Isto mi rece i Dimcev vo Sistina, do 12 nedela kako treba da bide kje bide nitu nie nitu terapijata moze nesto da napravi. Ama ti bidi si pozitivna. Sega sekoja vtora trudnica e so hematom. Odmaraj i dobro kje bide se
дали зависи положбата на хематомот за опасност од абортус и за колку време ќе знам дали порастил или не дали има опасност бидејќи кај мене е помеѓу 2та ембриона а сега само кај едниот има срцева реакција
Pa mene mi bese odma nad plodot i bese dosta pogolem od nego. Ako se pojavi gilemo krvarenje se plasat deka postoi moznost da go povlece. Ima slucai i koga ne. Zatoa vikaat deka e rizicno. Sekoj nedela odev na pregled i go merev .
Мој совет: побарајте второ мислење. На почетокот на првата бременост бев кај доктор во приватна болница заради загриженост (поради сега гледам банална работа). Ми беше кажано дека имам хематом, десетина пати поголем од "плодот" и ме испратија со дијагноза Заканувачки абортус. Едвај ја погодив вратата. Многу стресен ден-мислев дека ако мрднам ќе му наштетам н бебето. Едвај дочекав наредниот ден со солзи во очите да отидам на преглед кај матичната, која после прегледот констатира дека хематомот е шуплина од матката неисполнета со растечкиот сакус. Никој друг не виде хематом до крајот на бременоста, а сите прегледи ги правев и кај матична и кај приватни доктори, ниту пак капна нешто од мене. Само стресот што го искркав и стравот наместо среќа дека сум бремена. Поентата ми е, пазете се, не е наивна состојба, но ако можете, барајте второ па и трето мислење. Сакусот од Заканувачкиот абортус сега има 4 години, а мама пак бремена и назад кај екпертките од Фемина форумот. ПС. Ме погоди темава и емоциите низ кои знам дека минувате. Само позитивно, повеќе радост отколку страв и да ги топориме мешковците уште многуу недели.. Или барем до 40
Здраво да ве прашам за мислење дека и јас се соочувам со хематом поголем од бебето и над него е скоро цел плод го покира матичниот вика многу му смета на плодот за да се развија пијам еднаш навечер утрогестен инаку по менструација сум 8 недела но кај него покажува 1 недела помалку ми вика работата не е проблем да идем и дека само чудо од Господ ни треба а јас што читам сите одмараа и лежат плус сега во четврток сум на контрола и шанса му давамо на плодот ако не напреднал ќе мора да го исчистим многу мие тешко. Извините на долгиот пост и дали некоја се соочила со ова?
Јас имав хематом одма над плодот, ама не му сметаше во развојот зошто беше надвор од таа кесичката каде што е сместен плодот. Беше лошо ако прокрварам може да го бутне. примав утрогестан вагинално 2 пати на ден и прогестерон инекции до 12 недела и лежење нон стоп, само до тоалет станував. Кај мене хематомот се повлече сам до 13 недела. Немав проблем од типот на крварење ама одмарав цели три месеци и на преглед секоја недела да се следи. Беше многу поголем од плодот во почетокот после плодот си порасна.
Кај мене не заврши добро во 8ма недела на контрола кога бев плодот се намали како за 6та недела и после една недела морав да правам киретажа Се надевам кај тебе ќе биде со успех
А докторот е шаман или доктор?! Затоа побарај си второ мислење, уште во понеделник, ако има опасност самиот гиниколог треба да ти препорача мирување, не да се стресираш дополнително во, и така, стресен период.
Да и јас помислев ќе идем сигурно фала ви на подршката потребно е за сите. И никој од се ова да не доживи, но ете мора низ секакви искушенија да пројдемо само добро да биде на крај
Сакав да ви кажам дека не е добро бев на второ мислење и утре сум кај матичниот сигурно апчиња ќе ми даде и ќе се исчисти...
И јас поминав низ истото пред две недели Кажи ми какво објаснување ти дадоа за хематомот од што се појавил и што понатака мојот доктор не ми објасни ништо Со нови сили сега мора напред нема откажување
Ми рече дека кај не треба таму ќе никне кога се зачнувал ембрионот пуштал корења и некаква киселина за да направи место кај да расте и во тој момент погаѓа крвен сад кој после пука и останува во матката и ете ти проблем значи никој не е крив туку Божја работа. Многу ми е жал , но секое лошо за добро е. Ќе видам јас утре што ќе ми рече и како ќе поминам. Ти како помина?
Јас киретажа правев со целосна анестезија е за 30мин е готово лежиш уште некое време заради анестезијата Само уште не ми е прекинато крварењето земав и капки и антибиотик
Побрзо да ти пројде па во поскоро време со убави вести двете нема откажување❣ мене ми рече со апчиња , но многу болело неиздржливи болки малку страв ме фаќа па ќе видим утре ќе го прашам подобро.
Не знам зошто со апчина така може да има ризик да не се исчисти убаво па да мораш пак со киретажа и апчината ги плајкаш нормално а киретажата не
Не знам демек подобро да не ме гребаа немало потреба ќе се средело со апчиња и по 2 месеци вика пак можеш да останеш, а и излеа многу е мало па веројатно сигурен е дека ќе го исфрлим целосно со апчињата
Бев денес на преглед и контрола кај Др Ивановски во систина. Хематом има огромен може вика беља да ни направи. Плодот за сега е во ред. Терапијата за крварењето тотално ми ја смени. Утрогестан ќе пијам 3х1(наместо претходните дабростон) ,алметекс 3х1,бромергон 1/4 навечер и еден куп витамини. Консултација со ендокринолог треба да направам за дали смее да се вклучи еутирокс тсх требало да е пониско од 2.5 и пролактинот е на горна граница. Дали можеби знаете ендокринолог што работи со трудници?