Дали е можно од притисок на матката да излезат хемороиди? Јас имав 2,ама сега имам уште еден гратис ,кој е потечен и боли,не крвари ама болииии. Столицата ми е супер, одам секој ден најнормално вц.
Да, можно е. Истиот проблем го имав и јас, редовна столица, ама од 8ми месец ми се појавија и што не све мачкав, пиев и флебодиа ама не се повлекоа. Ама барем болката ми се смири и среќа не се влошија на пораѓај.
4 дена како боли. Едвај седам што се вели. Сега искрено ме фаќа страв како ќе раѓам природно со 3 хемороиди, да не се направам партал леле.
Јас раѓав со хемороиди После пораѓај веднаш ми се појавија 2 плус,внтарешни. Не знаев што повеќе боли, епизотомијата или хемороидите.
Јас имав еден хемороид, па при пороѓај истуркав уште еден, ама не ме болеа и не крвареа. Е сега пред 4 дена изгледа од притисок и тежина, не од тврда сролица, ми излезе нов кој е оттечен и боли. Сега некој страв ми е влеан да не истуркам уште некој плус па да биде од мори мајко.
Стaрски лек штo мене мнoгу ми пoмoгнa жив рендaн кoмпир нa пaмуче и директнo стaвен нa хемoрoидoт, измеѓу мaчкaв хидрoциклин пoмaгa мнoгу
Јас го најдов спасот со Ректовенал гел. Инаку едно досадно чешање имав...болно многу не ми е, ама јадежот катастрофа.
Незнам дали е случајност завчера се намачкав со канестен за вагинална употреба и видливо се намалиа, вчера повторив постапка за секој случај не ми се раѓа со хемороиди
Ако останам на овој еден што го имам не е страшно нека искочи, ама ќе биде забавно ако со самиот пораѓај искочат уште неколку. А шансите за нови со самите напнувања се огромни офоф....
Јас ставам канастен и се повлекува од него. Јас 1 имам не не боли ама пак мачкам и го снемува, по некое време пак ќе се појави и така.
Во првата бременост немав хемороиди, ми искочија после пораѓај. А сега во оваа бременост имам дури 2,ама не болат, мачкам хидроциклин
Многу досадни се. Како доктор, а и од искуство, само 2 работи. Хидроциклин е антибиотик...и треба да се избегува, плус хемороидите се "попуштени вени" во аноректална регија. Шро значи дека антибиотик, антифунгоцид(канестен) не може ништо посебно да делува и направи. Конечно кај нас пронајдов соодветен препарат, со диосмин во состав( делува на самата попуштена вена), нема кортико ни анестетик и се вика Ректовенал. Се надевам искрено дека ќе помогнам со информацијава на многу мајки и идни мајки
Кога ми се појави еден ставав рендан компир и хидроциклин, ама ми излегоа уште нови и од аптека ми дадеа маст на Леа за трудници и доилки и многу ми помогна, поминаа.
Od koga vi se pojavuvaat? Kaj mene pocna eden okolu praznicite ama go snema brzo se pismani se mislam bese poveke od praznicna hrana t.e.jadenje se i svasta.nego od bremenosta
Здраво, сакам да Ве прашам дали знаете дали може за време на бременост да се користи змиската маст од тиан де, против хемороиди?
Јас да споделам пред една недела прв пат ми се појави хемороид и тоа бев по голема нужда и многу ме болеше и на крај дури малку и крв имав се извадив од памет ама знам од што ми се појави скоро месец и некој јадев лути феферони секој ден и мои блиски а исто така и совет од доктор ми беше после секое одење по голема нужда да се измијам со ладна вода ама дирекно на задникот на чмарот( не знам како поинаку да одбјаснам) и навистина болката одма се смири и еве сега немам никаков проблем и секако престанав луто да јадам