Јас сега го земав Ректовеналот, се надевам дека ќе ми помогне. 3 дена имам крварење и блага болка после идење во вц, надворешно немам изгледа се внатрешни хемороиди. Од денеска почна и чешање во таа регија, ставав само надворешно факту ама ќе ставам со апликаторот вечер од Ректовеналот и се надевам бар крварењето ќе ми сопре.
https://nmd.mk/se-pravi-ednash-a-ke...ki-dhem-koj-nautro-ke-ve-isprazni-vo-tselost/ Не е на одмет да се прочита,можеби некому ке му се најде и ке му помогне.
@Leksikon во кои аптеги ја има ректовенал може пишува некаде не барав, не сум од ск. Во зегин и еурофарм се чудеа што е
Јас еурофарм имав земано, би требало да ја знаат... ако не барај по помаливе аптеки ќе ти порачаат веројатно без проблем. Јас имав и од Бети купено. Братучедка ми работи во аптека и така некако ја откривме кога им понудиле нешто ново. Нека побараат во систем на веледрогериите кај што нарачувале лекови ми рече и може да ти порачаат ако немаат
Поради внатрешни хемороиди и секојдневно напнување при одење во вц може ли да пробам неколку дена хепатромбин х супозитории? Пише 2 и 3 тримеатар може. Се плашам од многу што се напнувам.
Барај било која аптека што не е зегин Ректовенал. По состав единствено нешто што смее кај трудници, а и да ти помогне. Јас пред бременоат хепатромбин имав користено за ништо не го бива...
Јас веќе не знам што да ставам. Страшни болки имам луѓе, веќе се мислам на лекар да одам, кај се оди за хемороиди? Пробано кантарион,компир, измивање со ладна вода, на своја рака неколку пати ставив прокто синалар, некоја маст ставав од билна аптека, ректовенал, флебодиа пиев.. не и не. Секој ден сум катастрофа.. веќе не знам што да ставам 7ми месец сум.. а кај 9 ти.. со вакви болки како ќе терам не знам
Не.. заборавив да го пишам.. Сега се слушнав со мојот гинеколог. Вели да пијам апче за болка и земи маст од аптека која било, нема врска ми вика за аплицирање надворешно.. ама вика 7ми месец си, мислам ќе си ги носиш до крај Не знам друга маст која да ја купам веќе..
И мене ми излегол, еден е како што успеав да видам Немав крварење ама имав чешање, од ректовенал ми помина. Уште го имам ама барем да не крвари и да не боли. Само како што се распрашував си останувал за цел живот. Ректовенал не ти помага ?
Mo Modolex ili Antrolin? Antrolinlot , прилично ја фалат. Штом ти рекол гинекологот дека може било која.
Не.. еве веќе при крај е мастот. Страшно боли, штом седнам во вц одма боли, дали мокрам или по голема нужда нема врска, мене страшно ме боли. Нека седи и мојов ако сака, ама бар да не боли толку Па се мислев за овие два искрено, ама читав упатство, тука пишува да не се користат во бременост, за разлика од другиве креми кои пишува консултација со гинеколог.. и навистина не знам што да правам. Се мислев да земам сега хепатромбин х. Да пробам со таа крема..
Мене хепатромбинот ништо не ми помогна. Подобро прашај го гинекологот за некоја од овие две. Ризикот е поголем мислам во првото тромесечие. Секако не е добро ниту да трпиш болки.
Јас кога имав проблеми матичната спомна да ме упати на хирургија. Среќа па се смирија со ректовенал и не открив што е следно. Многу е битна исхраната да ти е богата со растителни влакна и да внесуваш многу вода.
Јас јадам многу овошје, почнав и повеќе вода, варам сливи цело време, јогурт баланс со житарици и џабе е се. На 3-4 дена со страшни маки одам во вц, мислам раѓам секој пат. А ми крвари и по мала ко ќе одам, веќе почнав и да не паничам знам што е. Нема спас од ова, исто и за првото ми беше и сега исто, едноставно превисоко ги носам бебињата и цел систем за варење ми е мрзлив, не ми функционираат цревата.
и внатрешно и надворешно ставам. Те прочитав тебе, дека само надворешно си ставала па затоа не ти поминало
Те читам тебе исто и мене ми беше....дури имаше моменти кога не можев да седнам а и да одам,а за крварење мислам сета крв ми истече од телово.