кристализација со морска сол имам слушнато дека може а вака да ти кажам детали незнам може некој кој е искусен во оваа работа нека сподели и мене ме интересира
кристализација Па во вода се става син камен и некаква фигура од конец или жица и се загрева, се остава неколку дена да отстои и се појавуваат кристали на фигурата..и затоа што немам син камен а морам вечерва да го направам ова, ме интересира дали може нешто друго освен син камен да искористам )
кристализација Претпоставувам дека си седмо одделение. Ние лани колку што се сеќавам со син ми го правевме вака овој експеримент. Од жица направивме фигура (ѕвезда, срце или сл), и ја намотавме со волнен конец. Во едно тенџерче ке направиш заситен раствор од шеќер и вода. Може и сол, но кристалите од шекер се повпечатливи. Ќе го загреваш растворот додека не се растопи шекерот. Не ја гледам улогата на синиот камен освен за боја. Мислам дека ние ставивме малку темперна. Потоа во топлиот растопен шекер ке ја потопиш фигурата. Треба да се остави некое време за да се налепат кристалите, но не многу долго оти камен ќе ти се стори кога скроз ќе се олади шекерот, па нема да можеш да ја извадиш. Ја вадиш фигурата и ја оставаш да се досуши. Толку се сеќавам, се надевам помогнав
Девојки помагајте, утре тест правам и ми треба да знам делови на аналитичка вага тегови, ова она... Белким ќе се најде некој да ми објасни
Луѓе како се одредува формула според масен и количински однос, како и масен однос според количински, и количински според масен?Ако знае некој нека пише лп или нeка одговори тука итно е. Едит: И за задачиве ако може помош: Колкав волумен зафаќаат 3,5 х 10 на 24 молекули метан? Колку грама тежат 250 цм кубни азот диоксид?
како да познаам дали некоја молекула е поларна или не? значи нешто со тоа парцијалниот полнеж делта и стрелки некои ама објаснив за органски соединенија е.....
ај ако можи некој да ми објасни како се израмнуваат хемиските равенки, оксидационо редукциски равенки ?
Дрво невидено сум....7 и 8 ништо не се учеше хемија кај мене во школо уживанција затоа сеа едвај излегувам на крај.Сеа во 1ва добив 3ка на тестот а дрво бев незнаев ништо ама седнав научив само како се пресметува молекуларна маса и некои дефиниции научив и нешо успеав да препишам пошо професорката не е нешо при памет и 3 добив а сеа за тромесечије валда ке иам 4 ама може и 3 ама нмв ок е за мене
Бидејќи имам проблеми со интернетот не успеав да ја прелистам целава тема, можеби имаше некаде поставено исто прашање, ама ај јас да прашам... Кои се четирите халогениди на алуминиумот? Ќе ви бидам многу благодарна ако може до утре да ми одговорите...
Оваа година слабо, слабо .. Дај кажете ми како ги запамтувате тие формулите за дишење, за гипс за незнам што? Мора ли напамет сите да се учат? И ако можете да ми дадете некои задачи за наоѓање на масен удел, количество супстанца и слично, да вежбам? На интернет неможев да најдам.
Ај ако знае некој нека ми помогне. 1. Напиши ја равенката за добивање водород во реакција на: а) цинк и разредена HCl б) железо и разредена H2SO4 2. Напиши ги продуктите на реакцијата меѓу: a)Cl2+H2 б)H2+N2
Општи прашања Ај ако знае некој нека ми помогне. 1. Напиши ја равенката за добивање водород во реакција на: а) цинк и разредена HCl б) железо и разредена H2SO4 2. Напиши ги продуктите на реакцијата меѓу: a)Cl2+H2 б)H2+N2
1. a) Zn + 2HCL----> ZnCl2 + H2 b) Fe + H2SO4----> FeSO4 + H2 (разредениве јас исто си ги пишав...исто е ил ) мислам дека се вака.