Хемијата ми е еден од најомилените предмети Не знам зошто... најверојатно заради професорката во основно која беше целосно срце и се ни објаснуваше на наш јазик. Сега ми е една караконџула која не ја поднесувам, ама сепак љубовта кон хемијата ми стои во срце
^ Тоа се: АlF3-aluminium fluorid,AlBr3-Aluminium bromid,AlI3 aluminium jodid i AlCl3 al.hlorid Тие се,бидејќи не можев да напишам индекси во долен десен агол,пишував големи бројки,тоа 3 е индекс,не коефициент.
Лилавите се халогениди бидејќи спаѓаат во халогената група. Според валентноста ќе си направиш формули, без астатин.
Не сум ја сакала многу Хемијата ама треба да се трудиш да извадеш повисока оценка . Јас со 4 среќна си бев ништо фазла не ми требаше .
Ич не ја сакам!Ми го уништува денот кога имаме Хемија! Па среќа моја уште годинава имаме.Јеееееееееееее
Сакам хемија...омилени ми се биохемија и органска.За аналитичката не знам дали имав лоша професорка па некако тупаџиска ми се виде на почетокот. Ако немаш добар професор или добра книга да прочиташ се,многу тешко се сфаќаат некои работи.Во средно имавме еден учебник од академикот Шоп Трајанов.Човекот стварно премногу големо знаење има,ама така беше нафрлано и конфузно што се додека не стигнав на факултет некои работи не ми се разјаснија.
Ја сакам хемијата.Малку е комплицирана и бара повеќе да и се посветиш , но ако се потрудиш дефинитивно не е тешко да ја совладаш.
Хемичари и хемичарки , како се чита соединениево ? CH3-CH-CH3 Под вториов CH да има ОNa Спојлер Нешто алкохолат или фенолат е ама незнам како се чита .
некој ги знае овие задачи: 1. напиши ги продуктите што се добиваат при редукција на бутанал и бутанон 2. спореди ја реактивноста на ацетон со онаа на пропанал, при слични типови реакции 3. претстави ги со хемиски равенки: алкан - хлорокан - алкохол - алдехид ( или кетон) ако знаете пишете ми ги )
ајде женски едно малку потешко прашање за номенклатура на органските соединенија следното соединение е 4-етил-3,9-диметил-6-пропилундекан или 8-етил-3,9-диметил-6-пропилундекан? Не знам од која страна да бројам,бидејќи метилните групи се на исто растојание од двете страни. Се водев според следното правило When branching occurs an equal distance from either end of the longest chain, choose the name that gives the lower numberat the first point of difference.,ама во случајот метилните групи се исти,само етилната група го менва местото.Не знам дали е правилно да се земи помалиот број т.е. 4 - етил
Хемијата за мене е несватлива, можам само напамет лекција да научам по хемија иначе нема да сватам, а и наставничката незнае да ни објасни
ја обожавав хемијата..ми одеше премногу..дома никогаш не учев хемија а бев најдобра во одделение..штета што учев само седно и осмо..во средно немав
Нacтавничката по што ми предава хамија и биологија ми предва ама не знае ништо да објасни и има 65 години