Абе неможе еден ист производ еден ист шејк една иста формула да биде и за слабеење и за здебелување они играат на картата на ти шејк пиј го и редуцирај храна знаеш кое ке речем оти е ефикасно за слабеенје оној производ кај шо ек јадам ко мечка и пак ек слабеам е тоа делува а овие сите вакви глупости се на база на плацебо ефект пијам шејк и као ми делува а уствари подсвесно ти не јадеш ко порано затоа мавните се и удрете на салати овошје протеин и физичка активност
gi poracav sejkot, cajot i aloeto. se boram so kg. sakam da oslabam. pa kako gi koristite vie? pretpostavuvam ke dobijam nekona programa. no sakam da znam i vasi iskustva. thanks
Jas sekoe utro pijam smuti za dorucek ,mesham razni ovoshja ,posle jadam leshnici ,bademi,brazilski orev ,napladne rucam nornalno samo poveke posni jadenja i za 1mesec oslabnav 5kg
Гледам многу кометари и прашања околу herbalife, девојки можам само да ви кажам дека производите се супер, особено шејкот. Го пијам секој ден, имам намалено доста килограми, а пред се наутро се чувствувам полна со енергија. Нарачајте си и не се двоумете Ако не знаете од каде, пишете ми тука ќе ви оставам бројче.
Девојки со какво млеко го пиете шејкот? Другарка ми е алергична, не и одговара, па бара некоја замена од оние бадемово, кокосово и слично.
Може со било кое од тие. Јас го пијам шејкот и со вода или пола млеко, пола вода така да не мора да се пие стрикно со млеко. Со кокосово млеко исто имам пробано и убаво доаѓа. Инаку јас сум доста задоволна од Хербалајф шејковите, пред некое време изгубив едно 3,5 кила за 21 ден и сега летово малку се опуштив и не внимавав што јадам и само едно кило вратив за чудо.
Ме интересира дали Хербалајф, и што од нив можам да користам за да се здебелам? Почнав да вежбам и сакам да качам 3-4 килограми. Што би ми препорачале?
Фала ти. Ќе почнам и јас деновиве. Што јадеше ако може да ми пишеш. Другарка ми јаде овошје после шејкот и руча, а за вечера салата.
Шејкот е добар да, ама реално не секој има да даде 2200. Јас лично мн сакам да го пијам ама не можам да си дозволам за таа цена. Скапи се стварно
Нај обичен протеин од сурутка, whey protein , му ставиле налепница херба лајф и превисока цена. Па нај добриот протеин кој може да се најде во продавноцоте за суплементи не е толку.
Ако знаеш кажи ми нешто вакво слично и со нормална цена? Највеќе ми одговара за на работа ваков шејк некој да си носам ама ств е скап многу овој
https://polleosport.mk/cportcka-icxrana/proteini-503112841/impact-whey-protein-1000-g-banana Овој има доста пристапна цена за тоа што го добиваш...моментално го пијам и е супер..
Со млеко или со вода има внатре мерица/црпалка, пишува на опаковката колку треба, ама претежно 1 полна мерица е 1 доза односно 23-24 гр протеин, има одличен вкус и така и така. Ама комбинирај го со јагле хидрати на пример плазма, бисквити. И таман оброк ќе ти замени кој ќе вклучи и протеини и хидрати. Ако знаеш сподели цена за хербалајф шејковите, колку грама ... тие не ги пишуваат цените на нивниот сајт, и многу така се залетуваат.
Ќе го пробам обавезно. Кои вкусови ги имаш пробано? Чоколада портокал ми изгледа интересно не многу благо. Шејкот од хербалајф последен пат кога прашував беше 2200 ден. а не е 1кг, не верувам.
Чоколадо, ванила, ванила-малина(многу ми се свиѓаше), карамел-чоколадо, и бело чоколадо сум пробал...и од други фирми сум купувал ама претежно овие вкусеви. Од Scitec Nutrition има во GetBody , на фејсбук можеш да го ѕирнеш. Исто е 1400 1кг. Вкус од чоколадо е број 1 досега што сум пиел.