Herbalife Јас го пијам шејкот за доручек, и бидејќи е еден оброк 60 ден повеќе ми се исплаќа да јадам нешто што е здраво, одколку истите пари да ги дадам за лиснато и јогурт(добро само во овој случај парите ги давам одеднаш шејкот е 2600 ден, а има 40одброка),. Најбитно од се е што откако го користам ми престанаа менструалните болки што ги имав секогаш(не знам дали е од тоа, или од нешто друго ама од што и да е, супер се чувствувам првпат во животот да немам болки
Herbalife Се мислиме со татко ми дали да ја изненадиме мајка ми со Хербалајф,го туфка веќе некое време,а со оние помиичките,наречени лебарки те јачмени,овеси,просо кои многу се здрави,но веќе здосадува секој ден,вари-цеди,а башка што и нас не тера да јадеме. Па ме интересира,за колку време има резултати,дали има несакани ефекти?!За да имам увид,еве за една недела колку може да се ослабе?! Роденден се ближи,а татко ми одбрал и три книги...ааах...Јади,моли се и уживај,Песто паста и уште една... Баш е фин и симболичен,пази на се! Човече,50 евра...ѓавол и пол е...затоа инфо ќе ве молам.
Здравоооо...супер е тоа што сакаш да ја изненадиш мајка ти, мојава мајка само ми краде од шејкот и веќе почнав да си го кријамИнаку е 2600ден имаш внатре 40 оброка еден оброк е 60 ден, ако и е за слабеење ке има за 20 дена да го јаде два пати на ден, а може и ако сака да го конзумира само за доручек па ќе и трае 40 дена.Нема несакани дејства бидејќи се работи за здрава храна, не е некој препарат за слабеење, се слабее со херблајф затоа што има само 200калории а ги има сите состојки кои и се потребни на клетката за правилно да функционира(протеини, витамини и минерали).Поздраааав
Самооо 200 калории?!Па тоа не се малку бе!Ем мевот да и кркори,поубаво ќе лапне две варени јајца полни со белковини,зелена салата,прилог печурки кои се полни со аминокиселини,може да пивне јогурт со целер,значи комбинација некоја од ова,бар ќе биде стварно сита... Два пати по 200,тоа ти се 400,плус еден нормален оброк....ма ајде...не ви е добро луѓе од тоа прашакот. И не ми одговори за една недела колку се слабее?!
Едно кафе има 100 калории, а смоки имаат 500, така да 200 не се многу калории, а шејкот има протеин внатре што ќе ја држи сита 3-4часа. Ние на ден зависи од возраста и тежината треба да внесуваме од 1500калории па повеќе.На пример 400калории и што сака нека јаде за ручек(а тој може да и содржи и 1000калории ако сака)тоа се 1400 .Ако сакаш можам да ти испратам на маил, кое јадење колку калории содржи. Да ти одговорам на прашањето, значи тоа зависи од метаболизмот ама знам дека месечно се губи од 4-5килограми. Тоа е здрав начин на слабеење, ако се слабее повеќе од тоа на организмот му ствараме шок, и затоа после многу брзо ги враќаме килограмите.Најдобар начин за да се ослабе е со 5 мали оброци на ден, и мноооогу вода(на 25кг теба да се пие 1л вода).
А за дебелеење нешто вака убаво да ми обајсниш ко шо објасни погоре за слабеење? колку килограми се накачува, за колку време....како ќе треба да се конзумира.... п.с со калориите малку си утнала...смоки 500 калории.... за 400те калории што ги содржи шејкот, парче пица ќе се најадеш. Ама тоа дека ова е поздраво признавам
Алиса,ако ти треба качување на кг пивски квасец и омега 3,ќе ти завршат работа и за тие пари,купи си кикирики и пиво и уживај! Абе...хммм...а шо ќе биде ако ја турам на два шејка...мора да ослабе,мора...ме фаќа страв болештина некоја да не ми закачи,више притисочето и рипа и на олку кг кои не се да речеш премногу(мислам релативно,со оглед на килограмите кои ги имаат македонските жени пред и после брак,таа до лани имаше 60 на нејзини години,ама сега...трудно),а тек ако качи понатака.
Здравооо... Ти испратив во лп некој јадења и пијалоци што содржат 100калории, сакав да ти испратам и што имаат и 200 и 300 калории ама тие се прикажани во слики и незнам како да ти ги испратам Се надевам дека овие ке ти се допаднат
Ти испратив во лп една програма како пример за зголемување на мускулна маса, така најдобро ќе видиш(брат ми го има истиот проблем како јас да требаше да се здебелам одма ќе го решев проблемот
Моето неодамнешно искуство со хербалајф. Го купив и почнав да го користам на 20 декември 2010. Заменував два оброка(појадок и вечера),само ручекот нормален со две ужини.Вода мин 2 литра дневно. Строго се придржував. За 23 дена САМО 1 КГ бев во минус. Во меѓувреме слушав разни искуства од хербалајф дека не е добро,дека ке си го упропастам желудникот. 23 дена се лишив од омилената храна. 24 ден отидов кај нутриционист.Кога реков дека сум држела диета со хербалајф,рече ВЕЌЕ ДА НЕ ТЕ СЛУШНАМ ДА СПОМНЕШ ЗА ТАА ХЕМИЈА,ТВОЈОТ ХЕРБАЛАЈФ Е НА ПАЗАР КАДЕ СЕ Е СИРОВО И СВЕЖО . Ми направи диета и за една недела симнав 1 кг ,4см во обем на струк....Притоа и пијам еден напиток за имунитетот,конзумирам минимум 1 кг овошје дневно,јаткасти плодови,сушено овошје,многу салата,вода.... Толку многу имам за јадење што не можам да постигнам,а сепак слабеам. Слабеам здраво,ги топам наталожените масти на стомакот и струкот,доказ е 4 см во обем. Здрава храна,свежа,а не Хербалајф од 2400 денари која ако заменува 2 оброка трае 20 дена. Трошете пари на свежа и здрава храна.
