Море, и те како им процуте бизнисов последно време. Не ми се верува! На луѓево што и да им кажеш ќе го проголтаат и ќе поверуваат. Ова ако е здрава исхрана и здраво слабеење..... Без коментар сум.
влакната можеш да си ги направиш како сокче,пример една дозерка од влакната во вода да ги раствориш и да си го испиешкако ужинка...исто така можеш и да си ставиш една дозерка во шејкот насабајле. Чајот исто така се прави во вода,зависно колку сакашда ти биде јак чајот толку лажички ке ставиш во водата,јас чајот обично го пијам во 500мл вода ставам 2 лажички чај од праска...ако ти треба уште нешто информации околу производите слободно пиши ми
@LadyR зависи во која филијала си. Таму кај што сум јас имам 3 пати фит камп бесплатно како конзумент и плус секој ден различни вежби како зумба и др.
Не се лажете со Хербајалф бе,испотете газот малце,значи сум пробала и везе нема и неможе некоја да ми збори за исхрана а е дебела!!! Ме убедува за ваква,онаква исхрана а таа е 15.кг подебела од мене-мислам у реду е!!
Сеa еднa ми пишувa ми ги лaјкaш oбјaвите нa фб знaчи си спoртски тип кaкo мене дoјди у велнес клубoт дa мти oбјaснaм зa шејкoт Викaм видoв убaви и нaсмеaни жени нa сликa и сум лaјкнaл текстoв не ни гo читaв И случaјнo читнaв некoј текст нaд сликите шo ги oбјaвилa и пишувa се будев нaутрo и немaв вoлјa зa живoт ниту бев oптимист зa иднинaтa. И гo земa мaгичниoт шејк и рoзoвo пoчнa дa гледaш? Сетo oвa нaпишaнo нa aнглиски и сликaнa дo пoстер oд Рoнaлдo кaј шo реклaмирa хербaлaјф. Мислaм дрвo дa си ќе сфaтиш декa е прoпaгaндa. Акo сaкa нa кaфе дa ми "oбјaсни", мoже зш дa не
Како мислиш од која филијала? Уште не сум купила,но во план ми е. И затос ме интересира што има. Инаку живеам во Центар, на 20 м од Јосип Броз гимназијата
За сите оние кои што консумираат било кој од производите на Хербалајф,во вторник и сабота има бесплатно вежбање на фит камп-зумба или милитари по избор.Не постои никаква "филијала" и вежбањето е 2 пати неделно,а не 3.Ако те интересира нешто повеќе пиши ми пп.
За да си го дозволиш шејкот Хербалајф треба да си прилично богат. Производот е околу 2000 денари што не се исплаќа да купуваш нов на секои 20 дена. Не е ништо WOW го имам пиено мене ми предизвикуваше болки во стомакот, и се што правите со него е гладувате а мислите дека сте сити . Познавам многу луѓе кои ги вратиле килограмите назад кога прекинале да го пијат шејкот, а сигурно еден организам не може да го пие тоа доживотно за да ги задржи килограмите. 98% од производите за слабеење се безуспешни , да бидеме реални се е за заработка на пари никој не се грижи за твоето здравје или пак ти го гарантира. Знаат како најчесто да ги погодат луѓето и залажат со овакви работи се станува богат преку ноќ. Јадете што ви се јаде и уживајте.
Бидејќи бев голем скептик за хербалајфот а и за сите производи кои се наменети за слабеење, сега морам да се извинам и да Ве обавестам драги мои дека со помош на хербалајфот ослбнав 7 кгр. за 15 дена и тоа, пазете ве молам, без никаква мака, чувство за глад или било какви проблеми. Значи сакам да ви кажам дека вреди, супер мотивација е и има резултати, посебно ако диетата ја комбинирате со вежбање. Доручек ми беше 2 гол.лажици ХЛајф кои ги ставав во тегла(значи дека не се оптоварував со посебни чаши, блендери, млека, соја)и обична ладна вода до горе и ке промучкав и после 10 мин. ке го испиев со задоволство оти е благо и вкусно(јаболко со цимет имав земено). Значи не го правев густо туку поретко како боза и до 16 ч.јадев некое овошје или грицкав семки а потоа ручекот гледав да ми биде помалку а вечерата само со овошје. Не исфрлив леб ниту сладолед..толку ме мотивираше резултатот што многу лесно и со задоволство ке намалувате од штетната храна. Јас го купив 1730 ден.
