http://sketchtoy.com/50990946 Повели Инаку, прво и основно мораш да ги научиш правилата кои ви се дадени во учебникот, чинам во голем зелен правоаголник се напишани. Потоа решавањето ќе ти оди како вода.
ке може некој да ми ја речи задачава вака е задачава определи го оксидациониот број на на атомите од елементите во соединенијата NH3 FeO H2S KOH H3PO4 KNO3 ако може некој денес да ми ги реши што побрзо за утре ми требаат благодарам однатред
и оваа задача ако некој може да ми ја реши овие задачи која од дадениве двојки е посилен редуктор (редукционо средство) под а Na i CU под б Pb i Zn и оваа задача ако парче бакар се потопи во сребро нитрат настанува под а бел талог од среброто под б сино обојување на растворот а не површински од бакарот се образуваат сребрени кристали под в црна супстанца од создадениот сребро сулфид под г нема да дојде до никаква реакција знам дека сум досадна со задациве ама кога незз да ги решам што да правам
http://sketchtoy.com/51211856 http://sketchtoy.com/51211978 http://sketchtoy.com/51212009 http://sketchtoy.com/51212106 ----------------> за ова не сум сигурна http://sketchtoy.com/51212184 Повели, мислам дека би требало да се вака
http://sketchtoy.com/51212376 Се извинувам за два поста еден под друг, ама дозволени се само 5 линка во еден пост.
I.want.to.sleep фала многу а ови 2 задачи ги знаеш која од дадениве двојки е посилен редуктор (редукционо средство) под а Na i CU под б Pb i Zn и оваа задача ако парче бакар се потопи во сребро нитрат настанува под а бел талог од среброто под б сино обојување на растворот а не површински од бакарот се образуваат сребрени кристали под в црна супстанца од создадениот сребро сулфид под г нема да дојде до никаква реакција
Ај ве молам ако можете решете ги следниве задачи 1.Колкав волумен зафаќаат 2 мола CO2 (при стандардни услови)? 2.Колку атоми има во 60g K? 3.Да се определи волуменот на 3 мола CH4. 4.Колкава е масата на 6 мола KOH? Фала многу.
може помош за задачава само да ми кажете што треба да правам измери ја масата на една коцка шеќер и на едно метално клинче. Врз основа на измерената маса пресметај колкаво е количеството од секоја од овие супстанци и колку единки (атоми на железо и молекули шеќер) се содржат во тоа количество. фала однапред
1. При стандардни услови значи Vm=22,4 dm^3/mol n=2mol; V=? V= n * Vm=2mol*22.4dm^3/mol=44.8dm^3 2. m(K)=60g M(K)=40 g/mon n(K)=? n=m/M; n=60g/40g/mol; n=1.5mol N= n * NA; N= 1.5 * 6.022*10^23 = 9.033*10^23 атоми 3. V=? n(CH4)=3mol Vm=22.4dm^3/mol V=n*V=3mol*22.4dm^3/mol=67.2dm^3 4. n(KOH)=6mol M(KOH)=Mr(KOH)g/mol=Ar(K)+Ar+Ar=40+16+1=57g/mol m(KOH)=? m(KOH)=n(KOH)*M(KOH)=6mol*57g/mol=342g
Па како што ти вели задачата треба да измериш една коцка шеќер и едно метално клинче, или пак земи си произволно некоја маса. Кога ја имаш масата потоа лесно е. Ја имаш масата, моларната маса ја пресметуваш (претпоставувам знаеш како) и на шеќер и на железото т.е. металното клинче и бараш количество според формулата n=m/M. Кога ќе го добијаш количеството и на железото и на шеќерот само го множиш со авогадровиот број (6,022*10^23), односно бројот на молекули на шеќер со авогадров број и атомите на железо со авогадров број.
Да и јас сега треба да го правам ова па некој ако може подетално во лп да ми објасни Благодарам однапред
Претпоставувам дека си седмо одделение. Ние лани колку што се сеќавам со син ми го правевме вака овој експеримент. Од жица направивме фигура (ѕвезда, срце или сл), и ја намотавме со волнен конец. Во едно тенџерче ке направиш заситен раствор од шеќер и вода. Може и сол, но кристалите од шекер се повпечатливи. Ќе го загреваш растворот додека не се растопи шекерот. Не ја гледам улогата на синиот камен освен за боја. Мислам дека ние ставивме малку темперна. Потоа во топлиот растопен шекер ке ја потопиш фигурата. Треба да се остави некое време за да се налепат кристалите, но не многу долго оти камен ќе ти се стори кога скроз ќе се олади шекерот, па нема да можеш да ја извадиш. Ја вадиш фигурата и ја оставаш да се досуши. Толку се сеќавам, се надевам помогнав
ке може некој да ми објасни како се израмнуваат хемиските равенки на ппимер како се израмнила равенката 2Al + 3Cl=2AlCl3 ако може некој сто побрзо да ми помогне околу израмнуванјето на равенките благодарам однапред
Мислам дека треба да се има поставено равенка, па од стехиометриските коефициенти ќе се определи односот. Нека ме поправи некој ако грешам. Равенката или не е точно запишана или не е точно израмнета. Јас ја знам како 2Аl + 3Cl2 = 2АlCl3, а вака како што си ја напишала ти, за да биде израмнета треба да биде 2Al + 6Cl = 2AlCl3. Ама сепак мислам дека ти е испуштен број при пишувањето. За една равенка да биде израмнета треба од двете нејзини страни да има ист број елементи. Од левата страна на еднаквото колку реактанти има, треба да има исто толку продукти од десната страна. Индексите (малите броеви долу што се пишуваат) не смееме да ги менуваме. Израмнувањето го вршиме со помош на стехиометриски коефициенти (големите броеви кои се пишуваат пред елементите или елементарните групи кој се секогаш цели броеви, но само пред нив, значи не смееме да напишеме Al2Cl, а 2 да ни биде коефициент). Исто така, доколку после стехиометрискиот коефициент има два сврзани елемента, како што е во 2АlCl3, тој важи и за едниот и за другиот. Ако има повеќе - за сите. На еден елемент ако имаме и стехиометриски коефициент и индекс долу, тие се множат. Е сега, процесот на израмнување не може да се објасни само така, треба преку примери. Ама еднаш кога ќе сфатиш понатаму е лесно. На пример равенката 2Al + 3Cl2 = 2AlCl3 да ја израмниме во чекори: -Дадена е ваква: Al + Cl2 = AlCl3. Почнуваме од првиот елемент (Al). Од левата страна има 1, и од десната страна има 1. Одиме на вториот (Cl). Од левата има 2, а од десната 3. Треба пред нив да ставиме стехиометриски коефициент за да ги израмниме. Бидејќи не можеме да го направиме тоа доколку ставиме коефициент само пред еден од нив (не постои таков цел број кој кога ќе го помножиме со 2 дава 3, или обратно), ставаме и на двата. -Сега е Al + 3Cl2 = 2AlCl3, каде што двојчето во 2AlCl3 е ставено пред двата сврзани елемента и се важи и за двата, тоа е објаснето погоре. Сега Cl е израмнет, но! бројот на Al во десната страна се променил. Од левата имаме 1 Al, а од десната 2. За да го израмниме тоа ставаме стехиометриски коефициент 2 пред Al од левата страна. -Краен резултат: 2Al + 3Cl2 = 2AlCl3. Тоа е тоа. Ако не сфати од ова, напиши уште некоја равенка и ќе се обидам исто така да го објаснам процесот на израмнување во чекори. Се надевам дека помогнав.