Другарка моја,личност што секојдневно сум со неа и што неможе да ме излаже..што е најискрена со мене секогаш и за се...е член на хербалајф веќе година дена..влезе и во бизнисот на хербалајф...и секогаш е искрена со лугето...ниеден човек неможе а и не сака да си ги прифати грешките..па така претпоставувам според твојов став дека и ти си била една од тие кои грешеле па затоа и си незадоволна од производите нивни. Шејкот е само прав кој може да те засити 3-4 саати, со тој го внесуваш се она што ти е потребно за доручек и тоа е тоа...Шејкот не е магија која ќе те здебели или ослабе..Твоето понатамошно јадење кроз текот на денот е тоа што тебе ќе ти даде резултат..решеноста дали ти ќе одиш за побрз резултат со физичка активност или не
Секој си има право на свое мислење ,и не си никоја за да осудуваш и да претпоставуваш како било од мојата страна. Многу добро знам како се сите тие работи има време за се нова си во тој правец .Не сакав да ти го наметнам моето мислње туку напротив само го кажав моето искуство што го имам поминано во врска со Хербалајф ... Овде би го прекинала муабетот со тебе на оваа тема кажано е повеќе од доволно .Имај убав ден
ова хербалајф како му е принципот на делување? две недели го користам, ослабена сум во струкот, но нозете не. дали во наредниот период од уште 2 нед. ќе делува и на другите делови од телото за да ослабам како што треба или онака само малку помага за да ослабиш?
Баш јас деновиве бев на нивни предавања, и пред некој ден бев на Фит Кампот што го прават. И искрено до толку ми беа фини и добри (што би рекол дечко ми добар маркетинг напраија, нели мора некаде да ги вадат парите па мора да се фини и добри за тие 2600) што дури си го потсакувам/потсакував да го купам. Јес да цел живот сум при физичка активност, де одбојка, де фитнес, де инсенити, но признавам не пазам на исхрана. За мој буџет е искрено прескапо(нели со оглед на тоа дека сигурно не се слабее за еден месец,а тоа е +пари за други месеци), а другарка ми ќе го земала деновиве. Ќе ви напишам резлутати за неколку месеци кој повеќе ослабнал
Значи вака :Гледам дека во темава не се коментира ама ај јас ќе искоментирам.. И јас бев еден од скептиците за овој шејк..Но ете мајка ми го купи и веќе го пие 1месец.. Имаше секојдневни главоболки и покачен крвен притисок и нередовна столица веќе 10год,откако почна да го пија гловоболките и притисокот се средија а столицата конечно се нормализира..а за слабеење во 1месец ослаби 6кг..И дефинитивно почнав да верувам на овој шејк,па дури и размислувам и јас да почнам да го пијам,затоа сите шо сте во двоумица не прашувајте ги другите со позитивно или негативно искуство туку пробајте сами на себе..А јас ќе ви ги кажам моите резултати
Еве ме мене пак..точно по 3 месеци..Се на се корисник на Хербалајф сум 5 ипол месеци...Моите резултати за 4 месеци се - 13 кг...и пола метро во обем...Чат пат го користам шејкот, не постојано..но затоа за се останато си се придржувам и сеуште слабеам..Да појаснам..Шејкот не е продукт кој праи преку ноќ ние да ослабеме..тоа е само еден здрав производ кој ти заменува еден избалансиран оброк ! Во него покрај нискиот калориски внес и нискиот протеински внес постојат и многу витамини и минерали. А доколку праиме муабет за хемии и останати ствари, па луѓе пред да префрлите лош коментар за шејкот,размислете што јадете,пиете..па сега се е хемија,сегде е застапена хемијата..Со шејкот не можеш да намалиш килограми без да имаш физичка активност и да се исхрануваш здраво во останатиот дел од денот !! Доколку некој би сакал програма,дистрибутер за да го набави шејкот, да изврши Боди скен, слободно нека ми се обрати во ЛП ...24/7 сум ви на располагање
Девојки имам 13 год и 68 кг...предебела сум за мои години...во сабота почнав да пијам хербалајф и сакам да знам според кој план за исхрана одите? јас пијам насабајле хербалајф и потоа месо јадам...веке 4 дена пијам и немам ефекти и незнам дали да продолжам...ама се сум пробала,90-дневна диета,20-дневна не слабеам и не --.--
Фокусирај се на исфрлање на јаглехидрати од типот на леб,благо,грицки,фаст фуд,оди кон нешто поздраво. Шејкот не е магија,џабе пари фрлаш.... Ако си решителна,ништо нема да те покори.Почни полека полека,да исфрлаш одредени продукти,со тек на време ќе се навикнеш,мала си за ригорозни диети.Па и да не си,диетите не се правилен избор,во никој случај.
