Јас станав член само за да намалам килограми. Прошлиот пат го пиев ама не правилно и купив друг и од него се здебелив баеги. Сега го пијам како што треба и потребата за во тоалет ми е зголемена,не ми се јаде толку и ми е олеснат доручекот затоа што наутро прво се пие вода,па шејк па кафе. Еве што содржи херба а што обичниот протеин
И јас се здебелив 2 кила првата недела потоа многу намалив, повеќе во обем и сало отколку во килограми... Доколку некој е заинтересиран слободно нека ме контактира
Искрено, верувам дека се имаш здебело од храната која ја имаш јадено додека паралелно го имаш пиено другиот шејк. Според табеливе, другиот шејк е далеку подобар. Всушност, хербалајфот има поприлично многу шеќер, па дури и масти. Обично за да речеш дека одреден производ е "квалитетен" или ете подобар во тоа што го нуди, гледај на 100 грама да има до 5 грама масти и 20 грама шеќер.
Не реков дека е квалитетен туку дека се имам здебелено многу од шејкот кој божем ќе ме заситеше а повеќе ми се јадеше од него и многу ми беше благ. Ова не е Херба,за разлика од херба кој не ми е благ или ме тера да јадам,јас со Херба повеќе одев во веце и повеќе енергија имав. Ќе пишам повеќе за некое време, а инаку 5кг за една недела е немогуче, 5 кг за еден месец е океј.
Не си ме сфатила. Реков, еден производ кој е подобар за конзумирање не би требало да има на 100 грама производ повеќе од 5 грама масти и 20 грама шеќер. Иначе, оној другиот шејќ кој го имаш погоре постирано во една доза има само 107 калории, што е многу малку (и само 0.008 грама шеќер и само 0,6 грама масти). Колку шејка имаш пиено што мислиш дека тој те здебелил? И што друго имаш јадено во текот на денот? Патем, тој другиот шејк е протеински шејк, неговата намена не е да те најаде, туку едноставно преку него да внесеш протеини.
Шејкот го заменува оброкот во текот на денот,а препорачливо е да биде појадок или вечера додека ручекот да е пообилен. Па јас не реков да ме најаде,после шејкот имаш ужинки по избор. Јас го пиев обичниот шејк еднаш дневно,ручек што имав и навечер салата. Многу шејкови сменив имам и други пиено и сите ми беа со чудни вкусови. Еден ми беше преблаг никако не се комбинира,друг премногу горчи па мора да му ставам нешто за да го средам вкусот. Овој погоре што го сликав ми создаде запек плус а ми се погоди на вкус. Со Херба не е така, не е воопшто благ, со вода не се осеќа шеќер дека има, башка го правам со ниско-маслено млеко од соја или со вода и му додавам овошје. Јас немам намера никој да набедувам да купи или било што,станав член за себе затоа што јас секој ден си ги обавувам потребите во тоалет и не сум имала проблеми. Зборот ми е дека како се чувствувате и ви делува шејкот така ќе ви е и размислувањето.
Со одење во вц се исфрлува само течноста а салото останува. Ако се има добра диета, додатоците можат да помогнат али без добра диета ни винстрол не помага. Составот е катастрофален, полн лактоза и шеќер и некој екстрат за да држи ситост и дс тера во вц. Имате многу подобри суплементи него херба. Гледам и цените рипнаја за разлика од лани.
Воопшто не е точно, јас и кога вежбав одев во веце често и пак слабеев,а не пиев ниту еден шејк,си бев сита. И не е точно дека салото останува напротив ќе го изгубиш со тек на време.
Слабееше со физичка активност а не поради одење во вц. Досега во животинскиот свет не постој некој кој што ослабел со одење во вц а салото се топи само со диети и физичка активност.
Ти го кажувам моето искуство,сакаш веруј сакаш не мораш. Вака збориш затоа што мислиш дека сите сме исти.
Вака на татко ми познаник ми зборуваше нашол некој чај ли не знам што е, за слабеење од кое те протерува во тоалет и одма слабееш неколку кила за 5 дена. Nope.... Лаксативи и секакви средства со лаксативно дејство се пијат при тврда столица или запек и не се земаат повеќе од препорачаното. Мислам стомачен вирус или салмонела да фатиш једино можеш толку да ослабеш. Eдит - поназад читам некое старо мислење во кое пишува дека масно ткиво се претвора во мускулно. Да земам да фрлам биохемииве што ме лажеле метаболизам на липиди како се одвива.
Леле луѓе, значи телото може до пола кило измет да создаде во еден ден. Не може да кажете дека слабеете преку одење во тоалет, нереално е. Дури и таа мала грамажа што само моментално ќе ја извадите од себе, не е онаа килажа што е важна за симнување. Ко на пример салото. А салото па ич па нема никаква врска со изметот...
Хербалајф шејкот е заменски оброк и затоа заситува. Whey протеините се додаток во исхрана и го дополниваат дневниот внес на чист протеин кој ни е потребен за мускулен раст, но покрај тоа треба да доручкуваме, ручаме и вечераме соодветно. Џабе споредувате баба и жаба.
А што има во хербалајф шејкот што го прави заменски оброк? Ова вистински ме интересира, искрено прашувам, не сум дознала до сега.
Ете имаш состав кај бубаче, а тие шо го продаваат тоа велат дека заменувала оброк од 3 јакца, месо, зеленчук, не се сеќавам точно ама демек со шејкот нитритивно внесуваш исто ко тој оброк да си го јадел. Ако баш те интересира ќе се потрудам да ти најдам точно инфо, имам блиски шо го работат.
Составот на табелата малку збунува, т.е. можеби и не можам да го прочитам како што треба, признавам. Она што го забележувам таму е протеин од соја и додаток минерали. А во една доза вели 18 грама протеин (од кои 12 внесени преку млекото) што одговара на 3-те јајца. Ај ете ако случајно дознаеш нешто, пиши ако не те мрзи, не би било лоша информација.