Не сум Фана, ама точни ти се. Инаку на јутуб има многу добри хемиски канали, може да ги видеш: https://www.youtube.com/channel/UCaUF73YX-uQTGwDB20I3n3g https://www.youtube.com/channel/UCEWpbFLzoYGPfuWUMFPSaoA А, ме претркала и Енџи
Ајде јас ќе пробам. Прати ми ги во лп @belchy сега гледам Пиши ми и ти лп ако можам ќе помогнам нешто.
Дали може некој да помогне, пријавив да полагам матура во средно, но има многу двосмислени прашања и не сум сигурна во одговорите?
Дали некој на форумов што е од генерациите од 2004 година наваму има одено на натпревар по хемија? Ве молам да ми пишете бидејќи ми е премногу хитно. Ви благодарам однапред
Со две-три реченици треба да ја опишам добрата и лошата страна на хемијата (се мисли за супстанците зошто се добри и зошто се лоши на пример за природата или за луѓето) ама и не мора само за нив, може општо да се каже за се во врска со хемијата. @fana ќе може малку помош или пак некој друг што знае?
@Mrs.Precious Секој ден од нашиот живот ги користиме придобивките од хемијата и хемиските рекации. Како пример се прехрамбената индустрија, текстилната индустрија, фармацевтската индустрија и слично. Несоодветното користење на хемијата и хемиските супстанции негативно влијаат на животната средина, почвата водата, воздухот а со тоа директно влијаат на животот и здравјето на живиот свет. Ова многу општо не знам колку сум од помош.
Хемијата е многу важна во нашиот живот зошто ни ги објаснува сите процеси што се одвиваат во околината и во нашето тело, а со тоа ни овозможува голем напредок во науката и секојдневието. Познавањето на хемијата ни помага да го разбереме нашиот метаболизам, а со тоа и одредувањето на минимално потребните и максимално дозволените дози на внес на супстанци, лекови, храна, нутриенти за правилно функционирање на нашиот организам. Но, со тоа што е задоволена човечката љубопитност преку хемијата и имаме познавање во кои дози супстанците може да ни наштетат на нашиот организам, тоа има и негативно влијание врз човечкиот живот и често тие познавања се злоупотребени во секојдневието.
Да работеш со хемија пример значи да се изградиш како личност со став и мислење за се и сешто, од се имаш познавање од текстил до анти ејџ прозводи тотално за се имаш информации, негативно е тоа што тешко се учат 12 букви за една супстанца али тоа со тек на време ке ти биде како песна.
Девојки дали има некоја со добро познавање Хемија за 3та средно што би сакала да предава еден час дневно во приватно училиште ? (5ч неделно) Предавањата се на англиски јазик.
Ќе може малку помош за израмнување на хемискава равенка? Значи пола саат и се мислам, со сите броеви пробав и никако не ми испаѓа.
Ca3(PO4)2 + 4H3PO4 ---> 3Ca(H2PO4)2 Ca 3=3 P 2 + 4 лево и 3 * 2 десно , 6=6 О 8 + 16 лево и 12 * 2 десно 24=24 H 4 * 3 лево и 6 * 2 десно 12=12