Гледам по темава и ко ќе видам што ќе видам,сите велнес тренери од Хербалајф се зачлениле на форумот од по некој профил и пишат како се задоволно (чест на исклучоците кои навистина користат и се задоволни). Е сега сите кои користите и мислите дека имате резултати ок,не продолжувајте да читате за да не ме нападните. Порано уште кога не беше познат толку мн ги користев и јас,нормално верувајќи дека ќе има резултат. Не е спорно и не е битно колку не бев задоволна то е мое искуство и нема да наметнувам да влијае на ничија одлука доколку размислува дали да го купи производот. Но! Ајде размислете малку логично кога би ги тргнала настарана цените кои важат дека секаде се исти,се поставува прашањето како тоа според тренерите е нормално секој еден да има секој месец по 4600-4800 за шејк со чај, или шејк со протеин.Добро вие тренерите свесни сте колку се 4800 денари? Втора работа, нели доручекот е најбитниот оброк во текот на денот? Колку и да е здрав шејкот не ме убедувајте дека во една чаша шејк имате се што ви е потребно за да бидете сити до ручек. Скоро сите што ги познавам не остануваат сити. Да заситува но еден час до два и после што? Трета работа...пред неколку недели се мерев нели како беше тоа боди скен анализа висина тежина масти мускулна маса, и ПОГОДЕТЕ ШТО! Резултатите кои тие ми ги покажаа посебно за мастите не се воопшто точни па ни приближно. Затоа што нареден ден испитував крв и за масти резултатот беше поинаков. Е сега...ме фати инат и им однесов другарка моја да се мери,имено девојчето е спортис веќе 5-6 години,со затегнато тело,соо здрав режим на исхрана,ни грам само,стомачни и се со ред. Но, ја натерав на стаи подебела дуксерка и навистина делуваше како да има стомак и кога се вагаше типот велнес тренерот и рече девојче имаш масти и тоа мн над дозволеното а и мускулната маса треба да се работи и збори збори овој ваков шејк таков чај и се смееме и после тоа девојчето ја крена дуксерката и коа виде тренеров остана со подзината уста ... И почна да се вади,ама знаеш ти со вежбањето неправилно не знам што не знам како а да не зборувам дека девојчето покрај тоа што спортува има редовни прегледи за масти и се што треба. И кога ги покажа резултатите што ги правеше брзо пред да идеме да се мери во Херба лајф типот само бледо се насмевна, Затоа сакам да ви кажам нив целта им е да го продадат производот и тоа не лошо. Но се работи за ваши пари , вие решавате што ќе правите,мој совет ви е пред тоа само добро да се информирате
mala srnicka od zbor do zbor e tocno toa sto go napisa ,ne vikam deka proizvodot e los ama tolku se napadni koga go nudat toa e cudo duri kontra efekt pravat
Јас бев онака по препорака на девојка ми. Ми измерија дека сум 28% телесни масти,што можеби е точно не велам не бев во фаза на добивање мускулна маса. Ама работите што ги кажуваат дел не држат вода и дел се одамна откриени од науката дека не се точни.
денес после 3 месеци пауза, почнав повторно да користам хербалаф првиот пат се беше ок, но денес повторно кога почнав сабајлето ненормално многу ми се лошеше и скоро цел ден ме болеше главата. дали се овие дел од неговите контраиндикации или пак да си барам причина за тоа што беше денес во нешто друго?
Не тоа е знак дека имаш недостаток на физичка активност или недостаток на одреден витамин,минерал и макронутриент. Провери си ја крвта. Нема брз начин за топење на мастите...
