Мила, шејкот сам по себе приготвен со млеко со ниска масленост не е калоричен, или барем не премногу, само 220 калории по оброк, но ова што ти ми го кажа е незамисливо, не знам кај си била, но дефинитивно ова не е ОК. Јас го приготвував со млеко 0.9 и не му додавав ништо, оние кои го пијат за одржување или дури и за поправње додаваат, чоколадни трошки, суво грозје, мелени бадеми, лешници, свежи овошје... И да во право си, ќе те најаде и ќе ослабеш и сам ако пиеш насабајле само една чаша млеко и едно овошје, но во составот на шејкот има уште еден куп други минерали и витамини кои не можеш да ги заситиш само со едно овошје и една чаша млеко. И ај ќе речеш досега како сме задоволувале така и одсега, но јас сепак не би сакала да сугерирам. Да, јас слабеам и сега со програма слична на онаа на Хербалајф, без шејкот, со регуларна диета. Навистина ме изненади со ова со чоколадното млеко и со сокот, дефинитивно не е во ред
^ Мене ми кажаа дека има 220 калории ако е приготвен со вода, така пишува и на упатството дека две лажици прав содржат толку Па кога го видов чоколадното млеко и соковите... ми се сврте, си викам чекај овие луѓе промовираат нешто здраво, па плус и за слабеење а триста работи ставија внатре... Многу лоша реклама, многу! Инаку бев на афтер ворк парти, така го викаат мислам дека, во т.н. клуб позади Рамстор. Супер си се забавуваа луѓето, онака се си беше ок ама дека ме убедија во било што од тоа што го кажуваат, далеку од тоа. За малку ќе лупнев толку пари за ништо. Добро е што се опаметив и решив здраво да ги симнам тие неколку килограми што ми се вишок, едно 5-6 и таман ќе бидам.
Не чини во секој случај Мила, јас сум искрено разочарана, бидејќи ова не е начин на кој се лажат луѓето. Јас искрено знам дека шејкот има 220 калории со млеко од 0.5, е сеа за ова не знам баш. А за со вода, знам дека не е убаво и дека воопшто не го препорачуваат. Секоја чест на Хербалајфовци, искрено да го знаев ова на почеток немаше да дадам толку пари, за мене ова е срам жив, катастрофа, ако не успееш да најдеш купци со призводот кој го нудиш барем не им создавај погрешна слика за истиот.
Борјана, за шејковиве имаме неколку страни наназад пишувано, се што треба е да прочиташ и ќе видиш неколку интересни работи. За тоа дали помагаат или не, за тоа како се набавуваат и како се конзумираат, прочитај, не се многу страни
Мила многу ми е жал што си имала такво не убаво искуство на една таква забава. Треба да знаеш дека во Скопје само има -7 клубови и сите на разлицен начин работат. Вцера на пример јас бев на една забава во еден друг клуб и шеовите беа правени на оној класичен и препорачлив начин со млеко од 1,5% масленост и да имаше и со џус но со цел да можат да пробаат и оние што постат и оние кои не пијат млеко. Инаку како што ти напипша Angel не можеш само со чаша млеко и овошка да ги задоволиш потребите утрински на телото. „Правот“ како што го нарекуваш всушност е дехидриано овошје и зеленчук и со технологија му се отстранети калориите. Секако без никаква сугестија,кога вообичаено кратиме на калории кратиме и на хранливи вредности а со шејкот на Хербалајф хранливите материи остануваат а калориите се кратат. шејкот не е магичен напиток туку само високохранлив, а нискокалоричен оброк. И во клубот каде што јас бев.... на различни луге им се препорачуваат различни програми. Не мозе жена од 0-7- кг да ја има програмата со онаа од 100 НИКАКО И повторно многу ми е жал за твоето негативно искуство.
^ Во чоколадното млеко имаше ставено сок, затоа шејкот имаше многу интересен вкус а не дека беше само со сок за тие што, како што викаш ти постат или не пијат млеко. Уште нешто, според мене колку клубови и да има, бидејќи се работи за истите производи мислам дека треба на ист начин сите да ги подготвуваат шејковите онака како што кажуваат дека треба, а не едно зборат - друго прават. Како и да е, мене една-две овошки наутро заедно со едно кафе, понекогаш и малку млекце му ставам навистина ме заситуваат до ручек. Секако пијам и многу вода и така можам успешно да функционирам. Наместо шејк почнав со УН диетата и пу пу да не се урочам, добро ми оди Шејкот можеби е хранлив, не викам дека не е, само што јас ете од тоа што го видов се разочарав и поубаво ќе јадам ако треба и по 5-6 овошки наутро ама нема да дозволам некој да ме залажува. Сепак секој си има право на свој избор. Јас веќе го направив мојот.
