Ни јас не ја љубам многу хемијата. Тие експериментите да кажеш интересни се, или како по филмовине во лабаратории што мешаат, прават во тие колбите, ама кога ќе ми текне на валентност, врски, раствори, масени удели, односи, е тогаш ми се темни пред очи. Ама добро па подобра е од физика кај кај, физика па црева ми се превртуваат кога ќе ја смислам.
Единствена хемија што ја сакам е фармацевтска хемија. Учеме за лекови и нивните имиња, моментално за антибиотици, кои спаѓаат овде, за што се користат и кои се. Малце е тешко, но го засакав предметот, благодарение на професорката.
Ууу обожавам хемија..дома нон-стоп си барам некои експерименти такви ствари..и планирам да се запишам на ПМФ-биохемија или на фармација..едвај чекамммммм
Старбакс ти значи колешка ми си хахаха и јас учам фарамцевтска хемија и имам учено биохемија и тоа е интересно
Не дека предметот ми е НАЈОМИЛЕН туку ја сакам хемијата заради наставничката ........ СЕПАК И ЉУБОВТА Е ХЕМИЈА !!!!
О да, сакам Хемија. Пред се, ја сакам зашто имам добра основа. Во основно наставникот предаваше со љубов и беше премногу добар. Од професорката во средно, не верувам дека некогаш ќе се пожалам. Толку фина, а строга. Има толкава желба да нè научи. Кога ќе отидат во пензија, образованието ќе изгуби на квалитет. Потпишувам.
Помош Правилно е 2 метил 1 хлоро пропан или 1 хлоро 2 метил пропан ? Спојлер мислам првото според мак. азбука ама...
Хемијата-љубов ми е.. Не ја сака секој..Но ете јас ја обожавам.. Мајка ми хемичарка.. веројатно гени..
Ме прави целосна - како израмнување хемиска равенка. Добро, додуша прво бевме како спротивно наелектризирани јони, зошто тогашната професорката ме нервираше и станував возбуден електрон на висока температура. Сега ми е еден од најважните предмети, како спроводник од прв ред. Ма, коњугиран пар ми е! И како што професорката знае да каже - Хемијата е љубов. Љубовта е хемија.
Сеуште не учиме хемија во школо но бидејки мајка ми е професор по хемија знам доста за неа. Некако забавно ми е кога и помагам во експириментите. <3 <3 <3
Епа сеа бидејќи видов дека ја сакате хемијата, ќе ве прашам нешто1 Дали знаете која е разликата т.е по што се разликуваат молекулите на едно соединение? Поздрав...
Мене не ми е мн. тешка..но ако учиш се ке ти е лесно - мама така вели - ПА ШТО и точно е само мене ме мрзи
Хемиска дефиниција за љубов: Љубовта е отровна супстанца, растворена со мала доза на љубомора, која не трпи присуство на трет елемент.