значи вака веќе две недели го користам шејкот и алоето на хербалајф ослабена сум 6 кг и 8 цм во обемм ... ама треба да се придржува на исхраната ... треба да се има 5 оброци во денот за да може да се забрза метаболизмот на телото ..треба да се пие шејот насабајле 1 час од станубањетоо и треба да се јаде на секои 3 до 4 саата за да се забрза метаболизмот ... значи појадок секогаш треба да ви биде шејкот 1 ужина 2 парчиња овпщје (јаболко, банана, портокал...) или 50-100 грама мещавина пд сущено овошје и јаткасти плпдпви (бадем, леблебија, соја, индиски орев, псемки од тиква) или овпщен јогурт или јогурт или кисело млеко со помала масленпст дп 0.5 литри или свежа мешана салата од зеленчук со 2-3 белки од јајце или чорба (пилещка, рибља, телещка, зеленчукова) или 1 протеинско чоколадце ручек салата и месо ( пилешко,мисиркино,јунешкоо ) ама да биде варено или на скара јаглехидрат (ориз,компир ,тестенини -печени или варени ) манџа ( грав,леќа, боранија,грашок ... )со две парчина интегрален леб ( не е задолжително ) ужина (о.5 јогурт или 50 до 100 гр сончоглед , семки, ореви ,бадеми (несолени и непечени ) или протеинско чоколадце или салата (шопска,грчка,таратур ,урда салата) Вечера Шејк или риба - не пржена (туна , скуша, сардина , ослич) или парче месо (пилешко , телешко , мисиркино ) со голема свежа салата направена од сезонски зеленчук. Секој ден треба да се пие по 3 литри вода Шејкот се прави во 250 мл млеко со две рамни супени лажици ... Пробајте сварно има резултати
Спојлер Да да има резултати засега некогаш кога ќе го прекинеш да го пиеш пиши ни за 2 недели колку ќе се поправиш
ке видиме ке пишеме ... оти не одам само јас на ваква слична диета и пред тоа оделе 100 луѓе па ослабнале .... еве можеш тука да видиш слободно што луѓе држеле вакво нешто да ослабнале https://www.facebook.com/pravilnaishran ... ti?fref=ts ... можеш слободно и да контактираш со велнес советникот па може ке разбериш за што станува зборр ...
Срцка јас оваа го искусив пред 2 години И советувалишта и менаџери и семинари и продажба и се Ако си нова во овие води како на сестра ти кажувам не си ги давај парите без врска ќе ти биде мака во иднина за нив
Какви не се мамења користат за да привлечат внимание. П.С еве ја цела приказна. https://www.youtube.com/watch?v=EqOMHOgt3JQ
ви ги читам коментарите и ви се чудам ! Сто пати е повторено,ХЕРБАЛАЈФОТ не е магија ! Вие шо сакате зборете дека содржи шејкот,хемии и глупости,докажано е поздрав одошто буреци,тостови,смоки и секакви пакувани чуда ,или комбинацијата СМОКИ и ЈОГУРТ од која вие "слабеете" ! Го пијам една година,имам прекинувано и тоа цели 3-4 месеци ,па не вратив ни еден килограм,ама пошо знаев да се одржувам И после еден месец пиење шејк (дискутабилно е колку и за време на шејкот некои луѓе се придржуваат кон програмата ако воопшто и ја имаат ) ,јадете сендвичи,плескавици,газирани сокови,секоја вечер по едно 2-3 литра алкохол и очекувајте дека нема ни еден кг да качите ! -.- и плукајте по производите.Они се криви шо се зафаќате со нешто,а или сте недоволно информирани или тотално верувате дека постои нешо шо откако го испиеш,краааај,више килограм не качуваш а ќе јадеш ко свиња ! И кај хербалајфот за разлика од обичните диети,енергија не губиш,уште на вториот ден чуството е друго,немаш гасови у стомак,не си прегладнет као волк,шо е најбитно немаш потреба од благо во текот на денот ,се чувствуваш као прероден,особено ако подолго го конзумираш ! Има триста начини да се напраи хербалајфот ,да ти биде превкусен,да уживаш во него и да си шеткаш на кеј или да си трчкаш додека се претвараат мастите у мускули ! И ја не верував ,искрено ептен бев ПРОТИВ,али коа почнав сфатив ! И ај да не дужам да не речете пропаганда е ,не сум дистрибутер туку сум корисник,и тоа презадоволен ! Ако го интересира некој нешо,ЛП !
Ако го споредуваме шејкот со смоки,бонбони и пецива тоа е како да споредуваш фичо со ферари. Спореди нешто непроцесирано пример пилешко месо,брокули и кафеав ориз. А што е составот на Хербалајф шејк од соја изолат во споредба со сурутка не може да се спореди.