skapo?? hmm i jas mislev deka e skapo, noga si ja napraviv matematikata mene mi e duri i eftino... kolku ke te cini primer sabajle koga ke pojadis burek i jogurt? ili pak jas nasabajle na rabota pojaduvav bake rolls i jogurt, i toa me kosta 65den isto kolku so me kosta i sejkot, obrok od herbalife... vo tekot na denot nema li da si kupis sok, cokolatce nekoe, smoki i sl... ete ti gi parite i za vtoriot obrok. Navecer koga ke izlezis da prosetas nema li da kupis plus uste nesto? Od koga go pijam sejkot ne osekam ic, ama ni najmala potreba za blago, znaci ne kupuvam cokolatca, smoki, drugi gricki, sokovi, so tie pari si kupuvam sejk, se osekam nogu podobro,i so e najbitno imam poveke energija, i da ne se podrecam ovie 2 meseci otkako go pijam sejkot se ne nemam razboleno, se nemam napieno ni apce za glava.
И како еден шејк е подобар од еден добар план за исхрана? Шејкот е замена за оброк,ако е замена зашто да не ја земам вистинската работа. Ако толку е природен зашто има сукралоза? Поминал низ термичка обработка и има соја протеин,извини али соја протеинот е еден од најштетните работи што ги измислила,индустријата за храна. Herbalife не може да замени еден добар план за исхрана,а ако го споредуваш со junk food,да подобар е,но не може да ми кажеш дека е подобар од балансирана исхрана и храна што сам ќе си ја спремиш дома.
Ми го испраа мозкот.Свесна сум,ама си го постсакувам.Вкусен ми е,пробав доста вкусови,ама несакам вечно да го пијам.Да не си качам некое кило кога ке го престанам??? Се мислам...
Прв чекор е да почнеш да учиш за здрава исхрана. Гледам дека си вегетаријанец. Во составот нивен има млеко,не знам дали го пиеш,исто има и соја протеин. Вкусен е затоа што има засладувачи кој не треба да се претеруваат. Научи за правилна исхрана и почни да уживаш во тоа. Запони замена за оброк нема. Зашто до сега сме јаделе 10000 години истата храна и сега да ја промениме, Треба само да направиш правилен избор. Јади повеќе зеленчук,риба,овошје и месо. Не стравувај да јадеш месо затоа што има полезни дејства. Ние сме сештојади и дизајнирани сме да јадеме месо и се живо што може да се искористи од природата. Ако некој не вика така во заблуда е.
ЗНАМ што е здрава исхрана,затоа и ви велам дека ми го испраа мозокот.Да,вегетаријанка сум.Моментално правам и доста здрави замени покрај вегетаријанството.И,сакам да бидам нутриционист.
И,да,и покрај тоа што сум мнооогу едуцирана вов рска со исхраната,не ги применувам здравите навики.Незнам зошто.Понекогаш едноставно си мислам дека неможам и си терам онака по стара слава.Неделава решив навистина да се променам,откако ми го испраа мозокот овие Хербалајфовци.И правам доста здрави замени покрај вегетаријанството.
Добар тренер и нутриционист е тој што се победил самиот себеси и знае како да се храни. Само тогаш може да помине и да се рече дека е добар
Овошје јадам по цел ден цело време и пак си ја спуштам килажата а на тие хербалајф и такви глупости не им верувам ама ич.
Ако јадеш само овошје ќе ослабнеш но не ти треба само овошје во денот. Ти требаат протеини и тоа 0.8 грама на секој кг,тоа овошјето го нема. Ти требаат омега 3 и омега 6 кој исто така ги нема во овошјето. Ти треба дневно количество на витамин Ц,Б кој ги има во овошјето но не во огромна количина. И дневните потреби за А,Е,Д и К не можеш да ги снабдиш од само овошје. Ти треба разновидна храна и ти треба да контролираш колку калории внесуваш. Не сум член на Хербалајф и не пропагирам тоа,но има и луѓе што се разбираат и знаат како да ти објаснат да јадеш правилно и има луѓе што се само за профит.
