Хемија

Дискусија во 'Образование' започната од Barbie-mwa, 29 март 2011.

  1. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    и пак почнуваме со таа пуста хемија :@
    трета година сум, па се надевам ќе издржам некако
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не ја мразам хемијата, ама не ни ја сакам многу, сепак повеќе сум по општествените предмети и јазиците.
    Сите професори по хемија ми биле некако чудни , што знам, многу се нервираат за секоја направена грешка на тест или усно.
    А и не ни ја мразам, не ми е многу тешка :)
     
  3. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    120
    Јас ја обожавам хемијата :^) неее бе се зафркавам,јас усм од оние кои не ги бива за хемија :D :D
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ја сакам хемијата..уште во 7 и 8мо одделение ја разбирав одлично..потоа во прва исто така немав проблеми. Имам професорка која објаснува прекрасно само треба многу да внимаваш на час бидејќи учебникот е малку нејасно напишан и ако не внимаваш ништо не можеш да разбереш. Искрено мислам дека и оваа година нема да имам проблеми со хемијата. :)
     
  5. Poppy

    Poppy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    аааааа мразам хемијаа :@
    во 7 имавме една стара наставничка која беше пред пензија но жената објаснуваше толку многу добро што неморав дома да ја учам лекцијата но :!: за жал второто полугодие отиде во пензија и неа ја замени една млада која немаше појма од животот и лечеше комплекси со нас и ништо не објаснуваше и само тестови најавуваше :fubar: .Значи од тогаш не ми одеше хемијата и не ми оди едноставно :x
     
  6. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Хемија..си ја обожавам :inlove:
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Хемија си имам тест четврток, Господ нека ми е напомош :)
     
  8. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Ајде хемичарки помагајте вака како да напишам натриум хидроксид во раствор а како се пишува само натриум хидроксид знаете онака како формула јас знам дека NaOH е натриум хидроксид ама ме збуни задачава ап да прашам. Ајде ве молам помош итно ми е!!!!!!!!!
     
  9. bibini

    bibini Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    ууффф хемија :devil: :devil: :devil:
    СТРАШНО Е! :(

    Мозоков ми е блокиран луѓее :( Што беше HNO3?
     
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    ^^
    Азотна киселина, ако не грешам :)
     
    На bibini му/ѝ се допаѓа ова.
  11. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски

    Натриум хидроксид е NaOH, а раствор на натриум хидроксид ти е исто само пишуваш во заграда р.р - NaOH (р.р). А како гласи задачава поконкретно? :)

    Инаку HNO3 е азотна ( нитратна ) киселина.
     
    На trendafil1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Прашање до оние кои ја сакаат хемијата: тема која вие би сакале да ја испитувате/изучувате??
     
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Хемија-единствен предмет кој го учам со задоволство :)
     
  14. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Ќе се сложам со постот погоре.. :) ..хемијата ми е едноставно интересна за учење, а за оние општествените науки сум дудук.. :lol: :$
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Нешто од биохемија-ако е темата за семинарска. Секогаш може да се најде повеќе материјал, за разлика од неорганската хемија. Ништо неможе да се испита/изучи од израмнување равенки. :?:
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    Едно време немав никакво мислење за хемијата, а потоа дури и ја замразев. :worried:
    А тоа беше зашто во основно имавме една ненормална а патем и склеротична наставничка што место да земе да предава и убаво да објасни, она си грееше ручек на парно. Е браво бе! :fubar:
    Во седмо првото тромесечие сакаше само да не заплаши со едни нејзини изреки кои потоа ги употребуваше цели две години, и ме крена еднаш да одговарам се знаев и само за едно прашање што помешав нешто, ми вика седи да не ти ставам единица. :o Туку, ајде да не објаснувам подробно да не бидам оф-топик, битно од неа ништо не научив. А за во ЈБТ, професорката прилично добро објаснува ама џабе кога јас немам никаква основа. И да ви кажам право, иако оваа новава е строга ептен и бара да е штама на час и сите и се тресеме, го поштувам тоа што 2 часа пред тест ни даваше да вежбаме задачи и ни објаснување се и сешто, ни кажа се што ќе имаме на тестот што некои други професори не го практикуваат.


    И во овој момент, хемијата ми е многу поразбирлива од физиката (иако до некаде се слични), која неможам органски да ја поднесам, т.е не баш целата, туку делови од неа зашто и во неа може да се најде нешто интересно. :) Да, убава наука е хемијата, интересни ми се супстанциите, реакциите во кои тие стапуваат и слично само израмнувањето сега за сега ми оди тешко, валентноста оваа многу добро ни ја објасни и топ сум за тоа. :) А зашто ја сакам ептен биологијата која е исто природна наука, мислам дека добро ќе се снајдам и во хемијата, интересна ми е. Ама сепак повеќе ја преферирам органската хемија и граничните науки како што се биохемијата, молекуларната биологија и некои такви слични што се поврзани со биологијата. :)
     
  17. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Не ја обожавам но барем полесна ми е од физиката 8)
     
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Баш така, само малце повеќе си ја сакам физиката, а не знам зошто, кога потешка е од хемијата |(
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    22
    Може ли некоја што студира Фармација, да ми пише лп или тука-сеедно, како е, дали е многу тешко затоа што јас планирам да учам за фармацефт, само што јас не сум нешто ептен по учењето.. ме мрзи да учам, ама кога учам сфаќам и разбирам.. ве молам..
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Девојко совет од мене ако не си по учењето ич да не се запишуваш фармација... Не е лесно, и не мојш да поминиш колку поминато да е ... Најдобра другарка моја учи фармација па збесна од учење...
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.