Јас ги користев чајот и шејкот од Хербалајф два месеци и ослабев..ама понатамо не ги земав и се здебелив..Од 3600 денари се направија 23000.Не се лажете со ова Хербалајф и јас лично не верувам во други вакви препарати,зашто стварно е скапо и све е хемикалии.
Зависи како ги користите,неможе да е прашок и хемикалии кога зад HERBALIFE стојат 200 доктори кој се најдобри,никој родител не би му давал на своето дете ако штетно
Сите заинтересирани може да не побараат на страната или пак да не исконтактираат,за правилна исхрана и програма,произбодите,и сите можности кој ги има HERBALIFE! instagram: loose_weight_healthy
Јас зедов шејк, пиев. Ослабев нешто и намалив во обем навистина. Кога престанав и продолжив со иста исхрана повторно се вратија. Почнав да трчам по пола саат секој ден последниве три недели и јадам што сакам и ослабев мнооогу повеќе отколку со Хербалајф што го пиев подолго. Значи почнете да вежбате, отфрлете шеќери и се ќе биде суперрр
Не само оваа фирма, туку сите останати кои продаваат исти или слични производи: се е тоа добар маркетингшки трик за земање пари. Драги мои кои велите дека ослабнавте многу за кратко време - никој не вели дека тоа не е така. Но! Ајде престанете да ги консумирате овие производи, и продолжете со истиот начин на живот и исхрана. Знаете што ќе добиете? Јо-јо ефект. Не само што предходно изгубените килограми ќе ви се вратат, туку можно е да качите и дополнителни. Овие производи се полни со материи кои делуваат така што го полнат и оптегнуваат желудникот, со тоа давајќи му чувство на ситост на организмот, па тој не бара повеќе храна, а во меѓувреме, за да ги задоволи своите хранителни побарувачки троши од вашата мускулна маса (мускулна, не масна!), и затоа слабеете. Што сте направиле? Сте загубиле дел од мускулите. Зошто? Затоа што организмот ни е таков идиот кој многу лесно складира масти во поткожното масно ткиво и околу внатрешните органи, а кога се работи за искористување - побрзо ги троши протеините кои се складираат во мускулите. Дури откако ќе потроши околу 30% од мускулните протеини, преминува на трошење масти, зошто ако потроши повеќе од 50% од протеините би настапило смрт. Знам дека малку се занесов од медицинска гледна точка во предходниов пасус, ама мислам дека го напишав и објаснив тоа на начин лесен за разбирање, само е прашање кој ќе сака да разбере. За слабеење и обликување на телото, како и осигурување дека килограмите и мастите нема да се вратат нема никогаш да ви помогнат никакви магични шејкови, грицки, и 300 чуда. Овие работи ќе ви помогнат само во брзото празнење на новчаникот. За добри резултати вие прво натерајте си се сами себе психички да се помрднете од местото, и да направите големи и трајни промени на начинот на живот и исхрана. Повеќе пешачење/трчање/вежбање/тренирање + повеќе помали порции храна во текот на денот со складно количество протеини-масти-јаглехидрати-олигоелементи + многу многу вода = добро здравје пропратено со убаво тело.
Ако јадете и пиете шејк нема да има ефект, HERBALIFE e здрав начин на живот кој се користи постојано,исто така заменски оброк. Немате доволно информации а зборите за зал