Оваа слика им е на секоја презентација која ја имаат. Не сум пиела и не намеравам да пијам зашто сметам дека ако еден ден престанеш со ова, јојо ефектот ќе си дојде. Резултатите кај овие што ги знам се искрено импресивни, но тие имаа многу кг за губење. Кај послаби личности помалку е видлив ефектот. Никој од “продавачите” на хербалајф не зборува за хемикалиите ставани во шејкот за да добие нутритивна вредност еднаква на не знам колкако количество храна кое ако реално го јадеш ќе внесеш и други калории. Како точно се постигнува тоа да преку шејк внесеш магично сѐ што ти треба, не знам...
На 18ти јуни почнав со 83.4 кг. На 3ти јули имав 80кг. Почнав само со шејкот. Ми дадоа исхрана и после 15 дена ми кажаа за алоето и чајот. Јас искрено ни алое,ни чај планирам да ги пијам, јас толку време за се тоа и немам. Второ имам ужинки во кои вклучува овошје,протеин бар од нивен бренд (не ги консумирам) и ручек. Мене кога ми се јаде јас јадам јацкасти плодови. Вечерата е пак шејк. Највеќе што забележав дека многу консумирам вода, значи многу. Пред тоа дали една чаша ќе се напиев беше прашање само. Сита сум, намалена сум во обем. Често мокрам. Околу ручекот ми беше дадена програма од зеленчук и риба. Ама јас си правам комбинации и гледам да ми е обилен ручекот затоа што теоретски внесуваме еден оброк дневно,другото е шејк. Бараат активност да. Вежбање,пешачење, што си во можност тоа. Често идам пешки и имам енергија.
Na oficijalniot sajt nemozes da naracas, mora da e preku clen... Ako sakas kontaktiraj me vo poraka, bidejki sum jas clen mozam da ti pomognam
Доколку некој констатно е спремен да издвојува пари, ќе има резултати и ќе му се исплати. Но доколку е само за неколку месеци, не се исплати. Јас пиев 3 месеци, да изгубив неколку кила, но после,од кога прекинав, ги вратив многу брзо.
Немојте само да се труете. Ништо не е како здраво слабеење. Наглото слабеење нирмално ќе резултира со вишок кожа и верувајте ќе ви биде само полошо. Остава и последици што нема да ги осетите веднаш ама телото си памти.И овие хербалајф и доста слични на нив имаат претставници што ги плаќаат за да го трујат народот.(не се тие криви така заработуваат по некоја пара)Размислете добро, сепак се работи за вашето здравје. Никако по вештачки пат
Треба да го купиш пакетот во кој имаш торбица,мерица,каталог и еден шејк од 500грама и автоматски се зачленуваш така што потполнуваш апликација за членство. Но,тоа мора да биде некој нивен член лидер, за да те упати што понатака. Јас сум во странство тоа го платив 90 евра. Во Мкд не знам колку е.
Сакам да почнам со производите на Хербалајф, може ли да ми препорачате со кои производи сте почнале? Шејк, чај...? За слабеење ми треба.
Па да фатам чај да пијам секое сабајле и да си правам шејк за појадок со протеини витамини а у - плус, нали, да пешачам, трчам или вежбам - секако дека ќе слабеам. Што има да плаќам 100 евра месечно за прашок? Исфрли леб, благо, прај шејкови со овошје/зеленчук, пиј повеќе вода, почни да се движиш декој ден и ете ти резултат. Башка, и да пиеш вакво, рецимо, кога ќе престанеш, што? Или цел живот така ќе си тераш за да останеш на посакуваната килажа? Метаболизам си е метаболизам, уствари конструкција си е конструкција. За да еден така конструиран човек (условно речено дебел) сака да биде „слаб“ - цел живот, доживотно треба да си има режим на исхрана со вклучени активности. Све друго е џабе, ќе се врати после секоја потрошена пара ако си почнеш пак по старо да си јадеш. А, година по година - сигурно тоа ќе се случи, не мора баш одма.
Здраво сакам да прашам дали може со производите на хербалајф да ја зголемам телесната тежина и од кои производи ?
Jas pocnav od mesec juni za 5 meseci oslabnav 21kg so proizvodite na Herbalife.Uste gi pijam I prezadovolna sum.Definitivno od site dieti,nutricionisti najdobro nesto vo sto sum vlozila.Prvo zemav 2 sheika I caj posle Znaci pojadok i vecera mi e sejkot seuste.Poleka poleka pocnav da vnesuvam I rastitelni briketi,i aloe i omega .srekno de nadevam pocna da piese veketuka sum za sovet Vo Mkd e 2650 den imas sejk casa za sejk(sejkot)popust 25%zasekogas vo Herbalife torba za lap top znacka eden sejk Vanila.Od onoj od koj go kupuvas ovoj paket neznavisniot clen treba da imas merenje na medicinska vaga,programa za slabeenje ili za popravanje kakva maka imas takva programa Dali navistina Ako moze da mi se objasne za hormonskiot disbalans sto go predizvikuva Herbalife na podolg vremenski rok konsumiranje?bi mi bilo od pomosh da znam bidejki gi pijam veke 7 mi mesec.prv pat slusam za ova
Да,тие 25% ги заборавив. Но тие се наградуваат со тек на време. Ако престанеш да го пиеш ќе се здебелиш два пати дупло.
Zgolemeno lacenje na estrogen, zgolemeno lacenje na adrenalin a so to se ostetuva T3. Nemora da znaci deka i kajtebe ke pravi problem ali imas drugi podobri suplementi od herba live.