Дали ја сакате или ја сметате за тешка? Знам многумина би го избрале ова второто, но мене некако ми е мила на срце хемијата и многу ја сакам. Па и ако имате некои проблеми поврзани со хемијата, прашајте...
Мене ми е претешка. Незнам ама одсекогаш сум ја мразела. Оваа година, осмо сум, ама баш ништо не сфатив. Алкени , алкини ....
Аууу ич не ја сакам хемијата....никако да положам.И затоа сега си чекам проф. да отиде во пензија па се надевам некој нормален ќе го замени и дека ќе положам некогаш Мислам дека попрво би седнала да решавам математика отколку да седнам и хемија да учам
хехех И јас сум од оние кои ја сакаат хемијата.... од како знам се само хемија учам.... средно хемиско.... студирав хемија( и биологија) .... еднаш ако ја сфатиш суштината на хемијата ...после нема проблем... интересна е.... впрочем се околу нас е хемија...од најпростото нешто...водата...солта, воздухот... до сложените работи...кремите кои ги користиме за лице... парфемите...дезодорансите....се ама баш се околу нас е хемија.... дури и љубовта ...
Од хемија ниту Х не е блиску до мене единствено го знам периодичниот систем на елемнти и тоа онака од крстозбори ги научив, инаку врска немам
ич не сакам хемија, и така во основно имав една старка ништо не предаваше и сега во средно ми е уште потешко. сеа учиме нештоо бази киселинии и тие хем. врскии сеее бог да чува
У суштина хемија ми е една од полесните предмети.Во седмо баш и не и обрнував внимание поради пасивната наставничка која ме обожаваше и немав потреба да учам иако ги знаев тие работи од порано. Во осмо подобро се запознав со неа и посебно ги засакав јаглехидратите и органсакта хемија. Сега во средно се ми е познато и лесно, јас сакам практични предмети каде има нешто за мозокот а не Македонски каде треба да се буба и да се кажува песна. :geek: Искрено ме радува тоа што бар со неа немам проблеми а и не би требало со оглед на тоа дека ќе студирам фармација.
ммммм обожавам хемија, интересна ми е.. не за џабе студирам хемија.... Спојлер Kabuuummm with liquid nitrogen
Обожавам хемија ... Уште во 7мо го знаев цел периоден систем ...Кога бев средно во слободно време решавав задачи кои не ни беа во програмата, да речам некој вид на хоби ми беше :geek: . Сон ми беше да работам во нуклеарна централа и сакав да се запишам во Белград на факултетот за физичка хемија или пак во Скопје на технолошкиот факултет но но математиката ми е слаба страна и се откажав од таа помисла. На факултет немав предмет хемија и искрено многу ми фали. Омилени ми беа задачите за хемиски реакции, калкулациите, органската хемија ... Не признавам друга наука освен хемијата
Мислам дека основата што ја стекнав по хемија во 7мо и 8мо одделение од професорот кој ми предаваше тогаш направи да ја засакам хемијата. Одсекогаш ми била и лесна и интересна како наука и никогаш не сум имала проблем, иако во средно ми се сменија 4 професори по хемија во 4 години... Покрај хемијата многу сакам и биологија и биохемија (која малку е покомплексна но сепак интересна).
Во основно буквално ништо не знаев хемија, наставникот само за Реал Мадрид ни зборуваше и ние само тоа од хемија научивме. Е веќе во средно е друга приказна, многу ја засакав хемијата и планирам да студирам фармација.
^Исто и кај нас. За Шехерезад, за Бандиини... Многу се нервирам, затоа што ја сакам хемијата. Второ полугодие сега ни се смени наставничката и се' ги разбирам лекциите. Ама работата е што основата ја немам.
blaze si vi znaci od pocetokot ja razbirav hemijata sea nekako koga dojdoa ravenkite gledam na tablata kako tele vo sarena vrata nisto ne razbiram se drugo e lesno osven hemijata, se moze da se nauci a ova nekako mi e tesko
Сакам хемија, многу само не би се занимавала со тоа во животот инаку супер предмет е не е тежок само бара континуитет зошто работите се поврзуваат и мора да имаш добра основа!
Запишана сум на хемиска струка средни и да не сакам хемијата ми е главен предмет Не ми е тешко воопшто Учам две хемии Органска и Аналитичка и двете се лесни за тој што учи и се труди Баш дендес Аналитичка ми стави 4 за тромесечие
те молам оди и полагај за мене органска хемија ич не ми оди хемија т.е органска заглавив со неа на факс а да се пофалам за неорганска извадив 8 на жалост понеделник полагам
Ауу ептен јас сакам Хемијата! Ми фали последниве 3 год, не знам како се запишав на факултет на кој нема хемија. Аналитичката, фармацевтската (неорганска, органска), биохемијата ги имам поминато, и добар дел ми има останато во меморија.
До 8мо имав одлична професорка што дури и на час учев се, а дома немав потреба да учам и ја сакав многу, но ете сега не ми се погоди професорката и никако не ми оди.Инаку интересен предмет во секој случај, но доколку не го сватиш е тежок