Е сега претера и ти...со 1 кг овошје дневно,не се слабее,напротив,се дебелее.Овошјето содржи шеќери и е препорачливо да се конзумира до пладне,толератно е 14 часот.
Мајка ми го користеше Хербалајфот скоро еден месец и немаше никакви резултати, не ослаби ниту еден грам за џабе само парите. После и јас зедов да го пијам плус апчињата и немаше никаков резултат. А што се однесува до овошјето воопшто не дебелее, затоа што овошјето си содржи природен шеќер, а не преработен како што ставаат во благото.
Сеедно,тој е поздрав точно,но не е точно дека не дебелее.Има калории,шеќерите преработени или не,тие се јагленихидрати кои најбрзо и најлесно се трошат,но доколку не се потрошат најлесно и се таложат.Многу ми е смешно кога ќе слушнам нешто,сиров зеленчук не дебелее(зеленчукот за воља на вистината и не дебелее,затоа што најчесто и помага во трошење на калории повеќе отколку што самиот содржи,но сепак зависи кој),природно е или овошје не дебелее,природен е шеќерот...као демек тие немаат калории.Се е во броењето калории и составот на храната,нема природно или не.Па еве,прост пример дека е тоа така,скоро имаше еден лудак кој успеал да ослабе со фаст фуд,но со строго контролиран број калории дневно.Секако тоа е подобро,ако не го правел со фаст фуд,туку со друг вид на храна,но е интересно како факт. Близок пример,моја роднина.И се нафура на колешка и,таа не знам на што таблети беше и као демек,со тие пари ќе видиш како ќе ослабам јас со овошје.Се натепа овошје женава,месец дена и стана бумбар.Прашајте кого сакате,истото ќе ви го каже.Зеленчукот е нужен за слабеење,особено пиперките,морковите,кромидот,доматите и целерот.Се е во балансираната исхрана.А и тие јаткасти плодови,се конзумираат несолени и тоа бадемите се најпрепорачливи,но само 10 дневно,па дури и дали воопшто треба да се јадат во диета.Дури откако ќе ослабете,за одржување на тежината и здрав начин на исхрана и те како се препорачливи како ужина. Ова не го кажувам во одбрана на Хербалајф,впрочем не сум ни целосно запознаена со неговото дејство,освен што сум видела и слушнала за резултати.Ви го кажувам чисто како информација да си го знаете.
Јас се согласувам со тебе во врска со овошјето, и точно е дека содржи јагленихидрати, од кои исто така ако се претера може да се накачи телесната тежина,а да не зборам за тоа што овошјето сега не е исто како пред 10 години(мислим имаме јагоди во зима незнам тоа колку е природна работа и колку е здраво).Индустријата си гледа да заработи повеќе пари, од кај знаеме ние колку тие работи кои ги јадеме од пазар се природни и свежи?Во секој случај ако веќе се решаваш да слабееш со овошје и зеленчук најдобро е тоа да биде некое сезонско,за кое е поголема веројатноста дека е свежо
На ден да јадеш овошје до 1 кг не те дебелее,нутроционистите препрачуваат.Со начинот на исхрана која една девојка го пиша погоре со конзумирање до 1 кг овошје дневно и тоа како слабее.Сум видела резултати кај други и кај мене.Најдобриот начин на слабеење,најздравиот.1 кг губиш на недела плус во обем.Поубаво здравје!
^Да,под услов да јадеш само и само овошје и тоа не секое. Нема основна логика,кој нутриционист и да го кажал тоа,некој нешто не разбрал.Пишете си на гугл ако ништо друго,има повеќе добри сајтови со совети од нутриционисти,ќе видите дека тоа не е така.
Во право е Лилит...Ако јадеш 1 кило овошје, автоматски ти внесуваш 700-800 калории во себе! (зависи од видот на овошјето) е сега зависи ти каква диета држиш.... Ако си на некоја со 1200-1500 калории тогаш да, можеш и некоја друга храна да си дозволиш, плус гледам само 1 кило неделно слабееш, така да сигурно си на диета од +1200 калории
Цеце и Тања го даваат тој режим, до 4 се јаде овошје и тоа различно и плус суво овошје можеш,а после ручек и вечера имаш или јаглехидрати или протеини,скроб итн... Не знам до колку калории е диетата,јас лично внесувам овошје помалку,не сум љубител на овошје,но ете другите внесуваат до кг и резултатите се исти.Знам дека овошјето содржи шеќери и во право сте дека тоа е многу ама ете дава резултати,тоа ми беше и поентата. Банани е дозволено до 2 на ден.
Па не е исто во денот да се изеде сто грама чоколадо и сто грама овошје. Бананите кои содржат јагленихидрати, не би ги конзумирала како и другото овошје затоа што даваат енергија која треба да се согори, затоа и спортисите повеќе ги конзумираат. А јатките не се препорачуваат од сто грама повеќе во денот. Хербалајфот мајка ми го има користено и пред 16 години и тогаш има ослабено но сега кога го пиеше се разочара и рече дека хербалајфот што го пиеле порано нема никаква врска со овој сега. Еве и оригинален е американски, но сепак не и помогна ни неа ни на пријателката што го пиеше.