Mene mi rekoa vaginalno ama po 16gn. Posle krvarenjeto se sto bese vaginalno prekinav, a do togas crinone turav. Sea toa ke se docistuva uste mesec dena ne znam kolku e ok da butas tamu nesto ama neka ti kaze doktor sepak jas ne sum ni odblisku toa
Јас почнав вагинално само што престана крварењето, немав долго време кафеав исцедок се на се недела дена се чистеше. Не можеше желудникот да ми ги подеси апчињата орално и повраќав по 20 пати денот па мораше ма друг начин да се продолжи терапија. Сепак утре прашај си доктор иако до сега сите ми имаат кажано дека утрогестанот имаат подобро дејство вагинално.
Здраво, во 13 недела прокрварев и на доктор ми кажаа дека сум имала хематом кој прснал сега сум 16 недела сеуште крварам (после мокрење) боја како накај кафено кога малку кога многу кога ич, ми кажа докторот дека хематом немам сега воопшто туку во каналите само имало крв која се чистело и било нормално пијам доста витамини и утрогестан на 6 саата, прашањето ми е кога би престанало ова крварење
Индивидуално е кај секој , ама со оглед на гоа што немаш хематом веќе , мислам дека за скоро ќе помине . Јас прокрварев само 2,3 дена и потоа околу 6,7 недели имав кафеав исцедок . Кај секој различно , ќе помине мајка само одмарај си .
Zdravo zenski, Denes bev na pregled, ginekolgot mi vide hematom nad sakusot. Mi rece deka e rizicna bremenost i treba da se sledi. Dali nekoja imala nesto vakvo da mi pise. Bebeto e dobro ima srceva reakcija. Vi blagodaram
Релација кревет тоалет (лежење постојано) многу витамини, позитивни мисли, зависи колкав е кај мене прсна крварев сега се е во ред фала му на бога, ќе биде се мајка ! Можно е и сам да го снема до нареден преглед!!
Дали мора да очекувам да прокрвавам ако имам хематом? Дали се зголемува/намалува со тек на време? И дали има потреба да идам почесто да го следам? Малце во збунка и паника сум... Мене на ехо ми се виде мал, не го ни измери, ми кажа за активност колку можам, да не се преоптоварувам само и ми препиша утрогестан за секој случај...
Не немора да значи дека ке прокрвариш Мислам дека се што постои на интернет во врска со хематом се прочитав и за среќа не сретнав нигде лош коментар или лошо искуство, пиев и јас утрогестан на 6 саата, прогуглај полесно ќе ти биде.
Во 13 недела прокрварев предходно не ми беше виден на ехо и кога отидов тогаш ми кажаа дека е хематом кој прснал, опушти се следен преглед можно е да го немаш воопшто
Здраво девојки, еве го и мојот проблем. Ми доцнеше 10 дена и направив тест кој излезе позитивен. Денеска бев на доктор и докторот прво ме гледаше на ехо но неможеше да види ништо и ме прегледа вагинално. Кога почна да ја гледа матката виде дека постои бременост но не одговара на неделите според последната менструација, односно плодот бил многу мал, исто така ми рече и дека имам хематом кој е подалеку од плодот но и поголем. Ми препиша Дабростон, Магнезиум и Фолна. Повеќе ништо не ми кажа само ми кажа само ми кажа контрола за 10 дена. Јас досега немам прокраварено ни капка а читав искуства дека жените со хематом имаат крварење.Ми рече овие 10 дена строго одмарање. Ве молам доколку некој има вакво искуство да ми каже нешто повеќе. Збунета сум и скршена
Јас со 3 негативни теста и видена на ехо кажано ми беше дека не постои бременост, после 21ден доцнење имав позитивен тест и сега сум 22 недела, мислам дека најправилно би било даа отидеш на 2ро мислење, хематом сега скоро секоја 2 3 трудница го има (ништо страшно )
Не се плаши. Кога дознав дека сум бремена по неколку дена веднаш отидов на гинеколог. Во тој момент немаше ниту срцева акција затоа што бев 5та недела. Докторката виде и хематомче кое нормално беше поголемо од плодот затоа што во таа недела плодот е колку точка, сосема мал. Земав Дабростон, Магнезиум и ПреМама витамини. Многу мирување. По две недели отидов на контрола, слушнавме срценце, хематомот беше повлечен. Еве фала Богу, терам 29та недела На почетокот плодот беше помал од неделите кои се броеа затоа што имам нередовен циклус, но сега е сѐ како по книга. Полека, без нервози, мирувај, земај терапија и ќе биде во ред.
Ви благодарам многу Јас од вчера почнав со терапија и мирување и дај боже да биде со во ред по 10 дена. Работам од дома во седечка положба 7 часа, дали мислите дека тоа би било голем проблем? Инаку останатото време ќе лежам.
Втор пат ми се случува да имам кафеав исцедок. минатата бременост ми се случи така да имам занемарлив кафеав исцедок кој толку беше оскуден што не му придавав значење додека не се претвори во крварење и на крај спонтан во 18 та недела. затоа овој пат на секоја капка трчам на дежурен. како и да е, денес ми рекоа дека има мал хематом, инаку сум 10 недела и ми препишаа устрогестан еднаш орално и еднаш вагинално. на извештајот пишува и мирување. прашањето ми е гледам од повеќе искуства сите сте мирувале, ама јас идам на работа и работата ми е таква имам движење не можам да земам боледување дали е толку страшно движењето
Поголемиот дел од нас оделе на работа исто, пред да се случи тоа. Штом советот е лежење, треба сериозно да се сфати. Треба мирување и мирување, се додека тој хематом не се ресорбира. Ти си знаеш, но не би ризикувала еден чекор ако ми кажале да лежам..
Zdr I jas sum vo ista situacija Kazi mi kako pomina Dali e se OK dali se povlecen hematomot Sto ti preporacaja Pozd
Da da se povlece, ne prokrvarev ni ednas. Primav progesteron ednas nedelno do 16 nedela sega go prekinav i utrogestan stavav savajle navecer, sega samo navecer. Sega sum vekje 16 +4 povlecen e skroz. Kje lezis i odmaras nikako sex i teshkk da krevas. Bev kaj nekolku doktori i me sovetuvaa deka do 12 nedela e rizicno i najubavo e da lezam. Ne mrdav od krevet samo do toalet. Terapijata demek nemoze mnogu da pomogne ama jas si ja primav plus i plodot mi bese nisko postaven. Sega vekje e krenat gore. Bidi pozitivna i odmaraj kje bide se dobro, ne znaci deka kje prokrvaris.
Jas prokrvariv vo 6ta nedela samo 1 den I potoa malku kafe o Sega sum 7ma imas srceva reakcija na 1ot plod no do nego e hematomot zatoa sum zagrizena terapija primam celo vreme doktorot vika samo gospod ako pomogne nisto drugo se nadevam ke e ok