Zdravo devojki Dali nekoja od vas imala insulinska rezistencija I koristela herba life? Dokolku ima takov sluchaj ke ve zamolam za info ,dali ima efekt za gubenje na kg I dali barem neshto se sredilo vo vrska so insulinot.Blagodaram
Бегај од херба лајф. Ако несакаш да имаш понатамошни проблеми бегај. Прво средија исхраната и после размислувај за суплемент со препорака од специјалист пошто со инсулин нема играње.
За инсулинска резистенција ти треба содоветна исхрана. Ако замениш доручек со протеински шејк, а не смениш ништо друго во исхрана може и да ослабеш зарадаи венсување на помалку калории, ама тоа нема да ти го реши проблемот. Цел живот живеам со ПЦОС и инсулинска резистениција (со низок шеќер). Брзи диети или диети со малку калории за слабеење се брзо решение ама не трајно. Ако имаш мнгоу за слабеење можеш и со Хербалајф на почеток ама мораш да најдеш режим на ихсрана што долгорочно ќе ти одговара.
Иако си член и го имаш земено тој пакетот за добродојде кај што даваат торба,флаери, мералка, чаша итн, пак еден шејк е 1927 ден??
Здраво сакам да почнам со Хербалајф. Ама затоа што имам осетлив стомак не знам како ќе ми реагира. Дали може некој да ми даде неколку порции прашок за шејк и да си платам за нив? Сепак подобро да пробам пред да купам цела кутија. Исто така, дали барчињата се замена за шејковите р.е. дали служат како цел оброк.
Мое искуство. Шејковите не ги можев дека беа со млеко, млекото ми иритураше, со вода беше дупло полошо. Ако имаш осетлив стомак не знам дали би било паметно да се зезаш со хербалајф. не ги продавам имам многу лошо искуство со ова и затоа на секој им велам ВНИМАВАЈТЕ!! Од херба во хербалајф нема ни Х! @KateKaterina хербалајф и остали магични напитоци за слабеење со Инсулинска резистенција НИКАКО !!! Ама баш НИКАКО!!!
Јас сум со осетлив желудник и само тоа ми одговара шејкот од хербалајф од мн др што сум пробала. За чоколадцата веќе ти одговриле
Јас сепак би пробала неколку порции пред да купам цела кутија. Така да ако некој може да ми продаде неколку или ако му е при крај кутијата па да го откупам остатокот ќе му бидам благодарна.
Не почнувај со хербалајф те молаааааам не си давај пари, подобро плати си пеограма за исхрана пд србите имаш добри @goldenbrownie @body_reshape @radmila.mileusnic @andjelabukurecki_ подобро си плати план за исхрана каде ќе де храниш здраво а притоа ќе слабееш, јас пиев хербалајф и се е калориски дефицит никаква магија не е е хербалајф, барчињата и се полни шеќери поскролај нагоре имам оставено и друг одговор на оваа тема не си давај парите џабе
Имам многу обврски, и ептен се здебелив од работа на компјутер. Постојано грицкам нешто. Пробав да се ставам во ред со други методи и ништо не успеав зошто треба подготвување на храна а јас 3 дена ќе успеам и после пак јадам било што. Ќе ги погледнам и овие методи ти благодарам. Можеби во нив ќе најдам решение. Ама мои пријатели користеа успешно Хербалајф и беше добар старт за да не им се вратат килограмите после тоа. Затоа помислив да пробам зошто стварно сум 10-12 кг плус и само нагоре одам.
Pa neli davaat cuvstvo na sitost. Toa i pomogna na edna koleska. Devojkata stvarno dobi odlicna linija a bese so ist problem kako mene . Jasno mi e deka ne znaci deka i na mene kje mi pomogne, ama so toa kolkualku vreme imam se.mislev da.probam bas nesto vaka - ne bara mnogu spremanje i dava cuvstvo na sitost podolgo vreme
Па можеш и сама да си направиш шејк. На крај краеви пробај. Ама секако еден ден коа ќе престанеш да пиеш шејк ќе почнеш пак да грицкаш на компјутер и да си ги вратиш килограмите од претходно... И Хербалајф и да земаш пак треба да имаш уште два целосни оброка во денот за кои ќе ти треба време да ги спремаш...
Да додадам, која напаст се овие што го "претставуваат" брендот и со однесување како да те примамуваат во секта, треба јасно да ви биде дека нешто не штима, ама вие си знаете. Можеби шејковите што ги продаваат не се штетни ама бенефитот е буквално плацебо ефект. Единствен бенефит си имаат тие што се на врвот на бизнисов, класична пирамидална шема, регрутирање членови(не може ни да си купиш сам нешто лол), глумење тимови, измама и преувеличување на резултатите кои што се добиваат. Не си трошете пари за џабе, за тие пари ќе си најдете нутриционист.