Ма каков хербалајф....ај да не почнам да ги пцујам тука..ко секташи некои јурцаат наоколку и ми кажуваат што е здрава исхрана..абе ајде молим ти се,човек сам треба да се освести да си напраи САМИОТ личен план на исхрана што е здраво што неговиот организам му поднесува а не да слуша некои секташи ..замена за оброк...Ма бегајте бре.. им кажав у една прилика,ме застанааа на сред улица да ми шират филозофии..им реков ШЕЈКОТ ВИ Е СРАЊЕ баш со овие зборови....
И мене ова ми е вид секта, некоја поблага форма од Јеховини сведоци. Озбилно, намамија девојка од клас, и дадоа да пие таму некои шејкови, девојката е баш крупна крупна (а, колку што знам побрзо се слабее кога стартуваш со мноогу вишок килограми) и не знам за точно колку месеци (не повеќе од два претпоставувам) симна само 2 кила. Најтрагично е што она беше воодушевена, и ветувале унапредување, одеше на состаноци, делеше флаери, нарачуваше шејкови на други луѓе, кај и да идеше од уста не ги извади.. Добрата вест е што сега е освестена, после многу испофрлени пари за ваков, онаков чудотворен шејк, сфати дека со регулирана исхрана и вежбање може да постигне многу повеќе. И подобро.
Кога суплемент ќе замени целосна храна јас тогаш ќе верувам и на Хербалајф и на сите компании што ќе го направат тој продукт пристапен и ефтин и научно изджлив. Самиот факт што не треба да ја џвакам храната ме јаде нешто внатре. Целосната храна освен што е здрава и богата со макро и микро нутриенти можеш да ја споделиш со пријателите и да се врзеш со одредени личности. Дај да видам дали ќе збориш со некој за историјата на еден шејк кој нема никакви основани докази дека функционира
Дали некој има искуство со зголемување на тежина? Сакам да пробам ама скептик сум некако веке 2 години немам зголемено тежина ми се здосади сакам едно минимум 5 кг плус.
Брат на другарка ми пиеше едно време, ама искрено воопшто не се здебели. Пробај со суплементи од пивски квасец, мислам тие дека доста помагаат.
Брат ми го користи Herbalife шејкот со вкус на Cookies & cream и навистина има неверојатни резултати, за многу кратко ослабе 15 кила и се што остана на него е мускул. Ама добро и си вежба тој.
Убава математика си направила, баш презенерска. Е сега, дозволи ми да ти ја кажам реалната слика за тоа колку пари троши дневно младината наша (преку сопствен пример): - Бурек и јогурт јадам еднаш годишно. Обично кога сум болна, зошто тогаш моите решаваат да ме разгалат. Значи ако ти секој ден си јадела бурек, на некои од нас бурекот како велигден ни е. -Сокче, чоколади и смоки се јадат 1 до 3 пати неделно. И тоа е луксуз. Овде како што читаш низ форумов ајвари се прават. Значи мачкаш ајвар и бегаш. Евентуално џем ако ти падне шеќерот. Еве ти една повесела математика, мене лично ми е многу помила и поприменета, незнам на останатите: - Наутро јадам дома, што би рекле нашите, што дал Господ,обично тоа се овесни снегулки (53 денари за цел месец) со јогурт (50 ден за 3 дена) и го мешам со овошје кое ми се наоѓа низ дома. Купувам банани на неколку дена. Секое уро носам по една со мене на работа. Ако сум поручала дома , една банана ми е доволно до ручек. Ако веќе мора да купам нешто, купувам ѓеврек, затоа што е 15 денари, или соленка. - Ручам дома. Ако не сум во можност варам ориз и го носам со мене. Ако и тоа не се може трпам. Не јадам ни буреци ни грицки ни сокче. За вечера исто барам нешто хранливо. Жива сум и здрава, добро изгледам. Желбата за слатки нешта ја заменив со желба за овошје. Тоа не е до шејкот, тоа ти е карактер, или имаш balls да се стегнеш и да оствариш некоја цел во животот или немаш. Објасни им на девојчинава дека парите не за шејк туку за здрава храна треба да ги трошат, овошја зеленчуци, нека се научат и да зготват нешто хранливо место да јадат хамбургери, утре на децата свои белки нема хамбургер да им дадат. Пресметка: Со твоите 300 денари што ги одделуваш дневно за шејк јас фрижидерот го преплнувам со овошје и зеленчук. И кој од нас се храни поздраво сега? Знам дека ви се за продавање , се е ок, ама не претерувајте, не сме ни толку неписмени.