Ако знаеш некој рецепти за здрав шејк што заситува кажи ми те молам. Ептен ќе бидам благодарна Мене ми е проблем го миењето салати, спремање и тинтрање на здрави оброци 3-4 пати на ден. Не дека не сакам ама ич немам време.
хербалајф KILL. 30% ефедрин или спида, така наречена кокаинска паста. Прво проучете ШТО земате и за ШТО земате суплемент и читајте кој го произведува и кој увезува. За тие пари земете веј протеин,овез,замрзнато овошје,малку вода или млеко и етети шејк.
Ви благодарам на одговорите, ама јас навистина сакам да пробам Herbalife и потоа сама да одлучам. Ако некој може да ми даде прашок за 1 недела на пример и за истиот да си платам нека ми пише приватна порака.
А да си земиш кленбутерол? Подобра опција. Сите ти кажаја бегај од херба...Но ако веќе сакаш да пробаш,пишиму на нивната страна ќе ти пратат.
Чувство на ситост??? Шејк од 90 калории, се е до главата, пиеш шејк и си мислеш дека си сит. Цела година ги пиев, точно се слабее но од КАЛОРИСКИ ДЕФИЦИТ не од шејкот, се слабее зошто внесуваш 90 калории за доручок и 90 за вечера и имаш ручек од некеои 300-500калории, што доведува до роа да дневно внесуваш помалку од 800калории, што е огромен КАЛОРИСКИ ДЕФИЦИТ, значи не слабееш од шејкот еве ти, 15г овес, 70г грчки 0% масти, 30г малини и го добиваш шејкот од хербалајф со истите вредности при што овде имаш 1,7г шеќер, а во шејкот имаш 9г шеќер, па сега ти види, а за цената да не збориме, и за тоа што не знаеш што внесуваш да не ни спомнуваме, сепак ти си знаеш ама хербалајф ти е за слаби луѓе каква што бев јас демек еј не знам не можам, не туку НЕ САКАШ доволно и мислеш дека ќе ослабнеш од шејк магијааа, биди само одлучна и одвој 10 минути за туна салата варени јајца, пилешко, јатки, овошје, зеленчук и блендиран шејк од 20 секунди, бидејќи и шејкот од ХЛ треба некој да го изблендира
Мојот прв обид со хербалајф знаеш дека ми заврши во +кг место во -, поради тоа грицкање и мислење дека шејкот слабее? Кога немав поима што е суштината, така да џабе ти е ако си јадеш и пиеш шејкови
Сосема си во право! Не се споредува ни со овесна каша затоа што составот на шејкот е претежно соја. Еве настрана нека е шеќерот, иако не е за занемарување тоа што навидум здрава храна содржи шеќер...пострашно е што сојата е содржи фито-естроген. Овесот (оној обичниот, без додатоци) не содржи естроген и нема во него додадено синтетички шеќер. Стварно не треба да се внесува толку често фито-естроген во исхраната без претходно да се консултирате со лекарот. Ако имате ризик од рак на дојка, или проблеми со вените, или било што друго што би се влошило при земање на естроген, не треба да јадете храна што го содржи во големи количини. А таква храна што содржи најмногу фитоестрогени е прво ЛЕНОТ, па СОЈАТА и производите од соја. За здраво слабеење треба избалансирано мени, спортување и движење и извесно трпение/време за да се видат ефектите. Нема магични решенија!
Јас при користење на истите производи имав едно многу лошо искуство. Ми беше дијагностицирано повреда на црниот дроб. Немам коментар. А пак да не коментирам за нивното толкување и пренасање на информации. Воопшто немам доверба веќе на било што и да видам од Herbalife , нити пак им верувам на нивните производи, исто така една колешка на работа ми кажа дека и многумина ги злоупотребуваат продуктите на Herbalife. Голема компанија како Herbalife не би требало да има вакви лоши искуства и незадоволни клиенти.
А вежбаш? Ако вежбаш и си под надзор на нутриционист или тренер кој има познавања околу стероидите тогаш играј си играчки. Ако не, не си играј играчки. Не е битно дали некој друг има искуство.
Здраво, ја разгледувам темата, гледам дека има поминато подолго време па сакам да те замолам да споделиш искуство. Благодарам.
Имам многу кг за симнување и сакам да го пробам шејкот, ми рекоа дека доручек и вечера треба да заменам со него а ручекот е било што. Го читав составот на нет но не се разбирам многу. Дали би се внесувале сите потребни нутритиенти или сепак да не ризикувам? Што содржи?
Па еве прочитај прво самиот што пиша. Ти рекле дека треба да замениш оброк со него. Значи ќе бидеш во калориски дефицит и затоа и ќе слабееш, а не затоа што шејкот е магичен. Направи си обичен шејк со млеко/вода и банана и обичен протеин, и ете ти ист ефект. Само 90% поефтино.
Здраво. Шејкот за слабеење веќе го добив, но прочитав коментар на една девојка овде која напошала дека е ризичен за оние кои имаат ризик од рак на дојка (јас имам семејна историја) поради честото внесување на фитоестроген. Дали би имало проблем една кутија ако испијам само која трае 1 месец? @Cosmic Girl ? Или некој друг ако знае?