Јас имав хематом мал до кај 10 недела како последица од претходната бременост (завршена со абортус) така ми кажаа. Во 10 сам пукна, крварев само 2 минути ми потече црвена крв и толку после само како на завршување кафена додека легнав утредента немав ништо. Пиев дабростон 3 пати на ден и 1 неделно прогестерон примав. Бебка е добра 19+3 сме
Јас имав хематом во првата бременост, капка крв немав ни на бришење ни на гаќи, па во 9 недела престана срцето да му работи на бебето. Незнам дали од тоа или така требало да биди ама ете се случи. После киретажа хематомот уште стоеше и после прва менструација го снема. Ти одмарај колку што можиш, чувај се.
Јас носам близначииња 5та недела и имам мал хематом ама и матичниот и докторката на болница кај што отидов на второ мислење ми рекоја секоја трудница има, да не се плашам
isto i jas so bliznaci uste na pocetokot vo 5+4 mi vidoa hematom.lezev tri nedeli strogo miruvanje plus krinon gel i prolutex.na slednata kontrola go nemase,inaku ne krvarev
јас имав некаде до 9тата недела имав и многу кафеав исцедок а некогаш и крв со мирување и утрогестан се среди фала богу потоа го немаше .. сепак трите месеци треба повеќе да се чуваш..
Девојки дали од хематомот или малото крварење ( исцедок кафеав) сте имале некој проблем во резултатите на крвта за приската? Да ви се покачени или слично?
Не. Имав и мал хематом во 10 недела и кафеав исцедок негде 6 недела, а приската беше ок. Подоцна хематомот го снема.
Девојки ми најдоа хематом на 7ма недела и сум искрено уплашена, одма ме боцнаа прогестерон и ми закажа пак за 3 дена преглед. Имате ли совет искуства би ми значело да знам дека има и други. Бебуш е супер напредува иначе. Топло смеам ли да држам за да не ме боли? На што да внимавам? Освем лежење што друго ми е од корист има ли храна која би ми користела?
ТОПЛО НИКАКО, како тоа топло да држиш недај боже можиш триста глупости да напрајш. Лежи одмарај, не форсирај со напрегање. Јас имав хематом 5см во 6та недела до 13та. Цело време крварев додека исчезни хематомот.. Ти кажаа од која стана е? Ако е од горната страна нема никаков простор за паника. Со лесно
Никако топло, ни на термо седење ни бањи во када топли не се препорачуваат општо во бременост, јас имав хематом ми пукна сам, прокрварив во 13гн, ама господ чувал од зло се помина ок. Се боцкав прогестерон. Лежи одмарај само. Храна нема ни која да ти штети ни да ти помогне околу хематом.
Мојот пукна во 9 недела.Искрварив ко циклус да имам ама се заврши се добро.Строго мирување,лежење и редовна терапија.Јас лежев со недели.Станував само за до купатило.И примав утрогестан до 25 та недела 3 пати дневно
Ви благодарам на сите за одговорите, од денес се заковувам во кревет со некоја книга и не станувам. Дај боже да си се повлече сам а за инекции ако треба ке се боцкам и по трипати на ден само да му е добро на бебуш.
Во 16та недела од бременост ( пред една недела) ми открија хематом од околу 19мм. Ме испратија на трансфузиологија, резултатите беа океј. Крварење немам. Утрогестан примам вагинално. Дали треба да се плашам ? Некој со слично искуство ? Ви благодарам
Јас имав хематом на почетокот, 5 недела, имав 2 обилни крварења во рок од 10 дена. Ставав утрогестан 2 пати вагинално, пиев дабростон и ме боцкаа со прогестерон на 48 саати кога траеше крварењето, а иначе 1 неделно ги примав. Ми беше дадена препорака за мирување. Се среди се, го снема хематомот и еве до сега (37 недела) немав никаков проблем со бременоста.
Резултатите од трансфузиологија ми се добри, само утрогестан ми даде, а за терапија од трансфузиолог не сум била, така ми кажа. Многу сум исплашена, се надевам се добро ќе биде. Ви благодарам на одговорот.
Се ќе биде во ред. Додека не се повлече хематомот, мора мирување и терапија. Мој совет да инсистираш да те боцкаат со прогестерон инекции барем 1 неделно доколку немаш крварење и почесто на контроли за да се следи хематомот. Јас одев паралелно кај тројца доктори.