И мојата приказна е истаа... А имаме една зачукана настваничка пред пензија(фала богу шо постои такво нешто)... а појма немам како ќе ја поправам 3-та... сите 5-ки само хемија 3 и сите наставници се чудат(ми го расипува просекот,за догодина на училиште во Италија)...а не да не сум учела цела година...туку таа не ме прашува...оти седеме 3 во клупа и мисли дека препишуваме,а кога седнам сама не ме ни прашува
не знам мене искрено многу ми е тешко..брат ми изиграва професор ми објаснува..ама јас ништо не сфаќамм.. ..како и да е не се секирајј ако ти се другите 5-ки ќе пиши шо ќе прај ..истото е кај мене..2 год имав 4 ..ама ова година нема кај да бега..ако не врски му е мајката
Хемија! Мене супер ми оди. Лесна ми е (тоа е ралативна работа, но мене ми е). Треба темелно да ја сфатиш. од почеток да ја сфатиш убаво и тоа е целата филозофија. + многу вежбање. Ако имте послаби оценки, научете ја последната тема и јавете се сами. И ако ви треба помош околу равенки и сл. тука сум, колку можам ќе ви помогнам. Спојлер помошта важи за 7мо-8мо одделенките и прва средно, пошто и јас сум дотука, до прва год!
ако ти се сите 5-ки на совет би требало и таа да ти ја пишат 5.. инаку хемија и мене ми е проблем, имам 5 но со мноооооооогу маки...
Kaко можи тие да ти се тешки не сфаќам..па јас тие на час ги сфаќав и немаше потреба дома да учам,само читнував и ми доаѓаше како повторување Не знам,мене хемија премногу ми оди. Ако ти треба помош пиши лп,ама крај на година е,не знам колку ќе ти помогнам.
предмет кој никогаш не го научив и никогаш не ми фаќал кликерот за тоа... женски во прва средно ем што не ме сакаше професорката ем многу се караф со неа и замислите во сите 5-ки ми спука 1 хемија и едвај на полугодие ради класната ми пиша 3 пошо ми квареше просек, и пак второ полугодие 1 ми стегна (не дека не знаеф за 2/3 ама ете кога ке ти се закачи некој професор) и на крај ама она баш едвај со пријатели со незнам што ја натераа да ми пиши 3 и така си завршиф прва, и во втора почнав многу да учам уште од почетокот ама за малер ми се падна истата професорка и сакаше пак 1 да ми пишит иако во втора ни пола збор не и реков, и сепак на крај со премногу труд и учење 4 ми остаи у сите 5-ки :/:/:/....фала богу трета и четврта немав хемија )..... и искрено поглуп предмет не сум видела (или ова го викам зошто не ми фаќа кликерот)
Како може најосновните работи до 1ва година да се тешки 2ра и 3та се покомплексни и мноооогу повеќе работи се учат, тоа до 1ва колку што памтам е само основи на неорганска хемија и почетокот на органска, а тек понатаму естери, етери, бензен, деривати, арени, сапунификации, феноли ехее. Хемија, многу лесно. Цел живот 5ка си имав, не се мачев да учам одма си сфаќав
Леле како ми идеше хемија во осмо дури можам наставничка да бидам а сега за прва незнам, ќе видиме...
Кога ти е професија хемијата и да ја сакаш и да не ја сакаш исто ти се фаќа искрено не ја сакав многу во основно ама сега ја сакам доста интересна ми е
Во основно ја мразев бидејки имав стара проф. и не учевме воопшто, ја мававме со пенкала моливи и гуми професорката на празни тестови ни ставаше 5ки. Затоа прва год. мака измачив со хемијата но имав многу добра проф и ја засакав.
Уште во седмо многу ја засакав хемијата омилен предмет ми беше наставничката ни беше толку добра и многу убаво објаснуваше што пола лекција ја учев што сум внимавала на час во осмо задачите ми беа раат можев по цели денови да ги решавам па затоа се определив за фармација.. Се надевам дека ќе ми биде лесно и оваа година
Едвај дочекав да заврши трета година, да ми се тргне од глава оваа ХЕМИЈА! 5 години учев хемија, тапа сум. Освен периоден систем, и тоа неколку елементи, ништо друго не знам
Хемија ми иде равенки ептен дека е у врска со Математика тоа а и за онака. Како цело заслужена 5 имам.
Наставникот што предаваше хемија до осмо беше поприлично строг и убаво објаснуваше. И башка интересен ми се виде предметот и го сакав. Ми идеа и израмнувања на равенки, задачи. Се. Затоа кога стигнав средно немав проблеми. Имав 5ки. И се што знаев хемија знаев од основно, со онаа професорка од средно отупев мислам. Не знаеше да објаснува ко што треба, па кој знаел од основно се снаоѓаше, кој не се мачеше. Еднаш кога го сретнав наставникот од основно му реков " Наставнику, фала што не теравте да учиме. Супер ни е хемијата. Да не бевте вие, јас и другаркава кој знае како ќе теравме кај оваа професорка." А тој се насмеа и рече "Еј, супер. Мило ми е чим ви иде хемија.".
Ја мразам хемијата со цело срце!!!!! Имам многу лоши искуства со таа проклета хемија,трите години изучување хемија во средно ми беа пекол. Годинава конечно го немам тој предмет,и можам да кажам дека учењето ќе ми биде за 80% полесно.