Јас летово бев во Америка и се изреметив целата, а мислам дека тоа ми беше највеќе од лошата исхрана. Ми се изремети менструалниот циклус, лицето ми се исфрли со бубулици кои никогаш не сум ги имала, а за тежината да не правиме муабет. Па затоа го пиев шејкот и менструалниот циклус после ми се поправи и почнав да добивам редовно како што треба, лицето ми се поправи, ми се повлекоа бубуличките, а и на килажа ослабев некое кило. Деновиве планирам повторно да го порачам за да симнам уште колограми.
Dali od ova moze da se oslabne 7-8 kg nisto poveke ne mi treba poveke i kako da najdam distributer vo strumica ??
Се купува исклучиво преку дистрибутери, во продавница го нема. Јас за да јадам поефтино се зачленив односно ја купив лиценцата, со неа добив и производи, но искрено ми беше прескапо на не продолжив, инаку за подетални информации пиши ми ЛП, да не ширам овде реклами, директни и индиректни Да се слабее, но немој да мислиш дека ќе ги ослабеш тие 7-8 кила, и ќе застанеш, повеќе нема да пиеш шејк, нема да се придржуваш и ќе си ослабеш ко ништо да не било. Мораш да го доведеш организмот под контрола, мораш да бидеш истрајна, така ќе успееш и тие килца никогаш нема да ти се вратат. Ко што кажав мене ми се покажа скапо и покрај тоа што ги добивав производите поефтино, но тоа е што е, сега сум на диета и ги симнав истите килограми како и со шејкот, со тоа што мислам дури и дека имам поголем успех за месец ипол, а не давам толку многу пари. За детали и за тебе важи, ЛП, да не шириме реклами
јас сакам да се здебелам и пробав се ама ништо уште со хербалајф не сум пробала дали некој пробал и какви резултати има ве молам кажете
Сестра ми користи хербалајф..... 3 месеци.. го користи за слабеење... не сакам да ја разочарам бидејќи е убедена дека слабее.. ама верувајте дека ниту еден грам не е ослабена, а се придржува строго спрема тоа што и го кажаа... така да НЕ за хербалајф, само парите ќе ги фрлите, а баш и не им се ефтини производите.
на брат ми другар го пиеше шејкот,му дадоа режим за исхрана тие консултантите...и ослабе таман си е сеа Спојлер иначе братучедка ми работи во хербалајф ако му треба ан некој цени нека пише ќе ја прашам па ќе ви кажам..
Јас земав лиценца,кој сака производи или да слушне нешто повеќе нека ме контактира. Си земав лиценца првенствено за мене,да ми бидат поефтини производите. Морам здравјето да го доведам во ред.Тоа е прво што морам да го направам,а второто нормално и да намалам некое кило Го пијам краток период,сега бргу почнав и сега за сега сум супер.Шејкот ми е превкусен
Женски од лично искуство шејковите се само џабе фрлени пари. Мене ми беше потребно да симнам околу 10 кг максимум, не симнав ни грам (а ги пиев и за појадок и за вечера). Позз
Тоа е затоа што шејкот без вежбање не прави ништо. Додатоците во исхрана се тоа не се замена за вистинска храна,иначе сите би пиеле по едно апче и немаше да конзумираме храна. Нема подобро нешто од калориски дефицит и сите што ви кажуваат магични и брзи резултати се само лага. Прашајте се како изгледаат тие после кога нема да го користат шејкот или кога ќе прекинат да го живеат стилот. Значи формула за успех е 3 пати неделно по 1 час активност преферирано тежински тренинзи и по 2 часа неделно кардиоваскуларни активности пешачење,велосипед,трчање итн.
Daaaaaaa!!! Jas oslabnav 8 kilogrami za 6 nedeli,vklucuvajki go i Veligdenskoto prejaduvanje...... Ako si seushte zainteresirana,pishi mi zatoa shto i jas sum od Strumica.
od 1vi Maj pa do sega so pomos na Herbalife namaliv 9kg i isto taka mnogu i vo obem. Rezultati ima, sprotivnoto moze da go tvrde samo onoj sto ne se pridrzava na upatstvsta, primer sto fajde ako go pie sejkot dva pati na den, a u meguvreme se iznajade sve i svasta. Licno jas odlicno se cuvstvuvam i imam mnogu poveke energija od prethodno. Od Kavadarci sum, ako ima zainteresirani slobodno neka mi pisat
Добар текст што вреди да се прочита. http://bodytypenutrition.co.uk/blog/life-with-the-shakes-a-herbalife-story/