Ја обожавам хемијата Уште од седмо ја засакав, а сега жал ми е што веќе не ја учев, едноставно се релксирав со решавање равенки
ммм....обожавам Хемија органска хемија израмнување на равенки (маж ми нема ) алкени алкани абе само Хемија да учам а не она глупа Математика
А супер е предметов и најмногу ја сакам органската хемија. Наставничката што ни предава хемија ништо не ни објаснува но ја сама си работам и бев дури и на натпревар и бев меѓу првите 20 од 200 деца што претставува голем успех за мене.
Ајјј хемијаааа Ахам, ја сакам, многу ја сакам. Од седмо ја засакав, се сфаќам, равенките ми се релаксација... Камо сите часови во денот да се хемија... Па тоа е како математика, ако ја сфатиш ја засакуваш, ако не ја сфатиш ја мразиш и досадна ти е. И многу е битно колку и како објаснува професорот. Мојата професорка супер предава, абе срцка е. Едвај чека да ја прашаш да приобјасни. Таа во основно малку зезаше, не беше таква, ама мене многу ме сакаше и никогаш не ми правеше проблем. А од професорот многу зависи дали ќе го засакаш предметот. Кога се запишував во средно се молев, дури и на мама и реков, само професорката по хемија да ми се погоди, пошто стварно ја сакам хемијата и сакам кога ми е убаво објаснето.
Хемија - Најпрво професорката не знае да предаде лекција, а со тоа доаѓа и до не знаење на учениците за материјалот.Само она ги знае тие задачи со алкени, алкини, алкохоли, киселини - повеќето викаат дека е лесно е хемија, а пак мене ми е смрт кога ке дојде тој час.С Самата наставничка ми ја даде таа лоша слика за овој пред предмет.
Многу зависи од наставниците во основно дали ќе ја засакаш хемијата или не. Во 7мо и 8мо одделение бев тапа по хемија, кога дојдов во средно имав многу тешкотии арно ама класната ми се погоди по хемија и пак добивав одлични оцени. Дури кога стигнав на факултет можам да речам дека ја научив
Уште од основно си ја засакав и си немав мака со неа. Нашата љубовна ковалентна врска продолжи во средно. Градевме планини од сулфурни киселини и нитрати се‘ додека суровиот школски систем на крај на трета година не и‘ стави крај на нашата романса. Размислував и за матура да ја полагам, ама се откажав откако сфатив дека треба цел материјал од четврта сама да си го учам
Хемија како наука воопшто не ми била интересна во основно ,а во средно немав бидејки се запишав во Борис економското, факултет завршив и таму немев хемија сега сум на магистарски и секако нема хемија, единствена хемија што ме поврзува е мојот сопруг за другата не ме интересира.
Ја сакам хемијата и ми оди премногу со едно читање ги сваќам сите работи и зато решив тоа да го искористам не одбрав соодветен факултет за хемија ама па затоа ќе магистрирам за нуклеарна енергија ...
И јас сакам хемија , ја обожавамм. Многу ми е интересно правењето на експерименти, решавање на равенки, пишување на реакции и сл. обожавам хемија.
барби , да те прашам ти колку год имаш? - јас имам 15 , па ако си поголема од мене , ако имаш материјали на компјутер некој материјали , пиши ми во лична порака да ти кажам меил, ако сакаш да ми пратиш...позз
Па и хемијата е истражувачка работа. Зар малку експерименти може да се направат со супстанциите и притоа да ИСТРАЖИШ кои со кои реагираат, која кога се издвојува, со кој процес и сл?
Ја искрено хемија ијам 3. Поточно имав 4, али на тестот добив слаба, и ми ја намали. Искрено не сум многу по хемијата, но интересна ми е. Пошо наставничката стварно се труди сите експерименти да ни ги направи и да ни објасни шо е можно по убаво. Само шо е лошо (или па добро) шо после секоја нова лекција скоро ијаме повторување. Можда нема да знам тогаш коа ќе повторуваме, али затоа па коа испрашува се потсеќавам на тој час и се е у ред. Иначе лани имав 4 хемија, али некако по тешко ја попраив... А сеа.. Искрено и мене ич не ми се јасни тие врски помегу алкени, алкини, алкани.. Ај битно знам дека секад се 4 валентни, добро и уше нешо, али не ме бива баш, поточно незнам како да ги нацртам... На пр: 2,3- диметил хекс-2-ен. И наопачки, незнам да ги прочитам.
уфф не сакам хемија и за оценка многу се мачам а другите предмети не ми се проблем но хемија и математика во основно немав добар професор и ништо не научив од него ,сега во средно добра е професорката и се трудам многу
Многу ја сакав хемијата, омилен предмет ми беше уште од седмо. Едноставно уживав на тие часови и никогаш си немав мака со тој предмет. Органската хемија ја сакав најмногу а и другите работи ми беа интересни.
Знам дека е крај на годината, но имам проблем,сеуште ставаат оцени,но незнам како да ја поправам оценката по Хемија ништо не разбирам и неможам да сватам што ми предава наставничката а незнам дали може после да ми ја поправат на Советот(свето нешто(ако ја поправат))???помош
хаххаах јас мислев дека сум единствена шо незнај Хемија..не се секирај срце и јас утре треба да станвам за крајна оценка..ништо не знам..а треба 1 цела тема да учам..а дремам тука на Фемина..и јас ств не знам како да научамм..најтешко ми е..и ств се чудам како ќе научам до утре