12ч пред царскиот рез, значи се прекина бременоста. Дд ете ОК ми беа, но времиња катастрофални имав, па од 34та ме спремаа за пораѓај. Покрај дд испитував и времиња, крвна слика, контроли правев на 2 недели, некогаш и на една. Такво испитување нема, ти дале да пиеш Аспирин ради резултатот, што секако е како подршка, но нешто кај него може не ти прија, така да смени, некои пијат нешто друго, консултирај се со трансфузиолог, а можеш и со интернист па сменете. Ако не се лажам кардиопирин даваат.
Ти благодарам на одговорот, многу ми помогна. А тоа што викаш "испитував времиња", се фактори на хемостаза???
Да, фактори на хемостаза е тоа. Дај боже да сум ти од помош, па во скоро време полно меше до крај и бебе во прегратки да гушкаш
@eta и јас бев како @emkaemka . Ми прекинаа Аспирин заради крварење, инаку до кај 13та недела крварев, а клексанот ми беше зголемен. два клексана на ден, 4ка и 6ка. Во нормални услови имав нормални димери, ама со бременоста се искачивме до облаците. Уште кога видов II имав 5000. Немав ништо од Ману, не стигнав да испитувам таму.