Нема ништо да ти се деси. Фитоестрогени има и во морковот, јаболката, гравот и еден куп друга храна. Процесирана храна не е канцерогена сама по себе, ризикот од рак зависи од количината во која се конзумира (односно од количината на "канцерогените" елементи) односно целокупниот начин и стил на живот. Дека Хербалајф не вреди за парите е точно. Ама дека ќе добиеш рак затоа што си пиела еден месец - не.
Еве едно мое поинакво искуство со Хербалајф, во текот на бременоста накачив преголема килажа, после тоа симнав килограми, но не бев сеуште задоволна, пробав со нутриционист,вежби, кето диети, се и сешто… апсолутно НИКАКОВ резултат(привремен). Сосема неочекувано и случајно имав разговор со моја блиска пријателка за Хербалајф која и таа самата го користи и веќе е на повисоко ниво, 10кг ослабена и два конфекциски броеви☺️ решив да сослушам иако бев песимистички настоена поради претходните обиди но сосем спротивното се случи, станав член и јас, призводите ги купувам поевтино, заработувам, а замислете успеав да го сменам потполно начинот на живот со нивните шејкови и чаеви кои премногу ми помогнаа, ослабев и сеуште работам на мојата килажа.Но се чувствувам полна со енергија како никогаш до сега.☺️⚡️
Од храна и шејкови не се слабее. Од дефицит на калории се слабее. Купи си чај од Подравка од 40 денари ист ефект ќе имаш.
Сепак секој со свое искуство, имам се испобано а поготово тие поевтини варијанти. Поздрав и секое добро☺️
Јас користам шејк од Хербалајф и сум презадоволна Со правилно комбинирање на шејк и храна се прави резултат Јас конкретно за намалување килажа Бидејки со какви не диети сум пробувала не успевало, ама коа ќе решиш дека доста ти е малтретирање и имаш спремен оброк за минута, тоа е тоа Имало спас
Имаш придобивка доколку се користи мах 8 недели. Се почнува со 20 милиграми и секоја втора недела се покачува дозата за 10mlg се до 50mlg. Доза се покачува доколку немаш нус појави. Овај орален стероид метан поправо дианабол можи да го сузбие либидото,пад на енергија,лошо расположение,висок притисок,лош и висок холестерол,пад и кревање на инсулин. Дианаболот реагира на естрогенот и го крева така што ќе мораш да користиш заштита новладех за да недојди до таложење на вода,масти и недајбоже гинекомастија или таложење масни ткива низ телото. Пожелно е да се започни циклус со тестостерон ципионат или енатат 125mlg неделно па тек после 4 недели да додадеш анавар или метан. Исто така при користење на метан задолжително е користење на silymarin.
Хербата е многу скапа а не е ништо посебно, не држи и ситост многу после 1 саат пак ти се јаде. Млекото со кое ја правев ме држеше уствари а не хербата.
Хербалај е чист бизнис за одредени кои заработуваат, и јас го пробав и шејкот и алоеверата никаков ефект, слабееш од диетата што ќе ти ја каже менторката која ти го продава, и ако успеат да ти исперат мозок после тоа се толку досадни со тие нивни семинари
баш се како секта досадни и напорни, кога те убедуваат нивните производи се корисни за сите заболувања
Искрено нека земе некој Несквик со млеко и малку проетински прашак и ете ти Хербалајф.. Ама како ќе се перат пари ...
Нема ништо лошо во заменски оброк како Хербалајф прашакот. Има повеќе такви брендови на запад кои не се мултилевел туку најнормално си се продаваат во маркет. Проблемот е што Хербалајф е 3-4 пати поскап зошто многу раце провизија земаат. Инаку овој начин на исхрана е прилично ефикасен, однапред избројани калории со сите неопходни состојки. Штета што немаме некои брендови други кај нас на продажба