Фала. Сега видов на листот што сум пробувала да израмнам и јас сум пишувала 4 и 3 коефициенти ама ме бунеше тоа коефициентот дали се однесува и на елементите во заградата па сигурно таму нешто сум утнала со пресметките па затоа не ми испаѓаше.
Здраво, може ли да ми предложите некој добар хемичар, особено од областа општа и неорганска хемија. Потребни ми се приватни часови за спремање испит.
Може некој да ми каже дали ми се точни ковалентниве врски? Мислам дека BCl3 не ми е точна. Треба уште и за Cl2O да направам ама некако не успеав па ако може помош и за тоа.
Па да. А кај сулфур водородот е тотално грешно, според твоето водородот има 3 електрони што не е можно. Се надевам дека ти помогнав и убаво ги разбираш моите шеми. @Mrs.Precious
Ако може да ми објасни некој со неколку реченици, што е ковалентна, што поларна ковалентна, што е неполарна ковалентна врска и што е водородна врска? Односно ми треба да знам со какви елементи се образуваат тие врски (метали, неметали)?
Ковалентна врска настанува помеѓу два неметали, така што два атома делат електронски двојки (тоа точките погоре што ги има цртано Фана). Неполарна е ако е врска помеѓу два исти атома пример водрод и водорд (H2 е неполарна ковалентна), тоа е затоа што јадрата на двата водорода подеднакво ја привлекуваат заедничката електронска двојка. А поларна е ако е помеѓу различни атома пример водород и хлор (HCl е поларна ковалентна), тоа е затоа што еден од јадрата на атомите повеќе ја привлекува кон себе електорнската двојка, во случајов тоа е Cl. Водородната врска е сила на привлекување помеѓу водород од една молекула и електронегативен атом од друга молекула, најчесто кислерод, азот и флуор е тој атом.
Некој што знае добро за киселини и киселински остатоци може да ми пише? Во врска со номенклатура е повеќето.
Малку подолго ќе биде пошто ќе се спремам за тест и повеќе работи не ми се јасни затоа кажав во порака.
Може некој да ми каже кои елементи од периодниот систем имаат постојана валентност, а кои променлива? Пошто ми треба за тест ќе имаме формули на соединенија да ги именуваме. Знам дека елементите од првата група се едновалентни и кислородот знам дека е секогаш двовалентен.
Дали можете да ми објасните како се пишуваат формулите на соединенијата доколку го имаме дадено името. Како подолу на сликата само обратно, да биде дадено името на соединението, а да треба да се напише формулата. Знам дека како прво треба да се знае валентноста на киселинските остатоци ама понатаму не знам како на пример кога треба да се стави групата во заграда за до неа да се напише број. Дали може некој да ми објасни пошто на тестот ќе имаме вакви а не ги знам.
Тоа ќе го гледаш според периодниот систем имаш се на него, првата група ти се секогаш едновалентни, втората група секогаш двовалентини, водород секогаш е едновалентен, металите на средина имаат најчесто променлива валентност, пример железо ти е дво или тривалентен, цинк и бакар, едно или двоваленти, јаглерод е четиривалентен, кислород дво, азот, сулфур исто е променлив со повеќе валентности, флуор, хлор, бром ти се едновалентни.
Здраво девојки! Како би го именувале ова соединение? ch3ch(ch2ch3)ch2ch2ch2cooh Дали е 5-метилхептанска или 5-етилхексанска киселина? Фала ви многуу! ❤❤❤
Дали знаете некој во Скопје што дава часови на студенти и средношколци? Имам практичен испит по стехиометрија и се мачам ептен.
Zdravo, dali nekoj gi ima vo pdf forma ucebnicite po hemija za 3ta i 4ta godina od gimnazija da mi gi prati vo lp