Јас почнав да ставам свинска маст, еве веќе неколку дена, немам болки ниту чешање. Се надевам и ќе се повлечат
И јас би пробала живеам странство овде докторката ништо не дава освен само вооода вода и вода и без седење дури ми рече ако е така и понатака нема шанси природен пораѓај да одам можело страшни проблеми да се направат
А мојот доктор ми вели или ќе се повлечат после породување или ќе ми пукнат за време на породување. Не било страшно демек
Лелеле докторите се значи нема што кај мене рече нема шанси природен бидејќи може да дојде и до пукање на слепото црево
Братучетка моја со хемороиди од 6ти месец и крварење и болки се породи природно. Бебето е скоро 4 месеци, а она е во агонија секој ден сѐ поголема и не наоѓа лек за хемороидите. Нема што не пробала... Во делириум е од болки, детето не може да си го гледа и да му се радува.. Гледајте да си ги решите во бременост и убаво размислете за природен пораѓај со хемороиди...
Среќа што и на тоа останало јас да сум на нејзино место би направила операција јас и пред да останам трудна размислував на таа тема нема друго решение
Јас го молев докторов мој за царски, не сака да слушне. Вели имаш широка карлица бебче мала глава има, хемороидите не биле проблем.. да сме пробале прво природно
Пробав факту, модолекс, невен ништо не помага како минат деновите се полошо стануваат , имав пред бременост ама еден само и тоа мн ретко се воспалуваше и со модолекс се повлекуваше и флебавен имам користено пред бременост се покажаа многу ефикасни тсблетите ама сега не знаам смеам ли кога му кажав на гинекологот само одоговори нормално е во бременост крема мачкај и толку . Од 8 ми месец како почнаа прво се контролираше со овие мастите а сега повеќе не помагаат, незнам што да правам веќе. И за породување се мислам многу ми е страв да не се воспалат ептен природно ако идам и излезат уште повеќе после што ќе правам многу повеќе би се мачела одколку со царски ... Неможам да седам да одам да лежам а немам ни тврда столица ништо , сигурно е од притисокот од матката
И мене ми се појавија во 9ти и се мачев со нив 3 месеци. Проблемот уствари бил дека сум имала и внатрешни, а јас ставав само маст надворешно. Купив Факту чепчиња и полека почнаа да поминуваат, сега немам ништо. Ако не помогне, Антролин мислам се викаше биле многу добри пробај и со нив.
Ставам и внатрешно со апликатор од кремите незнам дали би имало разлика чепчиња да купам сега побарав за антролин пишува дека состојките ја минуваат плаценталната бариера и не било препорачливо во бременост а и делува само на болката. Кога ќе се породам со сигурност ќе пиам флебавен активна состојка им е диосмин безбедни се при доење за ден два скроз се повлекуваат од нив барем досегашно искуство што имам аама дотогаш ќе издржам некако најверојатно уште две недели имам
Да, додека си бремена ништо без консултација со гинеколог. Мене за време на доење ми дозволија, медицинска сестра ми ги препорача и докторката рече нема проблем за ништо додека е локално. Едит: Состојките може ја поминуваат плацентата ако се земаат орално. Прашај гинеколог.
Јас во 8 месец од бременоста многу мака видов болки страшни ,земав флебодиа таблети по препорака од гинекологот и хепатромбин х маст се препородив за неколку дена ,се породив природно и мака никаква не видов од хемороидите .
Само што сакав да пишам за флебодија. Во бременост ги користев од 2 таблети веќе поминуваа. Ама во доење не ги препорачуваат, а мене ми се јави проблем и после пораѓај, па мачкав со кантарион.
Јас пак хемороиди добив после породувањето ,дали од напонот,ужас мака имав еден месец два,со хепатромбин мислам се средија.